Не е нормално Владата да купува авион а за лекови на Онкологија да чека донации – оценуваат во СДСМ. Каква е таа идеја ако немаме пилоти а и тие не се наоѓаат лесно?
Владата планира да купи нов авион за сопствени потреби. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервју за „360 степени“ вели дека од резервоарот на владиниот авион протекува гориво, тој е со чести дефекти и стар е повеќе од дваесет години.
Оттаму оваа тема за подновуивање на пистата во Петровец се нафрлила во владините простории. Идејата е да се набави нов или половен авион, но не постар од три години. Авионот би чинел од 30 до 40 милиони евра, а поправка на стариот 15 милиони евра.
– Ако претендираме и сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен воздухоплов, а воздухопловот што моментално го имаме, има само шест седишта, непрактичен е за поголеми делегации, често се расипува и поради тоа сметам дека треба да се размислува сериозно за набавка на нов авион, можеби и половен авион, но не постар од две-три години и по тоа прашање треба да се има еден заеднички консензус опозиција-власт – кажа директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
На одогвор од СДСМ не се чекаше многу долго. Од таму најпрвин констатираа дека не е нормално Владата да купува авион а за лекови на Онкологија да чека донации?!
– Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување. Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да се справат со потребите на граѓаните и да го подобрат здравствениот систем – велат одд Бихачка. И додаваат дека ветените реформи и подобрувања останаа празни зборови и куп лаги.
Додека парите на граѓаните власта на Мицкоски ги троши на луксуз, мебел, авиони и скапи патувања. Власта веднаш треба да се откаже од аздисаното трошење на парите за луксузирање на владините функционери и да ги насочи кон реални потреби на луѓето.
Го повикуваме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.
Бараме итно зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност.
Но она што за повнимателен наблудувач на развојот на темата е битно е фактот дека во земјава нема пилоти кои би управувале такви авиони а дека постојниот кадар до сега бил пензионерски. „Ревирот“ за нови кадри во Србија сега веќе станува некорисен со развојот на настаните кај северниот сосед, каде наставниот кадар даде колективна оставка по смената на директорот во Воздухопловната академија. А без таа ситуација за школување на нов кадар се неопходни доста години. Да не забоправиме дека нема пилоти ниту за нашите Ер-трактори со кои се гасат пожарите во земјава.