Брзината е значајна за македонската страна во преговорите, заради излезот од ќорсокакот во меѓународната позиција на земјата. Нималку не е пријатно да нема резултати наскоро ниту за дел од бриселската бирократија (пред се за Могерини и Хан) кои очекуваат на следните европски избори да добијат нова сатисфакција. НАТО сака да ги расчисти работите со рускиот притисок на Балканот исто така пред новата и можна ескалација на судирот меѓу велесилите. МОже ли Атина да оди со поспор чекор?
Македонската политика многу лесно може да се врзе за спороста во решавањето на тешките и конфликтни ситуаицја. Било да е тоа меѓуетничко прашање или блокада на институциите се тече во некаков сиеста стил, барем гледано од аспект на некој странски опсервер.
Брзината сепак пролетва е посебно значајна за македонската страна во преговорите, заради излезот од ќорсокакот во меѓународната позиција на земјата. Нималку не е пријатно да нема резултати во тој процес наскоро ниту за дел од бриселската бирократија (пред се за Могерини и Хан) која очекува на следните европски избори да добие нова сатисфакција. НАТО сака да ги расчисти работите со рускиот притисок на Балканот исто така пред новата и можна ескалација на судирот меѓу велесилите, особено на простор кој е преблизу со точката на речиси отворениот судир – Блискиот Исток!
ЛАНГЗАМ ПОЗИЦИЈА Дали Грција може да биде тој учесник во процесот кој ќе си дозволи лангзам позиција? На еден фрагмент од позицијата на нашиот јужен сосед потсети германската, да не речеме и европска канцеларка – Меркел, која го покажа и стапот и морковот за Атина. Во рамките на реформите кои Грција мора да ги направи за и натаму да ужива кредитни повластици ,таа мора да го реши спорот со името, бидејќи и следува награда во форма на одложување на пензиската реформа. А таа не е наивна повластица, бидејќи реформата значи кусење на сите пензии, во една земја чија социјална слика ја градат пред и над се токму пензиските примања?!
Имено, реформите значат спојување на различните фондови (како и кај нас и таму има повеќе пензиски фондови) а драстично намалување на издвојувања од буџетот во нив! Ова ќе значи намалување на износот на исплатените суми. Ципрас во една колумна за германски весник уште пред три години напиша дека грчките работници имаат подолг работен стаж од германските (!) и дека тоа е доказ дека добро си ги заработиле пензиите. Последниве учествуваат со 50 отсто во масата на евра потрошени во дневната потрошувачката (заедно со социјалната помош) што значи дека со пензиите едноставно се преживува – тие мора да се трошат бидејќи и онака се мали.
СТАТИСТИКА Нашиот јужен сосед има 2,62 милиони пензионери, од кои 1,32 милион пензионери земаат пензија од еден пензиски фонд, близу милион од два фонда а остатокот се оние кои земаат пензии од три фондови. Просечна пензија е 940 евра а од сите фондови секој први во месецот се одлеваат (исплатуваат) 2,3 милијарди евра. ЕУ бара Грција за пензиите во иднина да се плаќаат за 35 отсто помала маса на пари!
Рокот за овие чекори истекуваат наскоро, па на Ципрас никако не му е сеедно дали на следните избори – ама и претходно – да ги види незадоволните постари сограѓани на улицата. Меркел вели дека пензиската реформа би ја одложила за 6 месеци, барем колку да минат идните избори! Значи секој играч на масата во преговорите за името има некаков влог.
Минатата недела заврши еднодневната средба во Виена за разликата за спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот во спорот Метју Нимиц. Изјава даде само посредникот кој рече дека процесот продолжува во наредните недели. Самата средба имаше интензитет – таа траеше речиси четири часа, а Нимиц порача дека дискусијата била интензивна.
ПОСВЕТЕНОСТ „Двете страни се многу посветени на постигнување решение. Процесот ќе продолжи во наредните недели “ рече Нимиц.
Состанокот на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас почнал околу 15 часот, а засега не се знаат детали околу тоа што точно се разговарало.
Непосредно пред почетокот на средбата премиерот Зоран Заев на една прес конференција во Владата, на која дојјде без да биде најавен (поводот беше Програмата за вработување и меѓународната помош во тоа подрачје) и кој беше максималмно искористен за прашања главно надвор од темата на средбата (!), рече дека очекува исчекор, дека верува во двајцата министри, а и дека тој самиот е оптимист за решавање на прашањето.
Ако се земе предвид, пак, неговата изјава дадена претходно на „оТворениот брифинг“ со избрани новинари во паркот на Клубот на пратениците, кога брифираше и за спорот со името, истакна дека не е решен опсегот (веројатно на користењето на новото име – н.з) и не е решено името за меѓународна употреба”.
Изјавите од двете страни на границата не ретко се разликуваат и создаваат збунетост кај хроничарот на спорот. Според изјавите на официјалните претставници од Грција, од таму не се отстапува од барањето името да биде за целосна употреба, што пак подразбира и промена на Уставот. Коѕијас минатата недела нагласи дека идентитетот е прашање на самоопределување, за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите би стоело државјанин на името за кое што ќе постои договор. Тој категорично ја отфрли можноста за постигнување договор без промени на Уставот и ерга омнес.
ЕРГА ОМНЕС ПЛУС Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во изјавата објавена претходно и во Глобус, грчкото ерга омнес го нарече „ерга омнес плус“. Значи тоа атинско инсистирање оди понатаму од она што се подразбира во ерга омнес употреба – важи во меѓународни рамки, не се користи во внатрешна комуникација. Посака да имаме дипломатска умешност.
„И таму ако најдат решение со вградување на временска клаузула во договорот, тоа да не биде веднаш, туку при влегувањето на Македонија во Европската унија, кога ќе се отвора Уставот и така поради членот 118 кој значи директна примена на европското законодавство во правниот поредок, тој момент да се искористи и за насловот на Уставот, што мислам дека таквото решение е можно и реално да биде изведливо тука“, рече Фрчкоски.
На охридската средба на Димитров и Коѕијас, да ја наречеме сега претпоследна, која се случи на 12 април во Охрид се разговарало за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки. Виена инаку стана значајна дестинација на преговарачите бидејќи за еден кус период главниот град на Австрија стана полигон на преговарачки дуели меѓу Скопје и Атина
ИМА НАПРЕДОК На охридската рунда разговори и претходеше и состанок со посредникот Нимиц, исто така во Виена, по кој тој оцени дека има напредок, но и потешкотии кои треба да се надминат.
По овој најнов денешен состанок се очекува двајцата министри да се сретнат во Солун во почетокот на мај. Очекувањата и на премиерот Зоран Заев и на европската претставничка Федерика Могерини која во минатата недела беше во Скопје, се дека е можно решение на спорот до јуни, односно до самитот на Европската унија, на кој треба да се одлучува за датумот за почеток на преговорите за зачленување на Македонија. Хан дури беше и пооптимистичен и рече дека очекува решение за спорот за две недели! По ова се соочи со резерва од нашиот премиер и опомена од Атина да не ги забрзува работите. Но можеби еврокомесарот Хан пак знае малку повеќе за европскиот стап и морков кој треба да е овој пат насочен кон Атина?