СДСМ во потсвеста на дел од граѓаните се уште важи за „непатриотски избор“, без оглед за каков тип на избори се работи. Оттаму, споредбите со резултатите од локалните избори во 2017 година не држат – тогаш го немаше Преспанскиот договор. Во Грција Ципрас ја плати цената пред противниците на овој Договор а кај нас тоа одеше на рати – најсилно при редерендумот, потоа кај претседателските избори а и на последните гласања за новиот состав на Парламентот
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Победата на локалните избори на СДСМ пред четири години е единствена која се должи на промените, а пред се’ како дел од отпорот на народот кон настаните од 27 април 2017 година! Оттогаш наваму
успехот е далеку од добар, пред се стабилен. Тоа се покажа и на претседателските избори, па и на последните парламентарни, одржани лани а тоа се должи на резигнацијата на дел од населението на „името ни го предадоа“, збир на патетични врзувања со минатото и идентитетот кај дел од популацијата.
На што се должи таквата промена? Па на Преспанскиот договор, во 2018 година, која доведе до пад на Владата на Ципрас во Грција а до сериозно паѓање на омиленоста на СДСМ. Просто, тоа беше очекувано и требаше на друга страна да се компензира, на македонска страна, со влезот во НАТО, што се случи и со почнувањето на преговорите со ЕУ, што не се случи. Тоа се едноставни одговори на претпоставени политички движења на земјава.
Овие избори, иако локални, секако не можат да се одвојат од онаа глобална слика која виси во воздухот. А таа е замаглена и не се издвојува во обраќањето на партиските лидери. На пример, целосно е исчезната од паноптикумот на владеачката коалиција (СДСМ и ДУИ) бидејќи се чини ирелевантна како успех и концентрацијата врз локалните избори. Но, ако во албанскиот блок она „името го предадоа“ не е релевантно и тие, во број на гласови на изборите не стагнираат видливо, таков не е случајот со македонскиот дел од гласачкото тело: на претседателските избори помогна впечатокот со влезот во НАТО; не помогна онолку колку што се очекуваше, но барем изборот во корист на Пендаровски помина „за црта“. Лани пак ветер во едрата беше и потребата да се верува во здравството во времето на пандемијата (ефект Филипче).. Фактот дека Шилегов во првиот круг добнил посилна поддршка токму во гласачите на ДУИ и БЕСА (во Сарај, Чаир, Бутел, Шутка) отколку во центеалните квартови на Скопје, јасно го потврдува ова дека – што вели Малески – големите теми ги наткрилуваат малите.
Ова го објаснува и феноменот на неизлегувањето на гласање пред се’ на симпатизерите на СДСМ и големиот број на неважечки ливчиња (дури 60 илјади). Јасно, тука не се бројат оние другите бели ливчиња, гласовите на новите кандидати за советите на општините и за градоначалниците,- тоа се делови од гласачите на коалицијата кои се обидоа да се извлечат од големите теми и да профитираат на алибито „ни лук јале, ни лук мирисале“, како форма на политичко ин такто, мали толпи кои повеќе ќе се грижат за своите кариери, откако друг треба да ја влече композицијата на значајните свртници на историјата.
Навистина, никој не го коментира фактот на еважечките ливчиња, што е огромен број – обезбедуваат наводна излезност ама не и предност. Опозицијата, се бунеше порано ако се јавеа само неколку илјади такви „ничии“ гласови, сметајќи дека некој кај бројачите ги чкрта гласовите што ги добиле тие, додека сега некако се убедени дека тие изгубени гласови не им припаѓаат ним, веројатно имајќи сознанија непосредно „од терен“, односно од гласачките места!
Впрочем, сите тие околности, погоре наброено, се дел од отпорот кого во минатиот број го нарековме „бели гласачки ливчиња“ кои сублимираат и отпор кој постои на многу „фронтови“ во кој влезе и намножувањето на партиии и здруженија што излегоа на избоите (за што повеќе пишува колешката Никица Корубин), кои делумно ќе се вратат во старото „јато“ во вториот круг, но веројатно не во толкав број што би обезбедил сигурен пресврт.
Колегите кои од поблизу ги намирисуваат состојбите во изборните штабови на големите партии тв рдат дека на Бихаќка не им се верувало кога пред четири години ја слушнаа веста дека освоиле само еден грст локални заеднициво првиот круг. Нивните проценки за успех се должеа на мерењето на популарноста на ВМРО ДПМНЕ, каде има мало намалување на популарноста, иако нивниот коменаден систем нема никогаш да дозволи големи ерозии. Сепак, Коце Трајановски, кој изгуби на изборите пред 4 години зприповторно кандидидирање на градоначалник на Скопје имаше 101.742 гласа а Арсова има 86.698 гласови. Разликата е секако видлива и се должи и на послабата поддршка на новите коалициони партнери, но и на фактот дека – ова треба да се истражи – старосната структура на нивните поддржувачи, кои главно се тискаат во пензионерската структура.
Пример за тоа е секако триаголникот Автокиоманда – Керамидница – Триангла во Општионата Гази Баба, „црнта дупка“ на социјал-демократијата, која брзо се обнови. Впрочем и оној пад кај ВМРО ДПМНЕ се должи на Преспанскиот соговор, односно на фактот дека на десницата не и успеа контраударот после 2018 година.. Приврзениците на оваа идеја сега си бараат виновник кај своите!