Ниту Кина не е толку успешна во битката со корона вирусот, но тоа го призна под притисок на светката јавност. Русија долго тврдеше дека има минимален број на заболени се до почетокот на април, кога воведе екстремни вонредни мерки и влезе во кругот на 10-те ржави со најголем број на заболени
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Демократијата можеби е најлош облик на владеење, освен можеби сите други, како што своевремено изјавил Винстон Черчил. Гледано од тој аспект можеби земјите со демократска структура имаа проблеми да започнат некои поголеми акции и промени, особено во сопственото организирање за дејствување во вонредни услови, бидејќи, секогаш постои оној политички инстинкт за пазење на евентуално загрозување на слободите на граѓаните. Во тој контекст треба да се гледа и на можноста некои земји да покажуваат „егоизам“ кога се работи за вклучување на механизмите за одбрана од агресија, во случајот на одбрана од невидлив непријател како шѓто е ковид-19, потоа и во покажување на солидарност кон другите земји на планетата, но оценките за тоа што сторила или оценила една земја треба да се дадат во одреден подолг временски период и врз основа на хармонијата на постапките на конкретна земја со она што значи демократска процедура.
Оттаму, во вакви ситуации многу им е полесно на оние земји каде работите се решаваат со климнување со главата на лидерот (како и да се нарекува таа функција) или со покажување со рака на правецот каде треба а се движат работите во земјата и како тие да се прикажуват навнатре и нанадвор. Кризите као овој со вирусот го создаваат стравот а стравот бара „цврста рака“, тоа се покажало многупати. Има земји кои не треба да ја измислуваат „цвстата рака“.
МОСКВА ГО БРАНИ ПЕКИНГ Повод за ова размислување е објавеиот текст во српскиот „Спутњик“, испостава на попширока пропагандна мрежа на Кремл во светот под наслов „Русија: Америка пропагира ѕверски егоизам во време на пандемија“ (https://rs-lat.sputniknews.com/rusija/202004201122391755-rusija-amerika-propagira-zverski-egoizam-u-vreme-pandemije-/).
Поводот за овој текст без потпис, кој по својата форма наликува на редакциски коментар, се однесува на најавата на Вашингтон дека ќе ја тужи Кина заради корона вирусот, а изразот „ѕверски егоизам“ е користен од претседателот на Комитетот за меѓународни односи на руската Дума (Парламентот) – Леонид Слуцки.
„САД продолжуваат да пропагираат ѕверски егоизам во време на пандемија на вирусот корона. Штом кривата на заболувањето се стабилизираше тие започнаа да говорат за можна одговорност или дури и за казнување на Кина за избивање на ковид 19“.
Факт е дека многу земји, а не само САД говорат во таа насока (на пример и Австралија, па Јапонија и други), ама конечно се работи за болест која „го сврте светот наопаку“, најголем дел од земјите се изложени и на игрмни човечки жртви, на исцрпување на многу сектори ама и на деструкција на стопанството и влегување во тешки кредитни облигации, за да ги спасат јавните финансии и егзистенцијата на граѓаните! Да споменеме дека во САД досега од корона вирусот умреле повеќе од 50.000 луѓе. Тоа е многу повеќе од бројот на загинатите во корејската војна (35 илјади војници) а во виетнамската војна загинаа 58 илјади припадници на воените сили на САД. Многу е веројатно дека, како што покажува смртоносната спирала на ковид-19, оваа бројка ќе биде надмината, тврди CNN (https://press24.mk/povekje-amerikanci-kje-umrat-od-koronavirus-otkolku-od-vietnamskata-vojna). Една земја со толку многу жртви не може да остане равнодушна кон фактот дека е турната во огромна несреќа и има право да се сомнева во тоа како и зошто настанала епидемијата, особено ако има озборувања дека болеста можеби настанала во некаква лабораторија. Судирот меѓу САД и СЗО настана во мигот кога втората страна во овој судир одмавна со раката (не треба да се спорат и аргументите на оваа организација, која настојува да остане актуелна концентрацијата кон битката со заразата) иако сме сведоци дека Кина на пример, што е многу важно за димензијата на кризата од правен аспект (https://360stepeni.mk/kina-odbi-da-dozvoli-megunarodni-inspektori-da-vlezat-vo-nivnite- laboratorii/?fbclid=IwAR0mZ6s7vMYPkH5Y738P_Iy1A3h92i2hSxRG2rwzr9DxdvQV7iNDiQ9t-7w) одбива да прими за увид меѓународна експертска група. Инаку, ова е точката на спорот меѓу Белата куќа и Пекинг која лежи и во основот на коментарот на „Спутњик“ од другата страна.
КАКО КОРЕЈСКАТА И ВИТНБАМСКАТА ВОЈНА ЗАЕДНО Сигурно дека прашањето за изворот на заразата секако ниту малку не е наивна работа, бидејќи, за најголем дел од светот ситуацијата е влез во долгорочна и непредвидлива економска деструкција! На претходниот американски претсдател Обама му беа потребни речиси два мандати да ја симне невработеноста во земјата за 9 отсто и да ја направи поднослива а сега за неколку недели економијата во најмоќната земја е симната со бројот на вработените за исто толкав процент?!
Според проценките на „Блумберг“ (пренесени во https://kapital.mk/koronavirusot-mozhe-da-ja-chini-svetskata-ekonomija-2-700-milijardi-dolari-2/). „економската криза би можела да предизвика рецесии во САД, еврозоната и Јапонија, најбавен раст досега во Кина, и вкупно околу 2.700 милијарди долари загуба за светскиот бруто домашен производ .. Ова е најцрното можно сценарио, од четирите што ги разви тимот на Bloomberg Economics, втемелени на искуствата во Кина, симулации во другите земји, процените на ризик за глобалните синџири на снабдување и симулација на моделот на светската економија.
Но, со толку многу непознати во равенката на епидемијата, како и реакциите на владите и бизнисите, овие прогнози не може да ги сметаме за крајно прецизни. Тие само се обидуваат да понудат начин на трасирање на потенцијалните ефекти во земјите и индустриите, како и да ја предвидат магнитудата на потресот“.
СЕ ИЗВЕЗУВА ЛИ ИДЕОЛОГИЈА ИЛИ СЕ ДАВА ПОМОШ? Ако се погледне присуството на пандемијата во светот како судир на глобално ниво на велесилите, факт е дека Кина покажува „врвно лицемерие“ кога се обиде, заедно со Русија да тргне во извоз на сопствената идеологија во форма на помош. Кина тоа го прави пред се преку нудење на помош од страна на своите медицински струњаци, кои, иако покрај искуството со вирусот, покажаа минимален респект кон превентивата во својата земја на епидемиолошко ниво, бидејќи токму од Кина претходно тргнаа и неколку други пандемии, што, за среќа имаа покус век.
Факт е на пример дека Кина, со исклучок на помошта во медицински кадри – советници во Италија, многу селективно ја применува помошта од друг вид, ама затоа ја удира на сите ѕвона. Реално, на Балканот таа стигна онаму каде постои веќе силна политичка блискост, што не смее да биде основ за солидарноста. Србија е таа која доби најголема помош од Пекинг (https://www.novamakedonija.com.mk/kovid-19/region- србија-доби-помош-од-кина-како-доказ-на/) и во форма на два полни авиони од веени десет пратки преку воздухоплов. Белград е излепен со плакати со кои се велича претседателот Су. Ова го натера шефот на европската дипломатија Жосеп Борел да побара подеднаков третман на билбордите во Белград.
БИЛБОРДИТЕ ВО БЕЛГРАД Овој европски функционер изјави денеска дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, билборди може да се видат на улиците на Белград, со благодарност само за Кина од Србија за борбата со корона вирусот (https://denesen.mk/borel-saka-bilbordi-niz-belgrad-za-blagodarnost-nie-davame-golema-pomosh-na-srbija-i-zapaden-balkan/). „Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им пруживме голема помош на Србија и на другите земји од Западен Балкан и пред и за време на кризата, рече Борел. Тој нагласи дека европската помош и посветеност не биле доволно земени предвид, додека помошта на Кина се смета за многу поважна“.
Уше е послна пораката која Москва ја испрати со помошта на Балканот која пристина само во Белград и во Бања Лука. Но, тоа е многу помалку важно во однос на лагата која и обете сили ја покажаа во месеците што се зад нас! Ова е вистината која не поврзува со дефиницијата за демеократијата на Черчил од почетокот на текстот.
По голем притисок на меѓународната јавност Пекинг со задоцнение призна дека е криена вистинската цена која ја плати ова земја во војната со корона – 19. „Кинескиот град Вухан, каде што за прв пат се појави коронавирусот, го зголеми бројот на жртвите за 1.290, во услови на растечки меѓународни сомнежи за транспарентноста на Кина. Ажурираните бројки покажуваат дека бројот на починатите во Вухан е 3.869, односно две третини од потврдените случаи во Кина. Дополнителните смртни случаи биле „погрешно пријавени“ или целосно испуштени, соопштија градските власти“ – пишува Радио Слободна Европа .( https://www.slobodnaevropa.mk/a/30560604.html).
Таа вистина, прашање е дали и конечна, ја урива респектибилноста на кинеската медицина кога своите методи ги наметнува како единствено релеватни, но и покажува дека многу е тешко да се верува во сликата која Пекинг ја гради во светот за себе и за своите идеолошки предности. Голем број проследувачи на настаните со вирусот корона едноставно ќе се запрашаат – кога Пекинг говори вистина а кога лаже?
Русија долго го криеше бројот на своите заболени од корона вирусот. Потоа тврдеше дека тој број е минимален (https://emagazin.mk/pomalku-zarazeni-od-luksemburg-go-stavi-li-rusi-a-korona-virusot-pod-kontrola/) како што изјави Путин на крајот на март а го пренесе CNN. Но од први април целата земја е ставена вон погон (ништо не работи и не смее да работи) а земјата е меѓу првите десет земји по бројот на заразените (https://www.slobodnaevropa.mk/a/30564426.html). Каде ли се изгуби Луксембург?