Пропагандата на ВМРО ДПМНЕ создаде од гласачите еден вид на следбеници – месечари. Живеејќи под закрила на пост-вистината тие еден ден ќе се разбудат во реалноста која никако нема да им се допадне, ама не ќе можат да извршат корекција. Нивната улога ќе биде завршена а демократијата ќе се преобрази брзо во – режим
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Деновиве на Месечината се струполи сателитот од семејството „Луна“ на руските научници. Неуспехот на екс-советскиот вселенски програм секако се доклжи на замената на некогашната московска пропагандна програма, која, идеолошката трка со Западот ја базираше на факти дека Истокот „секој ден во секој поглед напредува“ а нема ништо поочевидно од она што ви лета над главата и преку радио-сигналите можевте да го слушнете и во дневната собта како ја отчукува едноставната порака „так-так-так…“ Новата пропаганда од Москва има многу пософстицирана програма, зад која стојат и експерти и армиите извршители што ги користатат сопствените алатки за да размоножуваат „вистината“ заради некоја цел.
РУСИТЕ – СЛАБИ НА ФРОНТОТ, СИЛНИ ПРИ ИНТРИГИТЕ Како што пишува деновиве еден од најдобрите познавачи на кремљовската пропаганда – новинарот Георги Лозанов „Русија може и да ја изгуби војната во Украина, ама ќе ја добие во Бугарија“ а ние би можеле да додадеме „и во Македонија“
Имено, ако се продолжи со политичката нестабилност во Бугарија, се повеќе ќе расте популарноста на партијата „Преродба“ на Костадинов, па на следните избори бугарските гласачи можат да издејствуваат кабинет кој ќе го формира најголемиот русофил во државата (добро, после Радев). Кај нас таа функција на замрзнувач на состојбите ја презеде своевремено Груевски, кога под шаторот на западните сили се одвиваа разговори за разрешувања на спорот со Грција и кој со митот за античките Македонци како наши предци (2009 г.) успеа да стави неостик на нашите асоцијативни капацитети. Ова од аспект на интересот на Путин беше полн погодок: инвестициите во солунскиот ПАОК и неговите навивачи преку еден некогашен чувар во руска фабрика за цигари (Иван Савидис), кој со позajмени пари (750 милиони долари) стана сопственик на солунскиот клуб, земјава доби навивачко стампедо што подигнуваше на нозе милиони протестанти!
Фактот што земјава влезе во НАТО секако стана голем неуспех на Москва, иако е јасно дека надворешни прсти имаше и во обидот за недавање на власта после изборите во декември 2016 година (крвавиот четврток), обидот за одземање на мнозинство на власта со врбување на пратеници од мали партии, како и заканите со ладни зими и радијатори си имаа путиновска арома. Или недавањето на увоз на руски вакцини (во услови кога истите и немаа успех на меѓународниот пазар) секако беше спротивно и на елементарната хуманитарност, што покажа дека нашиот влез во Алијансата Путин ја дожвува и како личен пораз! Но, да минеме на некои видени практики на пропагандата која помина од „Спутњик“ и Гагарин на некои поприземни работи.
ПУМПАЊЕ НА АНТАГОНИЗМИТЕ Руската пропаганда најпрвин ги подбуцнува внатрешните немири преку пумпање на антагонизмите кон „инаквите“, најчесто странците. Додека во земјите на Источна Европа тоа се прави со создавање на „соодветна атмосфера“ кон бегалците од Украина (за децата бегалци имало места во градинките во Софија а за локалните деца нема, еден чест стереотип), кај нас омразата се активираше во однос на бегалците од Блискиот исток.
Имено, иако војната во Сирија беше иницијална каписла за бегството на десетици и десетици милиони граѓани на оваа земја, своја вина несомнено има и присуството на руски воени единици на теренот (едно од најголемото злосторства е комплетната девастација на вториот по големи град во Сирија – Алеп, дело на генералот Суровикин), многу структури јавно ја обвинуваа власта дека гради цели населби за прием на бегалците и тоа во населбата Сарај, што секако се покажа како невистина: тоа беа станови наменети за наши социјални случаи. Зошто пак Сарај? Во муабет со некои таксисти на темата за „инаквите и валканите“ ми се укажуваше како на патник дека изградбата на станови за Сиријците е дел од „омразата на рисјаните кон муслиманите“, бидејќи дојденците се туркаат во „нивниот Сарај“. Секогаш рускиот фактор во своето ширење на нестабилноста ја етаблира потребата на острење на меѓуетничките односи.
Споменатиот Савирис односно неговите навивачи секако опстојуваат во јаросување на омраза на солунчани кон македонизмот, додека од друга страна Путин се пријавува на јавната сцена како човек кој укажува дека Климент и Наум, како создавачи на кирилицата, потекнуваат од Македонија. Колку од тие навивачи од Солун на Иван Савитис беа во толпата што го нападна градоначалникот Јанис Бутарис, кој даде придонес во затоплување на односите меѓу неговиот град и Скопје?! По овој немил настан Бутарис одби да се кандидира повторно за лидерското место во лакалната управа.
Агресивноста која се шири преку активирање на противречности во руската пропагандна активност е од нестереотипен модел.
И ЗА И ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ, ЗАВИСИ ОД ЦЕЛТА Од анализата објавена во стручното списание на Американската асоцијација за јавно здравство (American Journal of Public Health – AJPH), може да се разбере како ботовите и руските тролови на „Твитер“ промовираат содржини за здравјето преку Интернет. При ова истражување направена е споредба на собрани твитови кои идентификувани ботови ги објавиле на Интернет од јули 2014 до септември 2017 година. Тимот научници од универзитетите Џорџ Вашингтон, Мериленд и Џонс Хопкинс спровел статистичка анализа на содржините кои се промовирани преку хаштаготови на Твитер поврзана со руската трол-активност, како поларизирачкиот #VaccinateUS.
Анализата на хаштаготовите кои ги користеле руските тролови покажува дека нивните пораки биле повеќе политички и со цел да предизвикаат поделби во американското општеството. Дел од ваквите мрежи за дистрибуирање антивакцински пораки се и ботовите за кои е утврдено дека шират малициозен софтвер и други несакани содржини за кои се смета дека тоа не го прават од идеолошки, туку од комерцијални причини – добивање кликови. Од друга страна, утврдената примарна намера на руските тролови е промовирање раздор. Поинаку речено – руските тролови по ова прашање не настојуваат секогаш да бидат толку на страна на антиваксерите, туку ја промовираат логичката грешка наречена погрешна еквивалентност и така го уништуваат јавниот консензус за вакцинацијата. Погрешна еквивалентност (false equivalence) е логичка грешка при која се наметнува еднаквост на важност на два ставови кои инаку не се споредливи
Имено, американските аналитичари за време на епидемијата со коронаа забележаа дека во атмосферата дали народот треба масовно да се вакцинира или не, пропгаторите наастојувале да има помагаат на послабите, условно земено. Ако, да речеме, во Вајоминг преовладува јавното мислење дека вакцинацијата треба да е обврзувачка, ќе се помагаат антиваксерите во пласирање на нивните ставови. Ако, на пример, во Јута преовладува ставот на антиваксерите ќе се „туркаат наперед“ оние кои бараат масовно вакцинирање! Целта е да постои кавга, да постои силна поделеност во општеството.
ИМИТАЦИИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ВМРО ДПМНЕ како најмоќна опозициона политичка сила, да се потсетиме на нивните имитации на погоре кажаното, во услови кога имавме во земјава епидемија, одеше секогаш контра на чекорите што ги преземаше власта: полицискиот час се кршеше лично од претседателот на партијата Мицковски и тоа два пати со неговите посети на теретаните (еднаш и со присуство нас висок полициски функционер, за да не биде попатно сопрен на патот до теретаната) а третиот пат во една кафеана во т.н. боемскиот кварт кај Општина Центар, кога новинарите го фатија in flagranti како го крши полицискиот час, кога келнерите пробаа дури да срушат ѕид за да му овозможат на Мицковски да побегне без да се соочи со пресот! Мицковски демонстрираше јавно недисциплина во спроведувањето на мерките кои имаа за цел избегнување на контакти меѓу населението во точно определени периоди!! Како да ги повикуваше граѓаните кон кршење на правилата на вонредната ситуација. Или – ги повкуваше да се разболат и во голем број случаи да умрат. Бескрупулозно, нели?
Генерално, руската методика во пропагандата, која се совпаѓа со она што кај нас го прави ВМРО ДПМНЕ е да се прават контра чекори за да се намалува успехот кој може да се припише како добро владеење на политичкиот противник. Во време на големата експанзија на популарноста на министерот за здравство Филипче тој беше напаѓан дека не обезбедил вакцини, за потоа кога инјекциите дојдоа не забележавме активност на оваа партија и опозицијата во целина да ја пропагираат вакцинацијата. Напротив, претседателката на Здружението на матични лекари, инаку велешанка, прва се истопори да каже дека нема да се вакцинира и потоа не се симна од малите екрани како експерт за било кој зравствен проблем, како награда белким а истата е активист на ВМРО ДПМНЕ. Само како илустрација. Не добивме оградување од ваквиот настап на здравствен работник…
АНТИВАКСЕРИ ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА ПА И ПРОТИВ „БУГАРСКИОТ ПРЕДЛОГ“ Ние генерално и кај вакцинацијата постојано имавме пропаганда на антиваксерите во било каква прилика на протест, макар со десеттина луѓе пред Владата а дел од истите ги забележавме и кога беа оние жестоки протести против „бугарскиот предлог“ пак пред Владата и Парламентот со многу повредени полицајци патем? Што има врска антиваксерството со една класична политичка опозициона жестокост, ќе речете. Има, бидејќи едно од строгите руски правила гласи дека не смее да се дозволи „ослободување од жестокоста и насилството“ како принцип на кој треба да се одржува високата температура во општеството, констатира еднаш споменатиот аналитичар Георги Лозанов.
Па зарем не гледате што се случува во оваа земја после изборите во декември 2016 година, од т.н. „ноќ на долгите ножеви“ (фамозната Валентина Божиновска, која мина неказнето), па се до последните протести на пензионерите кои се одржуваат по секоја цена, иако е очевидно дека истите не наидоа на поддршка меѓу оваа социјална структура. По неколкуте денови без протести одново се врши политичка пресија тие да продолжат а единствени кои се постојани асистенти во тие настани се нашите медиуми, одново со папочна врска со Шампитата. Ако треба и со десет пензионери ќе се блокира сообраќајот на некоја важна сообраќајница ама треба да има врева и нервоза. Само високите температура (и проблематичните здравствени состојби на староста) не се совпаѓаат со планерите на социјалното незадоволство, но тие драматурзи се гледа немаат милост!
ЖИВОТ ВО ОПШТЕСТВО НА ПОСТ-ВИСТИНАТА Би можеле да одиме многу во детали и разработки на руската стратегија во политичката пропаганда против европските интеграции а секако и против НАТО како стратешки сојуз. Ние сме постојани жртви на истата кремљовска школа преку домашни демонстратори. Крајната цел е секако една длабоко антидемократска прагма – македонските граѓани да живеат постојано во општество на пост-вистината.
Да се потсетиме. По изборот на збор на годината во 2016 година Оксфордските речници решија да го прифатат овој збор – „пост-вистина“. Истиот беше актуелизиран во контекст на Брегзит и претседателската трка во САД. Целосното име е „пост-вистинита политика“ како термин кој означува таква политичка (не)култура во која дебатите се базираат не врз факти и конкретни политички ставови, туку врз реторика која удира на чувствата. (https://mk.warbletoncouncil.org/posverdad-378.)
Обично се нагласува дека пост-вистината не е е исто што и лажењето – вистината во ваквиот вид водење политика е едноставно од секундарно значење. За разлика од други кованици со „пост“, која означува време по одреден настан, овде „пост“ повеќе значи „време во кое одреден концепт загубил на значење или станал нерелевантен“.
Една од стратегиите на „пост-вистинитата политика“ е упорно повторување на некоја поента, иако таа се покажала како невистинита.
„Пост-вистинита политика“ е термин кој означува таква политичка (не)култура во која дебатите се базираат не врз факти и конкретни политички ставови, туку врз реторика која удира на чувствата. Ова не е исто што и лажењето – вистината во ваквиот вид водење политика е едноставно од секундарно значење. За разлика од други кованици со „пост“, која означува време по одреден настан, овде „пост“ повеќе значи „време во кое одреден концепт загубил на значење или станал нерелевантен“.
КАКО „БУГАРСКИ ДИКТАТ“ СТАНА НЕРЕЛЕВАНТЕН ЗБОР Последните настани поврзани за блокада на нашите евроинтеграции од страна на Мицковски и екипата е израз на токму таквата политика. Имено, постојано се повторуваше од страна на споемнатиот десничарски круг и тоа со недели, месеци па вече и години наназад дека македонскиот народ треба да се соочиме со „бугарски диктат“ и да не го прифатиме преку практично одбивање на европскиот план за отпочнување на преговорите. Нагласката е дека е бугарски (значи даден од еден наш архи-непријател) но и дека е во форма на диктат, претставува условување!
Кога Брисел јасно кажа дека тоа не е бугарски диктат туку негов, европски план и дека е поставен во стилот „земи или остави“ (последен пат пред некој дена на собирот на врвните европски политичари во Атина), Мицковски ја сврте реториката: говори за тоа дека „тој и партијата“ не прифаќаат притисок од … Европскса унија! Значи притиснат до ѕид, пред јавноста и можните сили против него тој покажува (признава) која е вистината за „матилчниот број“ на прелдлогот,. но во .контекст на пост-вистинаста ја претвора истата (вистината) во нерелеватна позиција. После толку минато време рефренот „бугарски диктат“ станува истовремено и длабока невистина ама и станува – условно – нерелеватен за оние кои ја користеа до бесконечност. Или така се чинеше до почткот нa неделава!
Јавноста секако е измамена. Не можам да не се сетам и на нашите колеги кои толку силно говореа преку медиумите против тој предлог како тој да е вистинит, имајќи клучна улога во оваа пропаганда. Се чувствуваат ли тие измамени? Имаат ли нешто да и кажат на измамената јавност сега? Ќе се посипаат ли со пепел?
Да не заборавиме дека оваа пропаганда која ја наоѓаме и во Кремљ и во Шампитата е како да се произведуваат политички месечари. (сомнамбулисти) од гласачите. Преку перфидноста на методите ќе ги водите своите гласачи, несвесни до одбивањето на предлогот („бугарскиот ултиматум“) за тие еден ден да се рзбудат во сосема нова и неочекувана стварност. Сигурно е дека многумина ќе речат дека не мислеле дека последиците ќе бидат тие. Мислеле ли тие воопшто?