Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ – ТРАГЕДИЈА ИЛИ КОМЕДИЈА?

October 5, 2021 Filed Under: Ревија

Чехов ја означил како комедија, пшрвиот режисер – Станиславски ја поставил како трагедија.Режисерот Владимир Милчин ја постави претставата „Вишновата градина“ во Турскиот театар и ја смета за актуелна

ВИШНОВА ГРАДИНА Тоа е сценска минијатура во најубаво значење на зборот

Турскиот театар во Скопје на 1 октомври почна со изведбата на претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов. Во режија на Владимир Милчин во претставата игра голем дел од актерскиот ансамбл на театарот. Сценографијата е на Крсте С. Џидров, кој годинава е добитник на наградата за животно дело на 55. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, додека костимографијата е на Марија Пупучевска. Во својата режисерска експликација со наслов „Чехов наш современик“, Милчин напиша:

– „Вишновата градина“ одново предизвикува со својата актуелност во времињата на општествени турбуленции кога со подемот на новите слоеви, односно класи, драматично се менуваат и сите вредности.

Вишновата градина“ е објавена во 1903 година, а следната година праизведбата во МХАТ ја режирал Станиславски, кој играл и една од главните улоги. Станиславски ја прочитал како трагедија, а Чехов ја сметал за комедија со елементи на фарса. Сите подоцнежни постановки на „Вишновата градина“ во основа се разликуваат по тоа дали во нив преовладува трагичното или комичното.

Режисерите се справувале со двојната природа на пиесата, најчесто во зависност од тоа кога и каде ја поставувале. Најлошо поминувале оние кои, инсистирајќи на трагичното, западнале во сентименталност.

АКТУЕЛНО Ова е пиеса за залудноста и бескорисноста на актуелната аристократија

„Вишновата градина“ е пиеса за залудноста, бескорисноста и јаловоста на аристократијата во напорот да го зачува својот статус, но и пиеса за буржоазијата во напорот да му даде значење на својот новооткриен материјализам сведен на алчност и варварство.

„Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на човештвото и цивилизацијата. Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџасува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари.

Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници. „Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме – напиша Владимир Милчин.

(Слободен печат)

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet