Една посета на екипа на СЗО беше клучна да се сопре кампањата против Фиклипче, често од дијаметрално спротивни позиции. Не беше важно кој ќе биде аргументот, само да постои повод за валкање на името на министерот. Од страна на високите и компетентни гости беше речено дека Северна Македонија е една од етките земји каде постои цврсто држење до правилата на евиденција на заболените и починати од вирусот, со што секнаа сите тиради против министерот за здравство
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Опозицијата во земјава со бројот на заразени од короната и со бројот на починатите од ова заболување си правеше партиска стратегија – кога сакаше да има брзи предвремени избори, тврдеше дека здравствените власти или властите во еден поширок формат, ги зголемуваат бројките за оние кои се жртви на вирусот, со цел така да се одложи гласањето; потоа, кога анкетите покажаа дека опозиијата е на стаклени нозе кај електоратот, екипата на Мицковски започна да бара одложување на изборите во името на народното здравје, се до часот кога анкетите евентуално ќе има дадат крилја за нивните очекувања.
Министерот Филипче, како еден од оние личности кои го подигнаа рејтингот на власта во првите два-три месеци од појавата на пандемијата, беше на удар кај опозицијата највеќе од аспект на вистинитоста на објавенуите податоци за ефектите од короната. Кога постоеше потреба да има помал нрој на заболени се тврдеше, како илустрација на претходно кажаното, дека било чија смрт, па и од сообраќајна несреќа се регистрира како смрт од корона-19. Одбраната на Министерството за здравство беше дека причината на смртта се регистрира според протоколи усогласени со Светската здравствена организација – ако телото на починатиот, кој е преходно удрен од автомобил на обдукцијата покажала дека имал и корона-19, како причина за смртта се констатира второво. Потоа, кога требаше дас се одложатѕ изборите, закажани за почетокот на јуни, се тврдеше дека ситуциата е ептен лоша и дека властите ги кријат и заболените и мртвите од опасниот вирус.
Една посета на екипа на СЗО беше клучна да се сопре оваа кампања против Фиклипче често од дијаметрално спротивни позиции. Не беше важно кој ќе биде аргументот, само да постои повод за валкање на името на министерот. Од страна на високите и компетентни гости беше речено дека Северна Македонија е една од етките земји каде постои цврсто држење до правилата на евиденција на заболените и починати од вирусот, со што секнаа сите тиради против министерот за здравство.
Но, ова пак го подржа сомнежот дека многу други земји, посебно во регионот, дека прават големи креирања на вистината за ефектите што ги остава оваа болест кај тамошното население. Србија беше една од тие земји, но претседателот Вучиќ, во својот антидемократски стил на комуницирање со јавноста, едноставно ги навредуваше оние, пред се новинарите, но и одделни лекари, кои ќе проговореа за оваа „државна тајна“ со здравствената статистика. Во еден град – Нови Пазар – дојде и до народен бунт заради енормниот број на заболени а смртта на еден познат уметник во Земун, инаку и француски државјанин стана европски скандал откако неговиот син кажа пред камерите дека татко му починал бидејќи не бил примен во болница. Во Белград дојде и направи репортажа екипа на Франс прес и ја извалка сликата зза влста на Вучиќ!
Зошто ја споменуваме Србија? Затоа што од Шампитата постојано стигнуваа споредби со соседите и се тврдеше дека ние немаме државно раководство кое не е компетентно и искусно во борба со пандемијата. Навистина, земја која по број на жители е четири пати поголема од нас, имаше и за четири пати помал број на инфицирани и починати од ковид-19.
И конечно деновиве дојде до отворање на Пандорината кутија – почнаа да излегуваат вистинските бројки за заболените и починатите од ковид – 19. Најпрвин новинарката на неделникот НИН Сандра Перушиќ во своето истражување откри дека се лажело и со бројот на тестирањето („нашата земја прави повеќе тестирања од сите земји во регионот“ – Вучиќ), потоа со бројот на заразените и конечно со бројот на умрените. Истражувањето одело со тоа што се барале официјални информации по сите три основи (тестирање, заболени и починати) по градски болници во одделни региони, па тие бројки спотоа едноставно се собирале. Да речеме кога во една временска отсечка имало 800 заболени, официјалната статистика прикажа дека имало само 200 заболени! Да не должиме – обвинение е на новинарите дека збирниот извештај бил „сечен“ од страна на две жени вработени високо во власта од кои едната е во кабинетот на премиерката Брнабиќ. Кај нив собраните извешта не се собирале, туку се – делеле. Кај заболените принципот бил 1: 4, значи на четири заболени се пуишувал – еден!
По ова пукање на огледалото во кое стои лажната слика за примерната земја која одлично се бори со ковидот-19, како израз целосна општествена ефикасност, се јави и д-р Кон, првиот човек на комуникацијата меѓу здравствените власти и населението, кој призна и дека односот меѓу навистина починатите од епидемијата и објавениот број изнесувал 1:3! Шокатно. Докторот кој беше познат по своите одбегнување на одговорие на новинарите на конкретни прашања, кој беше обвнуѕван дека само и служи на власта, наеднаш излезе пред тв екипите и рече – „Верувајте или не, ама бројот на починати од ковид-19 се за три пати поголеми од оние официјалните“. Потоа истакна дека на ливче оние кои излегувале пред новинари, вклучувајќи го и него, им биле давани лажни бројки и тие истапувале и ги бранеле нив. Бројките ги добивале пред почеток на песовите, без можност да се проверуваат. Дека добивале фризирани статистики.пост фестум призна и премиерката која се жалеше дека има некаков проблем со компјутерите во јавната управа. Ама зошто во новинарските лап топи сметачот едноставно лесно доажа до вистината?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потоа изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.. Реагираа и медицинските лица од здружението „Обединети против ковид“ кои оценија дека признавањето на д-р Предраг Кон, дека тој носел одлуки засновани на неточни информации е доказ дека „кризниот штаб не ја водел земјата добро низ пандемијата“ и посочија дека епидемиолозите како што е д-р Кон, кои донесуваа одлуки засновани врз неточни информации, се опасноста по нацијата.
Што е смислата на оваа споредба? Па тоа дека прецизноста кај медицинската статистика, за што добивме пофалби од СЗО (една професорка по журнализам оваа оценка ја оцени како мешање на СЗО во тогаш претсотјните парламентарни избори!) или страшните ножици кај нашиот северен сосед, што прават ужсни касапења со податоците за ковидот се одраз на еден општ однос на властите кај нас и во другите земји кон сопствената ефикасност и кон вистината!? Дали оваа ситуација не е одговор на статистиката која ја објавивме во Глобус минатиот број од V- dem, шведскиот институт, каде Србија во степенот на автиократско владеење е на 139 место од 169 земји во светот а Македонија е на 71. место, со забелешка на институтот дека многу напредувала во последните три години! Што ова значи – да имаше промена на власта порано и степенот на демократија ќе беше далеку поголем! Секако дека оваа вистина со ковидот-19 и отвореноста на една власт кон неговата присутност кај населението е доблест и дека таа оценка само ја одразува општата позиција на либертинските позиции во едно, во случајов – отворено општество!
Впрочем, шефот на опозицијата кај нас – Мицковски е познат по своето занемарување на мерките против ковидот-19, цело време. Тука е слулајот со „земањето на опремата“ од еден спортски клуб во време кога тие објекти не смееја да работат, па еферата Отсјај кога тој се најде во во слична ситуација, потоа дојде до ин флагранти присуство во една кафеана во Боемската улица… Него и денес често го сретнуваме без маска. Како што е случај и со српскиот претседател Вучиќ кој не носи маска дури и кога прима страска делегација а да не го споменуваме американскиот претседател Трамп кој се наоѓа во воена болница, заразен со ковидот, болест која беше предмет на негово јавно потценување.