Овој необичен иноватор направи експеримент што го откри пред своите пријатели. Тоа е секако опсесија на еден обичен занаетчија. Инаку, во светот има поскапи и пофасцинантни примери. Се зависи од џебот
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Воин Кушиќ (69), приватен претприемач од Српци, за време на неговиот работен век дизајнирал голем број пластични предмети. Но она што го презентираше годинава го надминува досегашниот негов свет на новотарии – тој подигна куќата за која не се знае дека има „копија“ во неговата држава а и пошироко.
Идејата за ротирачка куќа се родила пред половина век на железничката станица во Белград, додека Воин ја гледал свртничката плоча за локомотиви и вагони.
Во својата компанија за производство на пластични предмети, тој вработува 39 работници, а на својата кадровска листа ги вклучил своите деца, ќерките Снежана и Наташа и неговиот син Витомир.
– Кога видов дека децата го преземат производството, се фрлив во реализацијата на идеи од младешките денови. Почнав како р’т да си собирам неопходни алатки и материјали за изградба на куќата која се врти. Во мојата глава имав свој проект, без помош на архитекти, на локација што ја одбрав за изградба, а таа е 200 метри од семејната куќа”, вели Воин. –
Децата ме убедуваа да се откажам од оваа идеја, но кога виоа дека сум упорен и дека не сопирам и тие се нафатија да ми помогнат. Особено во најтешкјото – копањето на темелите, каде треба да се најде и механизмот кој ја врти куќата.
Воин изградил шестоаголна основа врз која поставил самиот 12 валци од стар воен транспортер, а капацитетот на носивост на секој од нив е пет тони. „Ставив кружна патека со валци со лежишта и брзини и сите поврзани со моќен мотор со редуктор. На таков темел подигнав приземје и уште еден спрат, се со лесни материјали, како сендвичи од ламарина, со стаклена волна како изолација, а згора ставив заради атракција кинески покрив“ – објаснува Кусиќ.
Куќата се врти околу себе еднаш на секои 24 часа, но тоа може да биде многу брзо, со обрт кој трае две и пол минути. Воиновиот проект доби само пофалби а тој е среќен што остварил една идеја.
– Има ли нешто поубаво од тоа од еден прозорец да се види и изгрејсонце и зајдисонце? – прашува тој. – Го гледам целото село, како и соседното кое е преку реката Сава, во Хрватска.
Еднаш довел пријател на ракија во куќата и не му кажал за што се работи. Незабележително го вклучил моторот кога гостинот рекол дека нешто во него вата глава не е во ред – му се врти во главата, бидејќи гледал како се менува пејсажот а не можел тоа да го објасни. Подоцна прекорувањата се завртеле спротивно – дека нешто не е во ред со Воиновата глава.
Но секако има и многу поиновативни, така да се каже со т.н. ротирачки куќи. Студенти на Универзитетот во Карлсруе во Германија креираа проект – флексибилна куќа која функционално го искористува целиот простор и својот мал ентериер на еден необичен начин.
„Рол ит“ е дом со цилиндрична форма кој го менува својот облик во зависност од ориентацијата – во неа елементите буквално се тркалаат низ куќата, така што доколку го свртите работниот простор за 180 степени ќе добиете кревет, кујната станува тоалет, а дури има и простор каде би можело да се вежба.
Студентите Кристијан Звик и Константин Јерабек дошле до оваа идеја работејќи на проект кој ги истражува „мобилните и просторно ефикасни конструкции“. Експерименталниот дизајн се состои од надворешен оклоп кој има поддршка од четири прстени и внатрешна мембрана во вид на школка. Тенки дрвени летви се монтирани на надворешниот оклоп, така што и дозволуваат на површината да може да се тркала.
Дизајнот вклучува и неколку независни просторни решенија. Бирото и просторот за работа се претвораат во простор за спиење со душек, додека пак постелината може да се стави во просторот одоздола. Во предниот дел се лоцирани тоалетот и лавабото, а има дури и шпорет. Тоалетот е така монтиран, што независно од тоа дали куќата ротира или не, тој останува на исто место. Иако оваа експериментална куќа со димензии 2 х 3 метра можеби не е најудобната варијанта за живеење, но ни дава можност да ѕирнеме какви можеби ќе бидат иновативните домови во иднина.
Во Австралија е направена куќа која ги обединува концептите на одржливиот развој, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Џон Адриоло имал желба да направи дом кој постојано ќе го следи сонцето, и бил упорен во напорите тоа да го оствари. Џирасол е првата ротирачка куќа во Австралија. Добила име по италијанските зборови „gira“ – да се движи и „sole” – сонце.
Направена е по примерот на првата ротирачка куќа изградена во Италија (во Верона). Целата конструкција на куќата е конструирана така што може да ротира во полн круг од 360 степени. Идејата е мошне едноставна – во текот на зимата куќата го следи сонцето на хоризонтот и ја користи сончевата енергија за пасивно греење. Во текот на летото куќата се врти обратно од сонцето, со цел да ги избегне топлинските добивки од сончевото зрачење.