Тамара Тодевска меѓу шесте Европејки од регионот кои прават промени.Ова го констатираше Европската служба за надворешна акција, насловена како „Европејки кои прават промени“ по повод Осми март, интрнационалниот ден на жената
„Тие пеат, освојуваат планини, брилираат во науката, се борат за човекови права… Ги поместуваат границите во секое поле и поттикнуваат други да го следат нивниот пример. Ги инспирираат новите генерации да работат за подобра Европа“ Ова е оценка на Европската служба за надворешна акција, насловена како „Европејки кои прават промени“.и е однесува на нашата Тамара Тодевска, една од шесте избранички по тој основ. Ова признание е важно за нас бидејќи првото настапување на голем натпоревар после промената на Уставот го имавме токму со нејиниот настап на Еросонгот, чин што беше бојкотиран и на разни начини омаловажуван од страна на она широка групација која на социјалните мрежи има прекар – вмрони. Тие не можеа да го смислат новиот, уставен термин – Северна Република Македонија.
Но токму Тамара Тодевска ја направи Северна Македонија горда освојувајќи најголем број гласови од жирито и завршувајќи на седмото место на ланскиот Евросонг. Со порака за зајакнување и рамноправност, нејзината песна Proud се издигна во симбол на европските аспирации на нејзината земја, стои во оценката за нашата музичка ѕвезда.
Европската служба за надворешна акција констатира дека Тамара и останатите пет жени кои се дел од кампањата имаат различни професии. Но нив ги поврзува талентот, силата, храброста, посветеноста и мотивираноста – да ги бранат човековите права, да ја штитат животната средина, да им даваат сила и да им помагаат на другите…
Во периодот кога се обележува Меѓународниот ден на жената, запознајте ги во срцето на Европа, во Западен Балкан. Погледнете како го работат она што го сакаат и што им значи. Видете како ги инспирираат новите генерации да работат за посилна, пообединета, порамноправна и просперитетна Европа, стои во објаснувањето на присуството на Тамара на таа листа на 6-те Еропејки за показ.
Во врска со оваа кампања, Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, напиша на неговиот блог дека приклучувањето кон ЕУ значи „градење ЕУ дома“.
– Успехот на нашите партнери во Западен Балкан во „градењето ЕУ дома“ не зависи само од работата на владите и институциите на ЕУ. Тоа е суштинско, но вистинскиот успех зависи од ангажираноста на луѓето во овие општества, од дејствата на граѓаните, кои го обликуваат општеството во кои тие и нивните деца може да имаат благосостојба, вели Борел. – Многупати сум рекол и ќе повторам сега: ЕУ не е целосна без Западен Балкан. За да биде ЕУ целосна и за да ја направиме посилна и попросперитетна, ни требаат луѓе како протагонистките во оваа кампања. Свесни сме за предизвиците во Западен Балкан и за трансформациите што треба да е случат за да се „изгради ЕУ дома“. Луѓето вклучени во оваа кампања се неопходни за овие трансформации, како и за да инспирираат други да се приклучат. Нивното знаење и придонес се неопходни за „градењето ЕУ“ во Западен Балкан. Нивните приказни ме потсетуваат на причините зошто патот на пристапување на Западен Балкан кон ЕУ е толку важен за сите нас во Европа. Процесот е во врска со луѓето и за луѓето. И овој процес мора да успее – за доброто на сите луѓе во Европа – напиша Борел.