Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВОДЕЧКИОТ ЕКОНОМИСТ ВО СВЕТСКАТА БАНКА: ЕКОНОМИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВИТАЛНА

April 22, 2024 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Водечкиот економист на Светска банка за регионот на Западен Балкан, Ричард Рекорд, во интервју за Гласот на Америка изјави дека постои внимателен оптимизам кога станува збор за економската состојба во таа област. Тој, сепак, предупредува дека регионот сè уште се соочува со ризици, вклучувајќи ги и последиците од руската инвазија на Украина, на која не и се гледа крајот.

РИЧАРД РЕКОРД Три работи влијаат на балканските економии – кризата во Западна Европа, диознаките кон населението од странство и војната во Украина

Во економскиот извештај објавен во пресрет на пролетната сесија, Светска банка прогнозираше пораст на економскиот раст на Западен Балкан. Дали сте оптимисти или претпазливи за актуелната економска состојба во регионот?

– Би рекол дека има внимателен оптимизам. На Западен Балкан забележавме раст од 2,6 отсто во 2023 година, кој годинава ќе зајакне на 3,2 отсто. Особено кога ќе видите дека растот во еврозоната беше 0,6 отсто минатата година, тоа покажува фундаментална издржливост. Сè уште би сакале да видиме дека растот се забрзува и регионот сè уште се соочува со одредени ризици.

Во извештајот се наведува дека на овие ризици може да влијае поголема геополитичка неизвесност. Како што знаеме, не и се гледа крај на војната во Украина, ниту на конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток, кој се заканува да прерасне во поширок регионален конфликт. Како овие кризи можат да влијаат на регионот, особено на војната во Украина, во врска со која во извештајот се споменува можно големо негативно прелевање од кризата?

– Постојат голем број фактори. 70 отсто од трговската размена на просечната економија на Западен Балкан е со Европската Унија. Затоа, регионот е засегнат од она што се случува во Европа, кога станува збор за побарувачката на стоки, извозот, трговијата, приливот на инвестиции, како и услугите. Регионот има корист и од туризмот и дознаките од странство. Затоа, какви било последици од руската инвазија на Украина, а видовме повисоки цени на енергенсите, нафтата и уште еден нагло зголемување на инфлацијата, што влијае на деловната доверба и растот во Европската унија, секако ќе се прелеат и на Западен Балкан.

Значи, колку подолго трае војната, толку е поголем ризикот за регионот?

– Да. Сепак, и покрај овие предизвици, фактот што регионот успеа да забележи раст со умерена стапка покажува дека постои издржливост и можеби основа за внимателен оптимизам.

Кои се некои други ризици за тој раст?

– Се грижиме за финансиските пазари. Во целиот свет сега се зборува за подолго задржување на повисоките каматни стапки. Централните банки се загрижени дека инфлацијата може да не падне или да се врати на планираните стапки потешко отколку што очекувавме пред неколку месеци. Ова е важно за земјите во развој, особено во Западен Балкан каде трошоците за финансирање често се високи. Дел од земјите имаат банкноти на еврото кои достасуваат. Тоа влијае на владите во однос на трошоците за финансирање. Тоа влијае на бизнисите, колку можат да инвестираат, а потоа и на сопствениците на имот кои имаат хипотеки. Ако имаме повисоки камати на подолг период, тоа ќе ја намали економската активност.

Спомнавте инфлација. Високата стапка на инфлација е проблем во регионот и остатокот од светот во последните години. Според извештајот, стапката на инфлација во февруари годинава паднала на 2,8 отсто од речиси 15 отсто претходната година. Но, граѓаните се уште се соочуваат со високи цени кога одат на пазарење. Како го објаснуваш тоа?

– Тоа е веројатно вистина насекаде, нели? Луѓето често мислат дека кога стапката на инфлација паѓа, тоа значи дека цените паѓаат. Не значи. Тоа значи дека темпото на раст се забавува, но цените сега се на ново повисоко ниво. Тешко е. На почетокот на кризата, особено со високите цени на енергенсите, владите имаа многу програми за да го компензираат тоа и тие главно се откажуваат сега. И тоа е предизвик. Во овој извештај имавме интересни бројки за ранливоста. Откривме дека до 50 отсто од домаќинствата во Западен Балкан имаат заштеди што би покривале помалку од еден месец доколку го загубат својот примарен извор на приход. Затоа, не е чудно што домаќинствата се нервозни кога ќе забележат повисоки цени, а заштедите им се намалени во изминатите неколку години.

Дали мислите дека овие високи цени ќе траат подолго?

– Мислам дека не се очекува никаде да паднат цените. Она што се надеваме е дека стапката на инфлација ќе се врати на нивоата поставени од централните банки во регионот. Тоа се уште не е постигнато и мислам дека ќе биде голем предизвик во текот на следната година. Сепак, животниот стандард се подобрува на среден рок со стабилност на цените, враќање на растот, поголемо учество на работната сила, плати и продуктивност.

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet