Веќе сме заборавиле но планот за земање на Украинки за еегени во Поречието, иако „спонзорирано“ се прекина токму со отворањето војна во Донбас од страна на Русија
Група од 20 неоженети Македонци од Македонски Брод требаше да заминат во полупразен автобус во Украина со надеж дека ќе го наполнат со невести. Оваа беше дел од вестите кои се заредија од Поречието а ги отворија новинарките на Ал Џазира. Се работеше за група од 20 неоженети Македонци од Македонски Брод, секако само за почеток, кои требаше да патуваат со празно автобуско сдиште до себе, во кое евентуално, ако би имале среќа да дојде со нив идната невеста. Тогашниот градоначалник Милосим Војнески беше своевиден спонзор на таа идеја, сметајќи дека депопулацијата на општинбата е проблем а таа може да се спречи со надминувањето на нееднаквиот број на ергени со слободни девојки во Брод. Тој собра одреден број на кандидати за „екскурзија“ во Украина.
„Два дена ќе трае средбата во Украина и ќе можат на кратко да се запознаат. Ние велиме – да си се бендисаат еден со друг. И се надевам дека секој ќе одбере по една девјка и дека сите ергени ќе се вратат во селото со невести“, рече тогаш Војнески пред камерите на Ал Џазира..
Во тој круг влезе 46-годишниот Коце Велески од селото Брест (денес би имал 54 г.) кој сам го водел домаќинството. Тој беше еден од кандидатите за женидба. Веруваше дека во Украина го очекува најубаво изненадување.
„Не си човек без другата половина. Да се формира семејство, да се направи круг – тоа ми е целта“, вели тој.
Формално средбата на неоженетите мажи ја организираше невладината организација која го негува македонско – украинското пријателство. Ергените од Македонски Брод ќе ги посетат руралните краеви во Украина, каде, како што велат, има повеќе жени отколку мажи. Во тој миг на селто Брест му се заканувало затворање на училиштето. Синот на Алида Трпковска е еден од четворицата ученици. Оваа жена од Албанија пред неколку години се омажила во ова планинско село.
„Овде нема работа, другото е инаку добро. Маж ми нема работа, јас работев пред да се омажам, но што да се прави“, вели Трповска.
Пред 30 години за време на Југославија, во општина Македонски Брод немаше невработени. Но сега во градот не работи фабриката за производство на паркети, некогашен симбол на овој регион. Тоа е причината што девојките одат во други краишта, Во2013 година во општина Македонски Брод се родиле само 47 бебиња, а 100 граѓани починале. Значи двојно е помал бројот на новородените во однос на починатите.
Но, што се случи потоа?
„Kонфликтот во Украина ги погоди осамените ергени во Македонија затоа што поради војната во оваа земја не можат да отидат таму и да си изберат невеста. За некои мажи во изолирани заедници, немањето жена значи живот во апсолутна осаменост“, пишува американскиот сајт „Vocativ“, со седиште во Њујорк.
Македонски Брод е општина со 8.500 жители која опфаќа и десетици села, кои во соработка со македонската амбасада во Киев, кде, се објаснува медиумот, договорил мажи на возраст помеѓу 35 и 50 години да заминат на платено патување со автобус до Украина за да ја најдат идната сопруга.
„Потребна им е помош”, изјавил Војнески за „Vocativ“ . „Ако си најдат жена, ние како општина ќе ја платиме и свадбата“ рекол тој.
Нискиот наталитет предизвикува очај во руралните заедници низ Европа, а проблемот е особено акутен во малата балканска земја Македонија, со население од само два милиони, каде што жените ги напуштаат селата и се мажат по градовите, оставајќи ги селата полни со ергени.
Во репортажата се зборува и за селото Брест. Инцијативата на градоначалникот за патување во соседна Албанија за наоѓање на сопруги даде резултати – за 4 години договорени беа 78 албански невести и од тие бракови беа родени 109 деца.
Сепак, „Vocativ “ потсетува дека уште 23 мажи во селото се ергени, а жени нема. Дел од нив рекле дека воопшто не им е важно од која земја ќе биде идната сопруга. Неколку десетици села во Македонија се речиси целосно напуштени.
Ете како агресијата врз една братска земја направи колатерални штети и во Македонија.