Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВИКЕНДОВ ЗАЕВ ОСТАНА ОПТИМИСТ

June 4, 2018 Filed Under: Македонија

Јасно е дека ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македнија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО – истакна премиерот викендов

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

ВИКЕНД НА ОПТИМИЗАМ Заев викендов беше еден од ретките кој го одржувваше оптимизмот околу прашањето со името

Иако постои извесна разочараност кај оние кои ги подржуваат преговорите меѓу Македонија и Грција околу нашето име, сепак преовладува свеста дека и двете страни посакаа да не им стават во уста на своите домашни опозиционери нов материјал за „џвакање“ на нивните митинзи. Кај нас најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ мораше кај оваа тема да се задоволи со старите флоскули и да покаже дека не е кадарна да стори ништо по ова прашање, каде, заедно со својот претседател на државата Иванов само ќе се вкопува подлабоко во опструкциониот ров.

Во исто време Ципрас имаше викенд во кој требаше да се одржат 27 митинзи на оние кои „не го даваат името“. Секако, од истите причини  истиот мотив за неактивирање на можниот договор постоел и кај нив, кај грчката владина страна. Особено што со различен вокабулар излегоа министерот за надворешни работи Коѕијас, кој истакна дека договорот само што не е финиширан, додека портпаролот на Владата беше порезервиран. Како и да е телефоните останаа во мирување кај двајцата премиери, со тоа што Заев рече дека нема прекин на преговорите, туку има амо усогласување на технички детали.

Во меѓувреме, работите се менуваат и кај соседот, каде има значајна промена на јавното мислење во корист на решавање на проблемот (за тоа можете да прочитате во еден од текстовите што ви ги нудиме). Имаше и едно значајно интервју на Заев за едно белградско списание кое е наменето на дипломатите и воопшто странците во Белград кои се бават со политиката во регионот.

НАСЛОВНА СТРАНА Прeмиерот даде интервју за магазинот CorD – станува ли влезот во НАТО временски приоритет?

„Но, јасно е дека ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македнија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот CorD.

На прашањето дали промените на Западен Балкан го прават фактор на стабилност во регионот или е сe уште регион што продуцира кризи, Заев потенцирал дека Западен Балкан покажа оти може да има искрени, енергични и посветени политички раководства, кои сакаат, можат и знаат да проценат што е потребно за своите граѓани, но и пошироко и се подготвени, без калкулации, да ги постават државите на вистинскиот пат.

– Ако некогаш Западен Балкан бил цврст во своите погледи кон заедничката иднина, тоа е сега. И ова е многу важен момент. Ги препознавме потребите за меѓусебна поврзаност и соработка и и’ покажавме на Европа дека е цела, безбедна и стабилна само со целосна интеграција на сите држави што географски, историски, културно и припаѓаат. Сме фактор на стабилност на Европа, не на нестабилност, нема повеќе дилеми. За поздравување е што и Европа го препозна тоа и подаде раце кон Западен Балкан, истакнал премиерот.

На прашањето како ќе се усогласат поволните пораки од ЕУ за Република Македонија, особено по препораката за определување датум за преговори, со отвореното прашање за проблемот што Грција го има со името на нашата земја, премиерот Заев рекол дека со одлуката на ЕК за кристално јасна препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, се потврдија политиките на актуелната влада, со кои за само 10 месеци се откочени процеси кои беа длабоко заглавени поради неодговорното однесување на претходната власт и заради политичката криза.

– Очекувам 2018 година да донесе нови значајни позитивни промени во остварувањето на стратешките, евро-атлантски цели на државата и во квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија. Разговорите со Република Грција ги поставивме на пријателско и достоинствено ниво и моите очекувања се дека водат кон решение што носи добра иднина за граѓаните на Македонија и на Грција, но и на целиот регион, потенцирал Заев во интервјуто за магазинот CorD.

ПЕНТАГОН Американците се позапалени за решавање на проблемите на Балканот од раскараните Европејци

Фактот што Заев го потенцирал приемот во НАТО можеби може да се толкува дека можеби нема време за решавање на проблемот до крајот на јуни со Грција и дека тоа прашање се одложува а дека приоритет станува влезот во НАТО каде процедурите се полабави и каде главно протеже се јавува Вашингтон а не малку какофоничниот Брисел. Во секој случај во овој број донесуваме и анализи за ситуацијата на Балканот кон евроатланските и другите интеграции.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet