Комплетната екипа на НАТО Алијансата (НАК) била кај нас во 2003 година за да даде поддршка на земјава после потпишувањето на Охридскиот договор. Сега се доаѓа како поддршка на започнатиот проес на ратификација на претпристапниот договор со кој влегуваме во Алијансата и кој треба да заврши годинава

Она што новинарите колоквијално го нарекоа „централата“ на НАТО беше, согласно на најавата минатите денови (недела и понеделник) на посета на Скопје. Тука бешпе генералниот секретар Јенс Столтенберг, потоа и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се и амбасадорите на сите земји членки на алијансата во Брисел. Во рамки на посетата имаше заеднички состанок на НАК со Комитетот за интеграција во НАТО, со која претседаваше премиерот Зоран Заев. На состанокот се дискутираше за процесот на нашата интеграција и тоа беше финалната политичка потврда за нашето извесно идно членство.
Ова е втора посета на НАК. Првата била во 2003 година, предводена од тогашниот генерален секретар Лорд Робертсон, кога биле дојдени за да нè поддржат во обезбедување на стабилноста и сигурноста, како и за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

– Тие дојдоа дојдоа за да ставиме заеднички политички „печат“ за нашето полноправно членство во НАТО, вели Дане Талески, посебен советник за надворешни работи на премиерот.
Тој очекува процесот на ратификација на Протоколот за полноправно членство да заврши до крајот на годината, при што последната ратификација ќе биде во нашето Собрание.
– Досега Протоколот за наше членство во НАТО го имаат ратификувано 13 земји членки. Тоа се безмалку половина од вкупно 29 земји членки. Знаеме дека процедурата е започната и во сите други земји членки. Реално е да очекуваме дека целата постапка ќе заврши до крајот на годината. Се надеваме дека за самитот на НАТО во декември, на кој се одбележува 70-годишнината од основањето на НАТО, ние ќе учествуваме како 30. земја членка. Тоа ќе даде дополнителна симболика и вредност на самитот. Но, и ако не се случи тоа, ако постапката на наше полноправно зачленување се заврши на почетокот од 2020, и тоа ќе биде сосема во ред, односно тоа нема да има никакво суштинско значење, вели Талески.

Дане Талески е еден од првите млди сили меѓу наичната елита кои се раѓаа во почетокот на милениумот кај нас. Тој докторираше на политички науки на Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимптешта. Ко-автор е на две книги поврзани со процесот на ЕУ интеграции и регионална соработка. Неговите трудови се објавени во Democratization, Ethnopolitics, Suedosteuropa и New Balkan Politics, и како поглавја во повеќе книги. Во 2014 година, тој доби Civil Society Scholar Award од Институтот Отворено oпштество од Њуjорк. Од октомври 2015 е визитинг истражувач на Центарот за југоисточно европски студии на универзитетот во Грац, а од март 2016 година е истражувач i на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Ријека.