Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВМРО ДПМНЕ НЕ3 САКА РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО, ТУКУ НЕГОВО ПРЕЗЕМАЊЕ

August 19, 2024 Filed Under: Македонија

Коментар на лидерот на СДСМ за намерите на владеачката партија во однос на судството

ФИЛИПЧЕ Она што ЕУ го побара кај нас кај судските реформи ние започна вме да го спроведуваме

„Во најавите на владата на премиерот Христијан Мицкоски за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, не гледам искрена намера за реформа туку за кроење на судството по потребите на ВМРО-ДПМНЕ“, ова е една од темите на која зборува претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот Фокус.

„Ставот на СДСМ е дека каква било реформа во правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа нè учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби“, вели Филипче во интервјуто.

Неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ го препознаваат и граѓаните, смета Филипче и додава дека пред јавноста се зборува едно, а зад врати се прави друго. Доказ за тоа е разногласието околу темата за распуштање на советите, смета Филипче.

„Само што стигна информација дека Владата писмено се согласила да не ги распушта Советите на обвинители и судии како дел од реформската агенда, веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ излезе на прес конференција и рече дека не се откажуваат од таа намера“, појаснува Филипче.

Голем дел од реформската агенда која ја определува ЕУ е веќе воспоставена од Владата на СДСМ и според Филипче, таа не е променета и сега. Затоа, вели Филипче, не разбира зошто владејачката партија има потреба да ги лаже граѓаните.

„На никој не му е јасно зошто е потребно да се лажат граѓаните и да се создава конфузија. Инаку, за темата распуштање на советите уште кога беше на власт СДСМ, имаше јасна порака од меѓународната заедница дека таквиот чекор е неприфатлив и дека постои огромен ризик од политичко влијание“, вели Филипче.

Владата на СДСМ беше сериозна во реформите во правосудството. Имаше Стратегија за реформи во правосудството, а беа донесени и над 20 закони или законски измени во оваа сфера.

Ова го вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“. Според него, реформата на правосудството не е само неопходна за државата и за граѓаните, туку е и обврска од агендата за пристапување во ЕУ.

Во интервјуто, Филипче наведува и други чекори што се однесуваат на реформската агенда за правосудството, а кои ги спровела Владата на СДСМ.

„Впрочем Владата на СДСМ беше таа која побара Брисел да испрати оценска мисија за Судскиот совет и согласно препораките на европските експерти почна да се работи и на измените на законот за Судски совет. Успешно се спроведе скринингот за Поглавјата 23 и 24 и беше подготвен и прифатен од Брисел и Патоказот за владеење на правото како една од клучните обврски за преговорите со ЕУ. Сите овие резултати не се занемарување и покажува дека СДСМ сепак имал искрена намера во однос на процесите во правосудството“, вели Филипче.

Најавите за дестабилизација на државата иницирана од ДУИ, катастрофалната реформска и економска политика демонстрирана на самиот почеток на работата на новата Влада, состојбата во СДСМ, нејзиното консолидирање и повторно парирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и анализа на многу актуелни политички случувања и прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес се дел и од другите теми во интервјуто за неделникот „Фокус“ со претседателот на СДСМ, Филипче.

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet