Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ИМА ПРОБЛЕМИ!

December 16, 2025 Filed Under: Македонија

ЗНАМ побара ВМРО да се огради од Милошоски, кој повторно „брутално“ го нападнал Филков. Пред некој ден Мицкоски имаше пролем да објасни како неговиот коалициоонен партнер ВЛЕН на седница на Влада поддржува една одлука а потоа ја гази!

ЛОШ ДЕН ВМРО-вци имаат лош дена ако им го споменете министерот Филков

ЗНАМ побара ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од ставот на својот пратеник и член на партискиот Извршен комитет Антонијо Милошоски, кој минатата недела повторно негативно зборуваше за учинокот на актуелниот министер за правда од редовите на ЗНАМ Игор Филков.

– Доколку јас би бил мандатар на Владата, актуелниот министер за правда не би бил министер за правда – изјави Милошоски на Канал 5.

Во однос на тоа, во петокот реагираше Павле Арсоски, потпретседател на ЗНАМ, велејќи дека Милошоски е последната личност што може да зборува за Филков.

– Очекуваме во најкраток можен рок ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од ставот на Антонијо Милошоски. Ова е отворен и брутален вербален напад врз личниот интегритет на еден од најуспешните министри во Владата на Христијан Мицкоски.

Милошоски е последниот што има кредибилитет да држи лекции за правосудните и за други стандарди. Да ја потсетиме јавноста само на случајот „Моќник“. Добро е да потсетиме за среќа на сите тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде – порача Арсоски.

За потсетување, ова е вторпат Милошоски да го критикува Филков. Кога тоа го стори првиот пат пред неколку месеци, предизвика реакција од министерот за правда, по што премиерот Христијан Мицкоски оцени дека двајцата имале лош ден.

Нопроблеми во коалцијата има и на друго место, односно со други актери. Во прашање е учеството на првиот човек на ВЛЕН кој оди на митингот организиран од ДУИ (!) со кој се напаѓа одлуката на Хашкиот суд во однос на припадници на ОНА.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не го поддржувала маршот на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје најавен за минатата сабота и оти е формиран кризен штаб кој ќе ги следи настаните поврзани со протестот. Владата, државата и институциите, потенцираше Мицкоски, ќе ги преземат сите мерки да не успее намерата да се испровоцира каква било негативна реакција, не само за граѓаните туку и за регионот.

Во однос на одлуката на чаирскиот градоначалник Изет Меџити, кој е владин коалициски партнер, Мицкоски рече дека за тоа треба да се праша тој, но смета дека Меџити е под притисок на организаторите мислејќи дека ако не го поддржи ќе изгуби политички поени.

Дали не смета премиерот дека во она што му се случува пред носот има нешто шизофрено – Меџити мора да одлучи дали е дел од владата или треба да си оди. Во прашање е цврстината на односот кој владее на Илинденска број 2. И Мицковски го поддржа Меџити кога најмалку требаше, во однос на 200 згради што се дивоградби во Чаир, кога рече дека нема намера како Влада да ги сруши, иако се бесправни (рече – Јас сум за градење, не за рушење, нели). Со ова беше просто одлучен да биде полеан со вода. Не е само тоа во прашање: излезе многу наивен кога сметаше на гласовите на ВЛЕН во битката за градоначалник на Скопје, да речеме, па собра само 90 илјади гласови, историски најмалку во трката за оваа позиција… И така по ред, само што во ВМРО нема кој да ја казни партијата одвнатре, бидејќи таа нема членови, туку само клиенти. Навистина 160 илјади гласачи му се помалку. Објективно и ВЛЕН изгуби на последните, локалните избори во однос на својот ривал, па излегува дека единствена добивка им е ако не ги гледаат промашувањата што ги прават еден до друг, како да не се случиле.

Во оваа ситуација очекував и претседателката на државата да се изјасни (или не сум ја чул), бидејќи ова с прсудата на Хашкиот суд е и меѓународно прашање – се почитува ли една меѓународна институција од страна на нашата земја или не? За тоа треба да се определеат и другите фактори и институции а не само половичната Влада

Не е во прашање Меџити, туку коалицијата!

 

Filed Under: Македонија

КOЛКУ ВРЕДИ ЗБОРОТ НА МИЦКОВСКИ?
СПАСОВСКИ ЗА МИГРАНТИТЕ: ОПРАВДАНИ СЕ СТРАВУВАЊАТА, ПОСТОИ СОМНЕЖ ЗА ТАЕН ДОГОВОР
ДАЛИ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПОРАНЕШНATA ЕВРОПСКA КОМЕСАРKA ЌЕ ГО  ВКЛУЧИ СРПСКИ ТЕЛЕКОМ
СЕРИОЗНИ ПОТРЕСИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ НА СЛЕДНАТА ЕВРОВИЗИЈА
МАРК РУТЕ: НИЕ СМЕ СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА РУСИЈА

Најново

  • КOЛКУ ВРЕДИ ЗБОРОТ НА МИЦКОВСКИ?
  • СПАСОВСКИ ЗА МИГРАНТИТЕ: ОПРАВДАНИ СЕ СТРАВУВАЊАТА, ПОСТОИ СОМНЕЖ ЗА ТАЕН ДОГОВОР
  • ДАЛИ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПОРАНЕШНATA ЕВРОПСКA КОМЕСАРKA ЌЕ ГО ВКЛУЧИ СРПСКИ ТЕЛЕКОМ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet