Префиксот Северна не значи било какво оспорување на идентитетот. Во Договорот јасно се наведува македонскиот јазик и ова е голем шок за просечен Грк. Ова е голем продор и прво распукување на националистичката идеологија во Грција и затоа е голем проблем за просечен Грк да прифати македонски јазик. Овие две точки во Договорот, македонската националност или државјанство и македонскиот јазик се проблем за просечен Грк
БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ
Во почетокот на август во Лерин се сретнав со Павлос Воскопулос Филипов, лидер на движењето Виножито кое ги застапува правата на Македонците во Грција. Дождливиот ден го искористивме за еден подолг разговор на многу теми.
Павле е секогаш интересен соговорник со кој често сме разговарале за теми поврзани со предизвиците на современата македонска кауза. Разговаравме долго меѓу другото и за сложените семејни односи во семејството Воскопулос во кое Павле е лидер на едно движење кое се залага за правата на Македонците, а неговиот близок роднина, прв братучед, локален функционер од редовите на десничарска партија. Павле вели дека неговиот случај не е единствен и во тој контескт го цитира американскиот антрополог Дени Данфорд кој се занимавал со прашањето на Македонците во Грција и кој во својата книга забележал: “ Во секоја фамилија во малцинскиот регион во северна Грција едниот брат е Грк, другиот Македонец а третиот нешто помеѓу” .
Павле со насмевка инсистираше на овој цитат, а неговото инсистирање на ова ми стана појасно откако го завршивме разговорот кој во целост ви го пренесувам во продолжение. Верувам дека и вас како на наши читатели ќе ви стане појасна оваа негова, според мене, драматична порака.
НОВА: Каква е вашата анализа и коментар за содржината на грчко македонскиот договор околу спорот за името?
Воскопулос: Јас лично и Виножито излеговме со став како граѓани во Грција и се надеваме дека ќе се направи чекор напред со овој договор. Веруваме дека договорт дава позитивен инпут за владите и граѓаните во двете држави. Ако навлеземе во идеолошките елементи на договорот сакаме да потецираме два важни сегмента. Од една страна знаеме сигурно дека вопшто не станува збор за националните идентитети. Никаков проблем и рефелксија нема овој договор врз националниот индентитет. Префиксот Северна не значи било какво оспорување на идентитетот.
Мислиме дека тоа воопшто не влијае врз националниот идентитет. Ние сметаме дека македонскиот национален индеитет е загарантиран секаде во светот. Цел свет го признава и тоа го знаеме добро. Грција и Бугарија имаат внатрешен проблем со македонското прашање. . Кога станува збор за национален идентитет нема да има никаков проблем, но исто така сакаме да потецираме дека настојуваме да гледаме напред и да има мир за следните генерации.Но, со овој тип географски префикс имаме мала резерва. Некој Германец или Италијанец ако слушне на пример за Севрена Лапонија, тоа му прави асоцијации дека има и јужна , исто така може да се запраша зошто е поделена земјата на јужна и северна или да има други некои асоцијација кои од зависнот од властите во двете држави.
НОВА: Дали признавањето на макдонскиот јазик во овој договор сметате дека е некакво пробивање на “бункерот” на грчкиот национализам?
Воскопулос: Ова е навистина мал продор или вид пукање на како што велите бункерот на грчката националистичка иделогија. Со овој Договор индиректно или директно станува збор за признавање на македонштината . Во Договорот јасно се наведува македонскиот јазик и ова е голем шок за просечен Грк. Ова е голем продор и прво распукување на националистичката идеологија во Грција и затоа е голем проблем за просечен Грк да прифати македонски јазик. Овие две точки во Договорот , македонската националност или државјанство и македонскиот јазик се проблем за просечен Грк кој не е информиран и едуциран за да знае за што станува збор . Самиот договор во овие две точки е размрдување и удар на грчката националистичка идеологија. Ова им дава предност на грчките либерали и демократи да признаат поинакво поимање на македонштината од она што ги учат во школите.
НОВА: Со Договорот се наложува да се брише член од Уставот кој се однесува на грижата за малцинствата во соседните држави. Каков е ставот на Виножито за овој член од Договорот? Или како овој член кој сега постои ви помага во остварување на вашата кауза?
Воскопулос: Според мене воопшто не треба една држава да се меша во работите на друга држава за малцински прашања ако сакаме да имаме добрососедски односи. Од друга страна ние ова го сметаме за грчки автогол . Ова ме асоцира на договорот со Бугарија. Знаеме дека во Уставот не станува збор за грижа на за малцинство во Грција. Во Уставот никаде не се споменува Грција. Е сега, Грција бара да се промени еден член во Уставот, а познато е дека официјалниот став на Атина е дека нема македонско малцинство во Грција. Ние сметаме дека македонскиот национален индеитет е загарантиран секаде во светот.
НОВА: Ги следев локалните избори пред неколку години во Грција. Од една страна беа кандидатите на десницата поддржани од црквата со искучителни грчки националистички истапи. Од друга страна беа либералите. Се изненадив кога видов дека голем процент од населението во овој регион на Лерин гласа за грчки националисти. Зошто?
Воскопулос: Поголем дел од населнието тука е асимлирано. Има околу 500 села во северна Грција каде може да видиш некој траг од македонскиот идентитет, но од таму до некоја еманципација за малцински права и воведување на македонски јазик ќе видиш дека нема капацитети, нема критична маса која ќе го поддржи тоа.За нас е важно Македонија да напредува. Замислете една хипотетичка ситуација. Македонија оди напред, станува развиена, има висок стандард, членка е на НАТО и ЕУ, а Грција на пример заостанува зад неа. Во тој случај јас не би исклучил дека во ова хипотетичко сценарио луѓето овде ќе се охрабрат да ги побараат своите јазични и малцински права погласно и организирано. Затоа, верувајте, грчката политика има уплав од една таква варијанта. И во тој уплав се кријат и нивните барања за промена на членовите во Уставот кои се однесуваат на нас. И затоа нас не интересира напредна и европска Македонија.
НОВА: Целиот процес околу склучувањето на овој Договор и улогата на меѓународните фактори како да направи реминисценции на оние тегобни епизоди од граѓанската војна во Грција за улогата на Велика Британија или Русија. Какво е вашето чувство во однос на овие моменти?
Воскопулос: Ние сме благодарни на нашите европски пријатели. Ние нашата кауза ја градиме со помош на европските партии преку Европскот парламент и телата на ЕУ . За нас како Македонци и малцинство во Грција, ни е јасно дека македонската национална кауза мора да оди со западните развиени демократии. Запдот и ЕУ се нашата иднина. Познато е дека во овие општества има одредени позитивни вредности. Заеме каков е стандардот какви се демократските вредности. За нас како Виножито нема дилема и ние ја сакаме таа западна ориентација, нам не ни треба да се движиме кон оние сили кои уште го негуваат духот на тоталитаризмот. Ние сакаме да ја видиме македонштината инкомпорирана во западниот ментален склоп.
НОВА: Руската дипломатија е очигледно дека сака да изврши влијане во овој прцес . Каква е вашата оценка за оваа улога на Моска?
Воскопулос: Тое е многу негативно. Ние немаме ништо против Русите, но ова сега што го гледаме , Путин со четири, пет или не знам колку мандати, општество во кое нема демократија нема ништо заедничко со нашите заложби. Ние често повторуваме дека Македонците во РМ треба да видат што се случи со антиевропските тенденции во Србија .Ние сакаме да бидеме прагматични. Гледајте ги Албанците . Често за илустрација ја опишувам онаа слика на стар дедо Албанец со кече на главата и американско и албанско знаме во рацете. Албанците сега добија втора држава на Балканот, а од друга страна ете ги Србите кои се спротиставија на запдот водејќи се од националистички идеологии . Сега ете го резултатот на Милошевиќ. Погледнете колку време изгуби Србија и какви штети претрпе. Драги Македонци јас ви велм да бидете прагматични. Гледајте ги Словенија и Хрватска кои се определија прозападно. Тие создадоа иднина за своите генерации. Што сакате сега, Македонија да биде лоша копија на Србија? Би било навистина жално Македонија да се определи на онаа страна која не носи напредок.
НОВА: Што мислите дали Договорот ќе успеа да биде имплементиран со оглед на противењата на кои наидува како тука во Грција така и во Македонија?
Воскопулос: Не можам да предвидувам. Гледаме и следиме што се зборува, ги следиме оние проруски уназадени структури кои не сакат ЕУ, но од друга страна немат свои предлози за тоа што е алтернатива. Која е перспактивата? Каков друг договор предлагаат за да оди напред Македонија. Ние од тука не гледам алтернатива освен овој договор да биде имплементиран. Ќе се радуваме ако Македонија стане дел од западниот свет.
(Целиот текст може да се прочита на novatv.mk/voskopulos-ne-sakame-da-imame-sudbina-na-upotreben-kondom-sakame-evropska-makedonija/. Опремата е на Глобус)