ММФ: Со намалување на корупцијата во Македонија ќе се зголемат инвестициите. Дали конституирањето на Антикорупциска ќе го даде резултатот?
И покрај благиот пораст на БДП, инвестициите продолжуваат да се намалуваат, како резултат на одложени инфрастуктурни проекти и несигурност, се вели во извештајот објавен неодамна
Бруто – домашниот производ на Македонија заблежал благ раст во првите три квартали во 2018 година, и се проценува дека достигнал два процента на годишно ниво, се вели во извештајот за Македонија на Извршниот борд на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој што беше објавен денес.
Согласно извештајот, економскиот раст е резултат на зголемена надворешна побарувачка и заживеан метален сектор. Сепак, се нотира во извештајот, дека инвестициите продолжуваат да се намалуваат, како резултат на одложени инфрастуктурни проекти, пад на градежниот сектор и постојана несигурност.
ММФ го поздрави заживувањето на реформите по враќање на политичката стабилност, која резултираше со обновена доверба и економска активност. Во насока на отворање на пристапните преговори со Европската унија, ММФ ја исткана важноста од исполнување на амбициозната структурна реформска агенда, за да се зголеми продуктивноста и да се забрза зголемувањето на платите, истовремено стабилизрајќи ја фискалната политика. Фондот, исто така, повикува на зголемени напори за зајакнување на фискалниот менаџмент, како и да се зголеми фискалната транспарентност.
Во него, меѓудругото, се вели дека политиките на пазарот на трудот треба да продолжат да ги таргетираат младите и невработените на долг рок, но, со поголем акцент на обуките за работа.
Фондот ги нагласи и напорите за учеството на жените на пазарот на трудот.
„Ги повикуваме властите да ја одржат заложбата за имплементирање на клучните институционални реформи за зајакнување на владеењето, намалување на корупцијата, како и да се обезбеди владеење на правото“, се вели во извештајот, потенцирајќи дека ова ќе ја подобри инвестициската клима во државата, а ќе ги откочи и пристапните преговори за ЕУ.
Спаѓа во групата за набљудување во наредните неколку години, заедно со Босна и Херцеговина, Турција, Грузија, Украина и Ерменија, се вели во извештајот на „Транспаренси интернешанал“
Македонија е на 93 место од вкупно 180 по Индексот на корупција во годишниот извештај кој денеска го објави „Транспаренси интернешнал“.
Се наоѓа во друштво на Косово, Монголија и Панама, а единствено Албанија има полош рејтинг од државите на Балканот.
Македонија се` уште се смета за држава со хибриден режим, односно држава во кои има елементи на автократски тенденции, и покрај нотираниот напредок од 14 места споредено со минатата година.
„Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата на `Транспаренси интернешнл` за 2018 година се наоѓа на многу ниско односно 93 место од 180 рангирани држави. Сега имаме 37 од можни 100 поени и се наоѓаме многу под 50 поени и подолу од половината рангирани држави. Порастот од само 2 поени не донесе подобрување во рангирањето за 14 позиции, но, тоа воопшто не треба да се смета за добар резултат или за подобрување. Тоа се` уште е за минус 27 места во споредба со 2014 година“, изјави Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл“.
Според Тасева, подобрувањето се должи на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и на учеството на граѓанскиот скетор во креирањето на политиките и легислативите. Сепак, регистирано е и назадување во работата на судството кое претставува пречка за економски развој.
„ Напредокот оваа година има две основни компоненти -работата на СЈО и партиципативноста во процесите за градење на политики и донесување на нови закони, што ја подобри сликата за демократизација во државата, како предуслов за подобрување во борбата против корупцијата. Во годините што претстојат неопходни се натамошни суштински реформи во сферата на борбата против корупцијата, пред се избор на соодветен кадар кој ќе има интегритет и знаење да се справи со проблемот, кој освен што ги загрозува основните човекови права ги загрозува и економијата, демократијата и владеењето на правото, а со тоа и мирот, безбедноста и опстанокот на државата“, додаде Тасева.
Во извештајот за 2018 година е наведено дека Македонија спаѓа во групата за набљудување во наредните неколку години, заедно со Босна и Херцеговина, Турција, Грузија, Украина и Ерменија, која е единствена држава што има позитивен тренд кој се должи на промена на владата.
„Транспаренси интереншенел“ како препораки наведе дека треба да се применува владеењето на правото, да се подобри заштитата на информаторите, за да можат сите граѓани безбедно да пријават повреди во јавната и приватната сфера, да се подобри законодавната транспарентност и пристап до информации потребни за ефективен јавен надзор, граѓанското општество да се вклучи во дијалог со власта без страв од одмазда, како и да се работи на заштита на слободата на медиумите кои имаат клучна улога во демократијата.
Македонија веќе година и половина нема фукнционална Антикорупциска комисија, што ги става под прашалник пораките на Владата дека се за бескрупулозна борба против корупцијата во државата.
Од државите во регионот најдобро рангирана е Словенија, која е на 36 место, а потоа следуваат Хрватска (60), Црна Гора и Грција (67), Бугарија (77), Турција (78), Србија (87) и Босна и Херцеговина, која е на 89 место.
Индексот на корупција го мери нивото на корупција во јавната администрација и се пресметува врз база на 13 истражувања во бизнис секторот, како и стручни проценки. (воа)