Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВОИСЛАВ ШЕШЕЉ: ВОЈВОДА ЗА ГАЗЕЊЕ И КОЛЕЊЕ

August 6, 2019 Filed Under: Свет

Сите надлежни српски установи го третираат Шешељ како личност за кого не важи законот, како за другите луѓе. Тој имено не би требало ни да седи во Парламентот врз основа на член 88 од Законот за избор на народни пратеници – во Парламентот не би требало да биде личност која е „правосилно осудена на казна затвор безусловно во траење од шест месеци“

ТАМАРА СКРОЗА

ПРЕКОМОТЕН Шешељ после секој скандал е се посилен и посилен, знае дека никој ништо не му може

Овие денови многу се говори за претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ. Сосема заслужено, би се рекло – тој среде Парламентот најгрубо ја навреди новинарката на „Данас“ Снежана Чонгредин, за подоцна на Твитер да повика на силување на активистката за равноправност Бранкица Јанковиќ. Целата работа меѓутоа остана како и обично проследена со молчење и со статус кво, до некој следен скандал. И така еве веќе 30 години.

Званично засега има два прелози. Првата иницијатива е од претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ а вториот од заштитникот на граѓаните Зоран Пашалиќ (додуша и тој се јави после седум дена).

Осудувајќи го настапот на пратеникот Шешељ Маја Гојковиќ во изјава за Инсајдер ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието и заеднички да донесат нов деловник и етички кодекс, што би оневозможило во иднина да доаѓа до вакви случаи. Инаку носење на таков кодекс со години го бара организацијата Греко, па во минатиот состав е направен Нацрт а во новиот е формирана Комисија… За фалење е трудот на Маја Гојковиќ ама таа може да интервенира и по постојниот деловник – да му нареди на пратеникот а престане да говори, да го оддалеч од собраниската сала и така да спречи говор на омраза, за шро говорат членовите на деловникот, од 107 до 116.

Вториот предлог, оној на Пашалиќ е побесмислен. Тој побара воведување на систем кој нема да овозможи вакви испади во Собранието. Не се споменува однесувањето на Шешељ, ниту фактот дека постојат закони и други акти со кои токму Пашалиќ може да дејствува.

Па ако законот јасно дефинира што е тоа навреда или клеветење, што ќе ни се нови закони? При тоа нема на светот парламент каде некој може да се заканува дека ќе убие некого со џип на кој се намонтирани тенковски гасеници. Или да ги повикува брадестите и неискапени мажи сексуално да ја напатствуваат Бранкица Јанковиќ?! Зошто тогаш ни требаат нови документи?

Сите надлежни српски установи го третираат Шешељ како личност за кого не важи законот, како за другите луѓе. Тој имено не би требало ни да седи во Парламентот врз основа на член 88 од Законот за избор на народни пратеници – во Парламентот не би требало да биде личност која е „правосилно осудена на казна затвор безусловно во траење од шест месеци“

СНЕЖАНА ЧОНГРЕДИН Најгруби навреди конновинарката на Данас

А Шешљ во 2018 година е осуден на цели десет години, кога Жалбениот совет на судот во Хаг го означи за виновен за поттикнување на депортација и прогон на Хрватите од Хртковци. Бидејќо во затворот веќе минал 12 години тој се смета себе си за слободен човек, но никако не би смеел да биде пратеник. Кога отворено му скрена внимание на ова праеничката на Демократската партија Александра Јерков, грубо беше навредувана а потоа на својата клупа во Парламентот доби напишана закана „Курво усташка!“. Никој не ја зема во заштита, никој не се осврна на ова беззаконие, па ете одново се сретнуваме со она со што се сретнуваме.

Практично од денот кога се појави на политичката сцена Шешељ неказнето тепа, се заканува и навредува. Неказнето во 1992 година удри со тупаница еден таксист кој беше штрајкувач, потоа неказнето нападна учители кои демонстрираа пред Собранието, па неказнето влезе во зградата на Собранието со револвер во раката, со кого претходно им е закануваше на студентите.

Истата таа 1992 година неказнето влзе во студиотото и среде Дневникот прочита список на лица кои треба да се истераат од таа установа бидејќи „работат за странски служби, за српски издајнички партии или „за ХДЗ и ВМРО“. Неказнето мина и кога навредуваше со клевети кои просто не можат да се замислат и со кои ги почести речиси сите политички противници.

И во текот на 90-тите постоеше некаков устав, имаше закони и некакви институции, некои правила „посилни“ од пратеничкиот имунитет. Ама ништо, како и денес Шешељ е надвор од законот – за подлабоките причини може да се дискутира , но таков каков што е тој одговараше на секоја власт и на секоја и беше драгоцен во преломни моменти.

АЛЕКСАНДРА ЈЕРКОВ Доби закана во писменце поставено на нејзиното место во Парламентот

После секоја своја акција Шешељ станува посилен и поагресивен. Незаборавна епизода е дијалогот кој пред камерите го имаше со адвокатот Никола Баровиќ во 1997 година на БК телевизијата. Тој во уредничката соба, после емисијата го претепал соговорникот (тоа го сторил неговиот телохранител Петар Паниќ), иако во јавноста Шешељ се фалеше дека е тоа негово дело, ама дека поголем дел од вината ја има корка од банана на која адвокатот Баровиќ се лизнал. Инаку Баровиќ завршил во болница со скршен нос и ребро.

Времето веројатно ги залечило раните на Баровиќ, но не одговараше ниту Шешељ, ниту неговиот телохранител.

БРАДЕСТИ И НЕИЗМИЕНИ Шешељ на Бранкица Јанковиќ и посака д аја силувата врадести и неизмиени четници

Јавноста реагираше своевремено кога го понижуваше поранешниот шеф на Делегацијата а ЕУ во Белград Мајкл Девенпорт, додека говореше во Собранието а тој диригираше пеење на четнички песни на своите пратеници. Имашпе во јавноста реакции и на навредите на пратеничката Јерков, потоа на навредите на Гордана Чомиќ и министерката Зорана Михајловиќ, на неодамнешното насилство кон претставничката на на движењето Двери, па дури немаше почит  и кон починатиот колега Дејан Анастасијевиќ. Ова на крај доведе до серијал на згрозувачки навреди упатени кон Снежана Чонгредин….

 

Filed Under: Свет

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet