Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВМРО-ДПМНЕ ЕДНО ПРЕД ИЗБОРИ, ДРУГО КОГА Е НА ВЛАСТ

November 12, 2024 Filed Under: Македонија

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој празни флоскули на бранот на патриотизмот, што е недозволиво во политиката да се докажуваме на граѓаните кој е поголем патриот – вели Соња Лукаревска

ЛУКАРЕВСКА Не обвинува дека душмански и расипнички го трошиме буџетот а еве сега ќе расоправаме за нивниот буџет и може да правиме споредби

ВМРО-ДПМНЕ, едно говореше и ветуваше во кампањата, а сега сосема поинаку се однесуваат, откако се на власт, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во утринската емисија во Слободен печат.

– Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа, а сега слушнавме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на надворешната политика, додека пред тоа говореа дека ќе има ревидирање. За одредени работи поврзани со надворешната политика слушавме еден наратив додека беа во опозиција и бевме жестоко обвинувани за сите чекори коишто ги преземавме. Сега прават поинаку, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.

-Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека  расипнички  и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта“, рече Лукаревска.

Во однос на предвремените парламентарни избори, таа потенцираше дека СДСМ е подготвенa за предвремени парламентарни избори.

-Подговени сме. По овие внатрешни процеси што се прават во партијата, тоа за нас не менува ништо бидејќи секако се подготвуваме за локалните избори коишто треба да се одржат во октомври и доколку има вонредни парламентарни избори подготвени сме да ја прифатиме фрлената ракавица, рече Лукаревска.

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet