Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВИКТОР ФРИДМЕН: ПОСТОИ БУГАРСКИ ЈАЗИЛЧЕН ИМПЕРИЈАЛИЗАМ

December 24, 2019 Filed Under: Македонија

Пораката од највисоката научна институција во соседната земја дојде како реакција на Повелбата за македонскиот јазик што на 3 декември ја усвои Собранието на МАНУ. Зошто БАН реагира на овој начин за „360 степени“ зборуваше академик Виктор Фридман, светски признат лингвист и славист

РАЗЛИКИ Разликите меѓу македонскиот и бугарскиот јазик се на секое лингвистичко ниво – фонологија, морфологија, синтакса, семантика…

Ставот на Бугарската академија на науките дека официјалниот јазик во Република Северна Македонија е писмено регионална норма на бугарскиот јазик продолжува да ги бранува релациите меѓу Скопје и Софија. Пораката од највисоката научна институција во соседната земја дојде како реакција на Повелбата за македонскиот јазик што на 3 декември ја усвои Собранието на МАНУ. Зошто БАН реагира на овој начин за „360 степени“ зборуваше академик Виктор Фридман, светски признат лингвист и славист.

„Тоа е стара приказна. Во 1979 година ја направија истата работа, а во 1999 година, кога за првпат го признаа македонскиот јазик, го признаа само литературниот јазик, значи ова е истата работа што ја повторуваат. Самата повелба беше за да каже дека македонскиот јазик постоел и постои со сите негови дијалекти, а тоа беше заради Преспанскиот договор кадешто не беше јасно како ќе се третираат егејските дијалекти на македонскиот јазик, што Бугарите сакаат сите да бидат бугарски. Ние сме во 30-тите години кога Бугарија сака иредентизам. Тоа е, за жал“,вели Фридман.

СИТЕ СЕ РАЗБИРААТ Скандинавицте сите меѓу себе се разбираат ама не спорат дека имаат различни јазици

Тој вели дека нема никаква основа за ваквиот став.

„Тоа би било како Данците да кажат дека Норвежаните зборуваат на писмена норма на данскиот јазик, или Швеѓаните да кажат дека норвешки е писмена форма на шведскиот јазик. Нема врска. Македонскиот јазик е цврсто врзан со западните говори, со елементи од источните говори, исто така од другите говори. Тоа е како јазичен империјализам и не само спрема Македонија, туку Бугарите ја сакаат цела источна Србија во нивните атласи. Па Косово, дел од Албанија итн“, вели Фридман.

Тој вели дека треба да се држи до европските принципи дека секоја држава има право на свои јазици и вели дека ова е нашироко прифатено од светската научна лингвистичка мисла.

ПРИСВОЈУВАЊЕ Бугарите преку јазикот ја присвојуваат и Источна Србија, Косово, делови од Албанија

„Разликите меѓу македонскиот и бугарскиот јазик се на секое лингвистичко ниво – фонологија, морфологија, синтакса, семантика, било што. Има разлики меѓу бугарски и македонски јазик, дури и моите пријатели кои многу добро разбираат бугарски јазик, кога слушаат македонски ќе ми кажат – абе Виктор, ова е друг јазик, не го разбирам. Има доста разлики меѓу македонски и бугарски. Човек на кого македонски или бугарски не му се мајчин јазик, ако го знае едниот јазик, нема да го разбира другиот“, вели Фридман.

Тој го споредува ова со скандинавските јазици, каде луѓето можат едни со други да се разберат, но никој не спори дали се работи за различни јазици.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet