РУДИ ЛАЗАРЕВСКИ
Сите кажуваат дека монетарната политика не е загрозена. Фискалната и монетарната политика се поврзани крвни садови во една економија. Зборуваа како државата да има 30 милијарди евра девизни резерви, а не 3 милијарди
Јас сум вџашен вечерва. Гледајќи ги сите важни луѓе кои експертизираа на Телма, 24 телевизија, Нова тв и на други медиуми. Не знам дали зборот вџашен е македонски збор. Не е ни важно.
Сите до еден пратија порака дека службеничкиот сектор не треба да се сведе на минимални примања. Сите со својот самоуправен ум, поаѓаат од лични интереси, политикантсво, лични с’клети и личните загрозени примања. Ниту еден не кажа како ќе се исплати службеничкиот сектор до крајот на годината. Сите очигледно се за пазарење во интерес на својот личен интерес.
Премиере Спасовски ви ги врзаа рацете. И морате да се пазарите со ДПМНЕ за процентот на намалувањето на платите на службениците. До кога ќе трае никој не знае. Сигурно ќе имаат за земање. Со право господинот Мицковски има право да се пазари по изјавите на Узунов, Зиков, Беџети, Гошев и оној млад советник во финансии со искуство од една година. Никој од нив не кажа како буџетот треба нај дрско да се брани. Сите рекоа дека треба да се „ истурат“ пари во стопанството. Од каде?
Сите кажуваат дека монетарната политика не е загрозена. Фискалната и монетарната политика се поврзани крвни садови во една економија. Зборуваа како државата да има 30 милијарди евра девизни резерви, а не 3 милијарди. Во најлошото сценарио 3 милијарди се трошат додека речеш пиксла. И најверојатно никој нема да ви помогне додека не им седнете во скут.
Нема да ме изненади дека од утре портпаролите на ДПМНЕ со право ќе се повикуваат на изјавите на погоре споменатите во текстов, во стилот дека одсекогаш биле во право. Со право. А председателот на ДПМНЕ во Будимпешта со право ќе ликува за можеби не извојувана војна, но сигурно за извојувана деструктивна битка.
Јас сум сериозно вџашен.