Овој висок функционер вели дека верува во Уставот и демократските институции и покрај што е тешка ситуацијата за опозицијата во Србија не им препорачува бојкот на изборите
ИВАНА КОСТАДИНОВИЌ
Извршниот потпретседател на Атланскиот совет Дејмон Вилсон, рече по повод испораката на руски тенкови на Србија, дека земјата која оди во ЕУ не треба да прима оружје од Москва. На прашање на Глсот на Америка дали Србија со ова праќа некои сигнали кон Зашадот и како ја гледа набавката на оружје, Вилсон одговори дека во тоа гледа нешто штетно и неодговорно. Ова е обид да се ослаби нормализацијата. „Патот кон ЕУ е низ нормализација на односите со Косово а не некое руско оружје, особено преку оружје од Москва. Тоа се контраверзни односи – изјави Дејмон Вилсон..
Коментирајќија изјавата на Метју Палмер, заменикот на помошникот на државниот секретар на САД за Гласот на Америка, кој рече дека се надева дека српската опозиција нема да ги бојкотира изборите, Вилсон рече дека верува во Уставот и демократските институции. „Ако сте српска опозиција е тешко и јас тоа го сважам, го разбирам. Не мисе допаѓа медиумската состојба во Србија и затоа разговарам со вас од Гласот на Америка, вие одлично ја обавувате својата работа. Бидјеќи во Србија е многумислења., наведува Вилсон. Тој забележува дека посои тренд на бојкот и оспорување на легитимитетот на парламентот на Балканот. „Силно имам разбирање за тешките услови во кои работи опозицијата, тоа не е лесна задача. Истовремено тие мора д абидат на теренот, да разговараат со луѓето, што ги мачи, какви решенија им нуидат, да влезат во трката и да ги подобрат демократските процеси. Знам дека тоа не е едноставно, но ме загрижува кога некој само вели: „Нема д аулчествуваме“. Каде ја води тоа земјата? Тоа н е башоптимистично, коа на теренот гледате само гласови за една партија и за една сила“ – вели Вилсон за Гласот на Америка.
Инаку Лани во април во Охрид македонската влада и поранешниот генерален секретар на НАТО, Лиринг Џорџ Робертсон ја формираа неформална група Охрид, која ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот пат кон интеграција во НАТО и ЕУ.
Групата Охрид е создадена од членови со импресивен бекграунд, со различна политичка припадност: поранешните секретари Џорџ Роберстон и Хавиер Солана, поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, поранешниот шведски премиер и претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Карл Билд, сер Кристофер Гајт и истакнатите дипломати Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак.
Меѓу другото тие имаа за цел да го помогнат влзот на земјава во НТО и ЕУ. Присутните, меѓунив и Вилсон, нгласија дека ќе бидат советници на нашите министри и на Владата а ќе бидат достапни и за опозицијата..
– Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност – рекоа тогаш од групата Охрид.