Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВКУПНИОТ БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАВА Е НАД 9.500 ЛИЦА

December 20, 2022 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Д- р Мехмедовиќ вели дека сега состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројот за заразени е значително намален, а смртните случаи се вистинска реткост

РЕТКОСТ Смртните случаи од ковид сега се ретки и само онаму каде имаме коморбидитети – вели д-р Мехмедовиќ

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројката е значително намалена, а смртните случаи се вистинска реткост, изјави за 24 Инфо портпаролот на комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

– Во моментов состојбата со Ковид-19 е стабилна. Неделно имаме по 30-на пациенти позитивни на корона. Дел од нив се со посилни симптоми и се хоспитализирани во инфективните клиники и се со кислородна поддршка, вели Мехмедовиќ.

Оној мал број на смртни случаи на лица заразени со Ковид-19, доктор Мехмедовиќ вели дека главната причина не е коронавирусот туку некоја друга болест.

– Некогаш може да се случи во текот на неделата да нема смртни случаи, оние што се смртни случаи некогаш еден случај во текот на неделата се со изразен број на коморбидитети кои што основната причина за смртта е некоја друга болест, вели Мехмедовиќ.

Според него, досегашните мерки се доволни и нема потреба за нивно дополнување во пресрет на новогодишните и божиќните празници и апелира истите да се почитуваат.

– Не можеме да прогнозираме ништо каква ќе биде клиничката слика по новогодишните празници, на сила остануваат оние четири мерки кои што комисијата ги остави во текот на летните месеци а тоа се да се носат маски во здравствените установи, во аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и апелирам истите да се почитуваат, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде извештаи за Ковид-19 ќе се објавуваат неделно, бидејќи нема потреба за дневни извештаи бидејќи бројките со новозаразени се премали.

– Ние како Комисија за заразни болести препорачавме до министерството за здравство да се објавуваат неделни извештаи за Ковид-19 наместо дневните извештаи како што беше пракса порано. Сепак не сум запознаен дали министерството ги објавува тие извештаи, вели Мехмедовиќ.

Иако беше најавено, Министерството за здравство не ги објавува извештаите, па последниот датира од 7 ноември.

Според истиот, досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.

За разлика од Македонија, во останатите земји од регионот се достапни информаиите, па  вчерашните бројки на позитивни на коронавирусот на Балканот гласеле: Србија 368, во Хрватска 272, Aлбанија 17 новозаразени, Словенија 471, Црна Гора 19 позитивни, Бугарија 41.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet