Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВИН-ВИН СИТУАЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ВО БРИСЕЛ

March 31, 2020 Filed Under: Македонија

Лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката за преговори со Македонија. Комесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер изрази задоволство од одлуката и порача дека овој потег „испраќа гласна и јасна порака до Западниот Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“.

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

ПРЕД ВЛАДА До нашпет знаме сега се вее и европското, заради потврениот преговарачки статус

Лидерите на Европската унија кои во чтвртокот, на 26 март доцна вечерва одржаа самит преку видеолинија, ја потврдија одлуката за започнување преговори со Македонија. Ова го објави еврокомесарот Оливер Вархеи, оценувајќи дека лидерите го потврдиле на највисоко ниво новиот пристап кон проширувањето.

„Ние ја почнуваме нашата работа околу преговарачката рамка, додека реформите во двете земји продолжуваат. Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ“, порача еврокомесарот по самитот на лидерите на Унијата, кој главно беше посветен на помошта за справување со корона вирусот.

„Добри вести во овие мрачни времиња“, порача германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот на Твитер, нарекувајќи ја одлуката „вин-вин“ за ЕУ и за Западниот Балкан. „Честитки за Тирана и Скопје, го заслужија ова“, напиша Рот.

Европската комисија веќе подолго време смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите, но отпорот на некои земји -членки како Франција,  Холандија и Данска, досега го блокираше консензусот.

Комесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер изрази задоволство од одлуката и порача дека овој потег „испраќа гласна и јасна порака до Западниот Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“.

Македонскиот премиер Оливер Спасовски попладнево ја поздрави одлуката, оценувајќи дека се работи за „убава вест во исклучително тежок момент“. „Без договорот од Преспа и договорот со Бугарија овој денешен успех немаше да биде можен“, порача Спасовски во обраќање на прес-конференција заедно со вицепремиерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што кажа и Рот пред почетокот на денешниот состанок „ова е почеток на долг и напорен пат“. Датумот за почеток на преговорите дополнително ќе се утврди, но за Северна Македонија, за разлика од Албанија, нема никакви дополнителни услови.

Првата меѓувладина конференција ќе биде одржана веднаш по утврдувањето на преговарачката рамка, рече министерот Димитров.
„Бидете горди дека денес остваривме дел од заветот на нашите баби и дедовци, и отворивме нова перспектива за идните генерации“, рече Димитров.

Претходно министрите за надворешни работи на ЕУ очекувано ги одобрат заклучоците донесени на амбасадорско ниво (КОРЕПЕР), со кои е дадено зелено светло Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ ги усогласиле деталите околу препораката ЕУ да отвори преговори со двете земји, наводно без дополнителни услови за Македонија, но не и за Албанија, а според дипломати, таа разлика се должела на ставовите на земјите членки.

УСЛОВИ: Македонија влегува во преговирите без услови, но не и Албанија

Според агенцијата Ројтерс, но и домашните медиуми кои имале увид во заклучоците, КОРЕПЕР препорачал „првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо“.

„Во светло на напредокот постигнат во реформите и исполнувањето на условите поставени од Советот во јуни 2018 година, со усвојување на препораките на Европскиот совет, Советот одлучи да отвори преговори со Северна Македонија.  Првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо, откако Советот ќе ја усвои преговарачката рамка. Советот ја повикува Комисијата да продолжи да го мониторира напредокот и услогласувањето во сите области од условите идентификувани од Советот во јуни 2018 година“, се вели во заклучоците на КОРЕПЕР.

Во оваа прилика САД ќе останат цврст партнер на Северна Македонија и Албанија, како што двете Влади ги преземаат потребните реформи за зацврстување на владеење на правото, унапредување на антикорупциските напори, развој на економиите, и борбата против организираниот криминал, соопшти државниот секретар на САД Мајк Помпео, поздравувајќи ја одлуката на Европската Унија за отворање пристапни преговори.

НА НОВА ФОРМА Гласањето е извршено преку видео врска

„Очекуваме да го продлабочиме нашето партнерство со Албанија и со Северна Македонија, како што ги почнуваат следните чекори на нивниот пат кон Западот“, изјави Помпео, нагласувајќи дека одлуката уште повеќе ја зацврстува европската иднина на двете држави.

„Исто така, го нагласува значењето на историскиот Договор од Преспа, кој ѝ дозволува на Северна Македонија да ги унапреди нејзините цели кон Европската Унија и Трансатлaнтската заедница“, рече Помпео.

Тој истакна дека двете држави мора да останат посветени на реформските агенди, и оти САД ќе ја продолжат нивната безрезервна поддршка на нивните напори во оваа насока.

ПОМПЕО И ПЕНДАРОВСКИ САД ја поздравуваат нашата нова позиција во Унијата

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet