Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА

November 18, 2025 Filed Under: Македонија

Притисокот на премиерот Мицковски да се расцепи синдикалното движење дава ефект – и со еден член сега може да се претставува себе си за работничка организација. Таквите „заштитници“ сега и го чуваат грбот на Владата а практично и на капиталот

ССМ Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти, а храната и основните производи продолжуваат да удираат по џебот на граѓаните.

Во споредба со октомври лани, цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за 7 проценти. Најголем удар има кај овошјето со скок од 21 %, месото и маслото се поскапи за речиси 10 %, лебот и житариците за 5,5 %, а кафето, чајот и какаото – дури за 26 %.

Синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари, што е зголемување од 7 % во однос на минатата година истиот месец октомври кога изнесувала 61.249,00 денари, зголемување за 4.295,00 денари, но без реално зголемување на платите оваа бројка е само уште еден доказ дека граѓаните тонаат во сиромаштија.

Од ССМ остро реагираат:

– Крајно време е надлежните да сфатат дека со оваа скапотија тешко се живее! Работниците се исцрпени, платите не стигнуваат ниту за основни потреби. Наместо да бидеме пример во регионот, остануваме на дното!,

– Мислам дека можевме да бидеме лидери во регионот со зголемување на плати, веројатно ќе бидеме на опашката, бидејќи сите најавија драстично зголемување и на минималната и на сите останати плати во регионот порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов .

Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски , додава:

– Владата мора да се соочи со реалноста и да ја натера бизнис-заедницата да ги зголеми платите. И во јавниот и во приватниот сектор! Нашето барање за 500 евра минимална плата веќе е застарено – ќе излеземе со ново, повисоко барање кое ќе одговара на реалните трошоци на животот.

Од ССМ порачуваат дека работниците не можат повеќе да го плаќаат товарот на кризата. Време е за зголемување на платите – веднаш!“

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра, износ кој според најавите на Владата нема да се менува до март 2026 година, освен законското усогласување кое, според ССМ, нема да биде поголемо од 1.600 денари.

Од ССМ потсетуваат дека земјите во регионот веќе донеле одлуки за значително зголемување на минималната плата.

На Косово минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во првата фаза од јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од јули 2026 година ќе изнесува 500 евра или зголемување за 150 евра. Во Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат износот од 500 евра. Владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци (тоа што го бараше ССМ). Во Србија Владата со Одлука ја зголеми минималната плата и истата од октомври 2025 година изнесува 500 евра, а од јануари 2026 година ќе изнесува 550 евра. Слично е и во Република Српска (БиХ), каде Економско социјалниот совет се согласи од јануари 2026 година минималната плата да изнесува: за неквалификуваните работници 512 евра, за квалификуваните работници 538 евра, за работниците со ССС 564 евра, за работниците со виша 692 евра, а за работниците со ВСС 743 евра. Во Босна и Херцеговија генерално минималната плата за 2025 година изнесува 1000 км или 511 евра. Еве ја сликата и во – Црна Гора: минималната плата изнесува 600 евра за работници до средно образование, а 800 евра за работници со високо образование велат од Сојузот на синдикатит.

ССМ обвинува дека Владата, работодавачите и синдикатот КСС работат спротивно на интересите на работниците. Поради ваквата состојба, најавува продолжување на протестите и можност за генерален штрајк.

„Жалосно е тоа што Владата има сојузници и во работодавачите и во некои синдикати (КСС за кои веќе предупредувавме дека на сила ги прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите, за да ги поддржуваат и за да бидат против работниците), а кои како папагали повторуваат дека треба само да се почитува законот. Сојузот на синдикатите на Македонија организираше низа протести за зголемување на минималната плата и ќе продолжи да организира, а работодавачите со нивниот игнорантски однос ќе предизвикаат генерален штрајк. Денеска имаме Влада, Газди и КСС кои се на иста страна и се против работниците, а се задоволни што македонските работници тонат во сирамаштија, што имаат најниски плати во регионот и најниска минимална плата, ама се е по закон! Затоа функционерските плати не се намалија, функционерите ги задржаа своите 78, а сега веќе 79% зголемени плати, а во тек е расправа за Буџетот за 2026 година каде што народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата добро живеат, ќе се фалат како ќе нема зголемување на работничките плати, како нема предвидено повеќе пари за раст на минималната плата од она што го предвидува законот, а тие истите се тие кои можат да менуваат закони!“, пишуваат од ССМ.

Да дообјасниме – министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на прес-конференција пред два дена рече дека интервентно зголемување на минималната плата ќе направи само притисок врз фирмите и ќе мора да отпуштаат работници. Дополнително, кажа дека така ќе се подгрее и инфлацијата.

„Во моментов не гледаме економска оправданост за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување што е законски предвидено во март. Во овие околности ако одиме со ад-хок зголемување на минималната плата тоа ќе предизика зголемување на инфлацијата“, рече Дурмиши.

Filed Under: Македонија

КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА
ИВОНА ВАСИЛЕВСКА – СТРУЖАНКА КОЈА СТИГНА ДО ВРВНИТЕ НАУЧНИ КРУГОВИ ВО СВЕТОТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (153): КАДЕ СЕ КРИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
  • ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
  • ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet