Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВИЕ СТЕ ТУКА ДА ГИ КРИТИКУВАТЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ

September 10, 2018 Filed Under: Колумни

БИЛЈАНА СЕКУЛОВСКА

„Ласкањето го расипува и оној кој го прима и оној кој го упатува и додворувањето не им користи многу, ниту на обичните луѓе, ниту на кралевите”, ве потсетува Едмунд Берк, кој секогаш го препрочитуваме тогаш кога имаме дилеми- што со политичарите, како да ја сочуваме нашата слобода, нашите права, како да не ни одземат ништо од тоа што ни припаѓа

Немојте да ги воздигнувате, да ги обожувате, да им се восхитувате, да им се улизувате, да им ласкате, да ги величате политичарите, немојте да им се покорувате на политичарите. Токму за тоа гласаме на Референдумот за две недели- за европските, цивилизациски  вредности, длабоко вкоренети во старите демократии, за правата, слободите, против корупцијата, непотизмот, безвластието, неотчетноста, злоупотребите на политичарите.

Не верувајте во cѐ што ќе кажат политичарите, никогаш безрезервно, проверувајте, испитувајте, пронаоѓајте ги темните патишта по кои тие тргнале, мрачните мисли кои ги опседнале, бидете храбри и спротивставувајте им се тогаш, кога се сомневате во нив и нивните мотиви.  Никогаш немојте да се плашите од нивниот гнев, од нивниот студен поглед, од разочараноста која ќе ви ја соопштат, дека од вас се повредени, навредени, згрозени, тогаш кога им поставувате прашања и барате од нив одговори.

Колку и да заслужуваат политичарите да бидат славени, сакани, гласани, вие сте тука за поинакви, поголеми нешта.

„Вие сте тука да газите по главите на кралевите”- овој  автор ве повикува на притисоци врз главите на оние кои владеат, за никогаш да не заборават дека сте тука, подготвени да не им дадете ниту момент здив, ниту за миг мир, ниту малку слобода, тогаш кога сакаат да ја одземат вашата.

Вие сте тука да ги контролирате политичарите, да ги критикувате, да бидете нивен коректив, да ги преиспитувате, да ги соочувате, да ги испрашувате, да ги растресете. „Ласкањето го расипува и оној кој го прима и оној кој го упатува и додворувањето не им користи многу, ниту на обичните луѓе, ниту на кралевите”, ве потсетува Едмунд Берк, кој секогаш го препрочитуваме тогаш кога имаме дилеми- што со политичарите, како да ја сочуваме нашата слобода, нашите права, како да не ни одземат ништо од тоа што ни припаѓа.

Нивната самоувереност нека не ве плаши, спротивставете им се на нивната ароганција, понудете им аргументи, соочете ги со фактите, кажете им ја вистината, за нивната одговорност, отчетност, чест, принципи, морал, дека само со тие оружја се владее, тогаш кога се исправува владетелот, да им служи на оние кои го избрале.

Сите овие принципи, норми, поведенија на граѓаните и политичарите, нивните релации се устоличувани со векови во зрелите демократии, наспроти нашата тридецениска, премлада, кревка, кратка, нестабилна.

Токму за тоа гласаме на Референдумот за две недели. Да станеме поинакви, позрели, помудри, да ги искорениме старите, мрачни навики на груевизмот, да станеме подобри луѓе, затоа што тоа е можно и важно, пред се за нас, најмногу за нас.

 

Filed Under: Колумни

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet