Местата резервирани за Александар Вучиќ и Хашим Тачи не се „грешка во протоколот”, со што францускиот амбасадор во Србија, Фредерик Мондолин му се извини на Вучиќ и на српскиот народ, туку е најдобар показател за комплетен недостаток на чувствителност на протоколот и на француски претседател кон односите, ривалствата во постјугословенскиот простор, оптоварен со бескрупулозните пресметки
АНДРЕЈ ИВАЊИ
Во судир со Вашингтон и Москва, соочена со Брегзитот и јакнењето на европската екстремна десница, растргана со спротивставени интереси на стопански стабилниот север презадолжениот југ, изморена со дфинансиската и емигрантска криза, Еропската унија се наоѓа на пресвртница. Додека Западот ја слави стогодишницата од завршувањето на Првата светска војна, и тоа го става во контекст на загрижувачкиот историски миг, ние се бавиме со распоредот на седење и кој му посветил повеќе минути на Тачи и Вучиќ и колку имало срдечен разговор.
Не е неопходно да се губат зборови за улогата на Србија во Првата светска војна и нејзините жртви. На секој претседател на Србија сигурно ќе му биде место во првиот ред на крајот од прославата на стогодишнината од Првата светска војна, некаде лево или десно од Емануела Mакрон, Ангела Меркел, Владимир Путин и Доналд Трамп – доколку домаќинот одлучи традиционално да стави акцент на историјата и историскиот настан.
Но, тоа не беше сега случај. Макрон, кој има амбиција да биде новиот лидер на Европската унија, акцентот го стави на актуелниот политички момент и така се прилагоди на моменталниот распоред на централната прослава. Нам може да ни се допане или не, но тој имаше право како домаќин.
Гледано од овој агол, местата резервирани за Александар Вучиќ и Хашим Тачи не се „грешка во протоколот”, со што францускиот амбасадор во Србија, Фредерик Мондолин му се извини на Вучиќ и на српскиот народ, туку е најдобар показател за комплетен недостаток на чувствителност на протоколот и на француски претседател кон односите, ривалствата во постјугословенскиот простор, оптоварен со бескрупулозните пресметки. Во најлош случај на сценарио за Србија, истакнатата позиција на Тачи во распоредот за седење е сигнал кој во спорот меѓу Белград и Приштина ја има поддршката од Макрон.
Како и да е, тука нема „грешка кога некој одлучил на претседателот „на лажната држава Косово“ од разни причини да му подобра карта за седење. Ако и нему му далњ ити карти за седење како и на Вучиќ, или оној до него – Австријанецот Александар ван дер Белен, веројатно тој без негодување ќе си седел таму.
Вака Вучиќ неколку часа мораше да го гледа Тачи во ВИП ложата, како се перчи зад грбот на Путин и како се ракува со него. Српскиот претседател рече дека „се сомнева дека такво нешто се случило таму”, но „за тоа не може да зборува во јавноста”, и додаде: „можете да мислите што некој мислел кога Тачи подал рака од зад Путин” Тој, исто така, објасни дека Тачи ги положил рацете на Путиновиот грб, и тоа дека кога Путин сфатил кој е тој човек било предоцна и веднаш се свртел на другата страна.
Со ранетата суета и вознемиреност како тоа ќе одекне во Србија и во соседството, Вучиќ во Париз го направи единственото нешто што можеше да направи: тој голташе кнедли чекавше да си оди, затоа што, како што вели, таму ниту има место, ниту време за да се прави вистински скандал.
За тоа кој е посилен тој мораше да се рехабилитира на домашната сцена каде имаше политичка штета, бидејќи тоа е тој кој во очите на српската јавност како државник, со отворени раце ги пречекува пријателите и партнерите од Брисел, Берлин, Вашингтон и Париз, но на светската политичка сцена во Париз беше сместен во понижувачко позиција: претседателот на Србија е маргинализирани во однос на држава чиј претседател во 1918 година не постоела и претседател на ржава која од српска гледна точка се уште не постои – Косово, ноп тие седат рамо до рамо со светските лидери. Намерно или несвесно, резултатот е ист.
Вучиќ рече дека Хашим Тачи бил во „најдобра позиција од сите државници од регионот”; тоа ќе можел се уште да го разбере дека се работи за седишта распоредени по азбучен ред, што и дало место на хрватската претседателка, „иако нејзината земја била во војната на другата страна”, но видел дека со него седи австрискиот претседател како и оној од Латвија, што значи дека абецедата не е во прашање.
Тогаш Тачи на телевизија ги постави своите фотографии со Путин и Трамп и напиша нешто во стил на големи разговори, поддршка и разбирање за него и за Косово.
Српскиот претседател објасни дека ова всушност не е начинот на кој тоа изгледа. „Ако ме прашате дали е тоа моменталната врска на силите, тоа не е”, рече Вучиќ, додавајќи дека „Тачи може да го брка Путин колку што сака”, но дека нема да го добие, односно нема да добие поддршка „за ништо со она што Србија не се согласува “. Како и дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе дојде во Белград, а тој, Вучиќ, се сомнева дека ќе оди во Приштина. „И претседателот на Русија ќе дојде во Белград и нема да оди во Приштина”. Ангела Меркел повторно ќе се врати во Белград и не сум сигурен дека ќе дојде во Приштина во исто време, погледнете ги нивоата на инвестиции и сé друго “, објасни Вучиќ како Србија е посилна и поуспешна од привремените власти во Приштина.
И со Доналд Трамп зборувал два пати: „Тој рече дека Србите се голем народ и јас претставуваат голем народ, јас сум горд, бидејќи покрај Путин, тој беше најголемата ѕвезда Ова беше речено пред дваесет и пет луѓе…”
ПОД РАДАРОТ: Во текот на овие расправии, Тачиевото ликување и неодобрувањето на Вучиќ во докажувањето кој е позначаен, ретко кој на Запад го забележи на местото на настанот, каде Мскрон и Меркел со здивот на екстремната десница на грбот, по кој знае кој пат ги миреа Французите и Германците и работеа на реформите на Европската унија кој се распукува по шевовите, која мора да се справи со Владимир Путин и Доналд Трамп, додека се анализираше нивниот говорот на телото, секој израз на лицето и тоа зошто Путин го подигна палецот по ракувањето со нив.
Само Ангела Меркел покажа особен интерес во Вучиќ, се сретна со него еден ден потоа, иако немавме детали од разговорот кој бил изведен.