АНА ЧУПЕСКА
Ако пресудите се „укинуваат” на политичката говорница – резултатот сигурно нема да биде поврзан со она што сакаме да го истераме од судството!
Повторно под хипнотичното дејство врз медиумите и воопшто врз јавноста, која со опсесивна фиксација се бави со „бугарските” егзибициски изјави, во Собранието се протнува вмровска инцијатива за донесување на закон за амнестија за осудените од 27 април. За, Крвавиот Четврток!
Ок, ќе рече некој, тоа си е сосем легитимна приказна. Некои популарни адвокати го напишале текстот на таквата иницијатива, а се разбира дека ВМРО го „ускладиле” и „дотерале” по нивен терк и тоа е тоа. И, иако се чини се ок, сепак, не е баш така.
Фундаментално важно е дека помеѓу осудените за овој срамен и безочен атак има три категории на осуденици.
1.Високи функционери на ВМРО ДПМНЕ – кои биле на високи функции во извршната власт за време на атакот;
2.Лица кои биле професионално вработени во МВР – со основна дејност и задача за заштита на Уставниот поредок и на безбедноста на државата и граѓаните;
3.Лица подведени или хипнотизирани од горенаведените (инспиратори) да извршат насилство и напад на највисокиот законодавен дом: Собранието!
Меѓу сиве овие има значителна разлика !
Оттука, и нивото на одговорноста кај сите овие групи е различно.
Тоа се однесува како на кривичната, така и на етичката и моралната одговорност. Тука би сакала да се задржам на кривичната, со една нужна дистанца дека иако не сум кривичар, сепак мислам дека „могу да погледам”.
Имено, ВМРО ДПМНЕ е децидна и бара АМНЕСТИЈА БЕЗ ИСКЛУЧОК , т.е. смета дека таа треба да се однесува на сите?!
Џизс Крајст?!
Од настанот поминаа скоро 6 години, а како и за многу други суштински работи, од ВМРО ДПМНЕ се’ уште не сме слушнале јасна јавна осуда на настаните, ниту пак некакво оградување од нивните високи функционери – популарни во тоа време. Поточно, на оваа тема се’ уште се д’тка, пелтечи, и се пењават вмровците.
Во оваа пак новонастаната амнестивна дмпнеовска иницијација, главната дилема е: каква е вистински нивната улога во нашиот поредок, кога во тек е акутно и интезивно реформирање на неефикасното судство; и, дополнително, каква е нивната улога во акутната аспирација за борбата со корупцијата (повторно, во судството)?!
Каква е, мили мои дмпнеовската улога, се прашувам ?
Значи, кога зборуваме за ампутирање на влијанието на политиката врз судството и следствено, за нашата нужна потреба за независноста и непристрасноста на судиите… како рефлектираат овие притисоци кон „амнестијата за сите подеднакво и без исклучок” е клучно прашање!
вака како што си планирате, сигурно нема да влијае превентивно во некои идни вакви амбиции на некои си политички субјекти, туку напротив, ќе стимулира сличи поведенија.
Поточно, ако пресудите се „укинуваат” на политичката говорница – резултатот сигурно нема да биде поврзан со она што сакаме да го истераме од судството!
Затоа, би замолила, за почеток да бидете јасни.
Што тоа сакате вие од ДПМНЕ?
За кого поточно сакате амнестија?
Кажете што е и кава е таа „олеснителна” околност – но, за секој поединечно!?
На овој начин, можеби и вие самите ќе дојдете до некои одговори и сознанија, кои за жал сеуште ги “немате”; дури би рекла , можеби ќе делувате и поубедливо за да отпочне некоја конструктивна дискусија.
Конечно – да не се лажеме: престанете со логореата дека лицата се осудени за „тероризам” ! Затоа што – тоа не е точно. Лицата се осудени за „насилно рушење на државниот поредок”…..! И второво е сосема точно и докажливо.