Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВИЛИ ИЗГРАДЕНИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ А ВО ЦЕНТАР НА СКАНДАЛОТ – ФИЦО

February 3, 2026 Filed Under: Свет

Аферата „Хациенда“, која ја потресува Словачка го алармира и Брисел, бидејќи во прашање се пари на Унијата. Како и повеќето суверенисти и Фицо е наклонет само кон парите на заедниците во кои опстојува а истите се користат за трансфер во приватни раце. А на изборите победува „штедејќи“ ги  парите дадени цво обртна насока

НЕ БАШ ОБИЧЕН ЛУКСУЗ Ова е надворешен изглед на вилата Амонра, која место мал хотел станала – приватна сопственост

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Десетици приватни вили, блиски до владеачката екипа во Словачка, биле финансирани со европски средства, започнат како поддршкана на политиката на одржлив туризам во руралните средини. Таканаречениот скандал „Хациенда“ во миготја става Братислава под притисок.

„Вака изгледа корупцијата во Словачка“ – коментира германскиот европратеник Даниел Фројнд од Зелената партија по повод откритијата, наречени од словачките медиуми „афера Хациенда“. Во својата видео објава на социјалните мрежи, тој рече дека таканаречените пансиони, наманети за одмор на туисти, финансирани со пари од ЕК, станале приватни вили на лица блиски на премиерот. Десетици вакви вили никнале низ цела Словачка, рече тој.

Еден од овие имоти е „Вила Амонра“ – веќе што требал да биде турисстички објект во предградието на Братислава. Но, таму нема рецепција, но има базен во градината, скриен зад висока ограда. Луксузниот имот име е фактички приватна сопственост на  претприемач на зафатите со вилите, инаку вклучен на листата на локалните избори како кандидат од партијата на премиерот Роберт Фицо, пишува германскиот јавен медиум АРД.

Корисниците се поврзани со Фицо

Близу 200.000 евра од Брисел отишле во споменатиот објект. Во замена за ова, куќата требало да сместуваат гости најмалку пет години, објаснува Ксенија Макарова од словачката фондација „Сопрете ја корупцијата“. Сепак, според нејзините анализи, „Вила Амонра“ никогаш не била изнајмена од гости, што го потврдуваат и локалните жители. Сопственикот не плаќал ниту туристичката такса.

„Праксата покажува дека средствата, кои всушност биле наменети за промоција на туризмот во руралните средини, всушност отидоа за изградба на едносемејни куќи и вили за приватни лица. И многу често овие корисници се поврзани со владејачката партија „Смер“ и Роберт Фицо“, рекла Макарова, цитирана од АРД.

Фондацита за борба против корупцијата поднесе жалби во Словачка и Брисел. Како резултат на тоа, во средината на јануари, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) отвори истрага во Словачка, а случајот го презеде и Европското јавно обвинителство.

Околу половина од вилите под истрага

Програмата за поттикнување на руралниот туризам започна пред десет години, кога земјата ја водеше тогашниот националист Роберт Фицо. Денес тој е повторно на власт. Во тој период, околу 150 „пансиони“ биле искористени од програмата. Околу половина од нив моментално се истражуваат, истакнува и ARD, повикувајќи се на информации во словачките медиуми.

Министерот за земјоделство, Рихард Такач, од партијата на Фицо, зборува за изолирани случаи: „Секогаш има црни овци. Секако, треба да формулираме упатства со цел да се минимизира можноста за злоупотреба. Работиме на ова прашање“, уверува тој.

ИНИЦИЈАТОР Даниел Фројнд од германските Зелени се издвојува како доследен критичар на политиките на Фицо

Луѓето од Унијата ја плаќаат корупцијата

Сепак, Зузана Субова тврди дека аферата „Хациенда“ е дел од долгорочна организирана измама со пари од ЕК. Со години таа го следела одделот за борба против корупцијата на агенцијата што дистрибуира европски земјоделски субвенции во Словачка.

„Секој граѓанин на ЕУ ги финансира луксузните вили на корумпирани политичари и претприемачи. Германија плаќа најмногу во буџетот на ЕУ. Следствено, Германците најмногу придонесуваат за субвенционираните имиња на олигарсите во Словачка“, рече Субова.

Таа се надева дека ЕК ќе изврши притисок и ќе ја замрзне финансиската помош, бидејќи истрагите во Словачка често пати не даваат резултати, а за жал, кога кон оние кои се обидуваат да ја откријат вистината, често се користат мерки за заплашување.

Субова била често приведувана: непосредно пред сослушувањето и во Брисел, истражителите во Братислава вршеле истрага на нејзиниот стан, без да откријат ништо лошо. ARD појаснува дека активистката не се плаши од конкретни мерки против неа.

Роберт Фицо (60) како млад бил член на Комунистичката партија на Словачка, која после транзицијартта прифатила социјал-демократска програма. Станал премиер од 2006 до 2010, па потоа и од 2012 до 2018 година. на власт се врати во 2023. Важи за популистички премиер кој има најдолг премиерски стаж во историјата на Словачка. Голем одек имаше еден настан во кој за малку ќе настрадаше – на 15 мај 2024 беше ранет „при обид за атентат“, по еден политички митинг.

Тој и неговата партија Смер (Насока), коај ја основа во 1999 година, најчесто ја опишуваат како леви популисти, иако го споредуваат и со десничарски политичари како унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан. Секако дека се дел од едно посебно крило во рамки на Унијата ама и во НАТО, чии проруски ставови се видливи од Месечината. Заедно со Орбан работат на тоа да добиваат руска нафта а воедно и ја прекинуваат помошта за Украина.

Инаку неговата кариера е повеќе од контраверзна – Фицо работел во словачкото Министерство за правда. Од 1994 година ја претставувал Словачка пред Европската комисија за човекови права, а потоа и пред Европскиот суд за човекови права. Но кога беше осомничен за убиство на новинарот Јан Куцијак предизвика големо внимание и сигурно веќе за него не можеше да се зборува како за било каков приврзеник на човековите права. Убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Кушнирова кон крајот на февруари 2018 година конечно го принуди да се повлече од премиерската функција. Куцијак се обидел да ги открие активностите на италијанската мафија во источна Словачка. По неговото истражување се појавиле сомнежи за поврзаноста на мафијата со државните структури.

Убиството предизвика серија демонстрации низ Словачка, каде граѓаните побараа политичка одговорност од кабинетот на Фицо. Словаците кои живеат во странство исто така демонстрираа, вклучително и во Прага. Покрај демонстрантите, оставка од Фицо побара и словачката опозиција, а на промена на власта повика и тогашниот  претседател Андреј Киска.

Но, тој неколку недели ги одбиваше овие повици иту оставката на неговиот најблизок соработник Роберт Калињак од функцијата министер за внатрешни работи не му помогна да остане на премиерската функција.

КСЕНИЈА МАКАРОВА Активистка која доследно бори против корупцијата ама иза одбрана на новинарските слободи во своите земји

На 14 март 2018 година Фицо даде оставка. Сепак, тој одби да распише нови избори, наместо тоа бара постојната коалиција да продолжи да владее до регуларни избори. Следниот ден, претседателот Киска го назначи Петр Пелегрини, вториот најмоќен член на Смер, за премиер.

Фицо како и сите денешни контраверзни политишари својата вистинска природа ја покажал и за време на пандемијата на корона вирусот, Фицо тогаш остро се спротивстави на вакцинацијата, која ја нарече фармацевтска измислица. Тој исто така одбил да носи маска за лице и користел пластичен штит. Во тоа време тој врќер отворено покажува антизападна политичка определба што ја покажал во текот на организираните протести против мерките за борба со ковидот.  Неговиот став кон смртоносниот вирус се базираше на негова тривијализација (како што правеше Трамп во првиот мандат или да речеме во стартот на епидемијата српскиот претседател Вучиќ). Поради тоа, словачките членови на Европскиот парламент жестоко го критикуваа. Таа негова леснотија стана депласирана кога се откри дека тој бил заразен од вирусот додека бил на одмор на Крит. Дури и се онесвестил и бил хоспитализиран.

Полицијата инаку го има приведено Фицо поради кршење на правилата за карантин и забрана за собири со организирање на антивладин протест во Братислава. По неколку часа бил пуштен, а полицијата подоцна се откажала од потера (!).

Меѓутоа, во 2022 година повторно беше обвинет, овој пат за основање криминална група. Обвинението треба да се однесува на случајот Чистилиште, односно за користење на полицијата од група околу бизнисменот Норберт Бедор, при што се поврзувала и негова помош,

На крајот на 2020 година полицијата уапсила поранешни високи полициски функционери а по две години истѕрага, на крајот на 2022 година обвинителството се откажа од гонењето на Фицо.

БРИСЕЛ ОТВОРА ПОСТАПКА Зузана Субова дава изјава во Европскиот парламент – лусузните вили се градени со европски пари

Откако мина 5 години на власт Фици победи на изборите со ветување дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина во борбата против руската инвазија, тврдејќи дека НАТО и САД ја испровоцирале Москва да ја започне војната. Неговата влада веднаш ја прекина испораката на оружје за Украина.

Враќањето на Фиц на власт предизвика загриженост кај неговите критичари дека тој и неговата партија – долго време потресена од скандали – ќе ја оддалечат Словачка од нејзиниот прозападен курс.

Тој вети дека ќе води „суверена“ надворешна политика, зазеде остар став против миграцијата и невладините организации и води кампања против правата на ЛГБТ. Воедно презеде мерки – одново – за остра контрола на медиумите во неговата земја.

И сега се покажува дека сите тие „суверенисти“ во Унијата и НАТОП гледаат само извори на користење на средства кои служат за богатење на врвот на власта.

Filed Under: Свет

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet