Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВОЈНАТА ДОНЕСЕ СЕЛЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

March 25, 2022 Filed Under: Македонија

Две украински и една чешка фирма ќе се селат во Македонија поради војната

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ Најава се сериозни инвестии од ТИРЗ-от

Две компании кои веќе работат во Технолошко индустриските развојни зони во земјава, побарале да им се овозможи нивните фирми ќерки кои се се’ уште во Украина, да го преместат своето производството од Украина во земјава, информира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

За оваа можност било разговарано пред околу две недели, информираше директорот Деспотовски на неоденешниот брифинг со новинарите. Доколку нема промена на плановите и барањата од двете компании, нивната преселба тука би се одвивала многу брзо.

– Доколку нема промена во ова барање, за кое беше разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на производствените капацитети би се реализирал брзо, за три до шест месеци, изјави Деспотовски и додаде дека иако не треба да се радуваме на вакви ситуации, бидејќи се поради украинската криза, ќе им излеземе во пресрет на компаниите, појасни директорот на ТИРЗ.

Станува збор за фирми кои заеднички имаат потреба од безмалку 3.200 вработени. Првата компанија би имала потреба од вработување на 2.000 лица, а втората би требало да ангажира околу 1.200 вработени.

На презентацијата за зелени економски зони вчера во ТИРЗ и една Чешка компанија пројавила интерес за преместување на своето производство од Русија. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија.

Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна Европа, сега да се префрлат во Северна Македонија.

Во земјава се токми да инвестира и компанија од САД

Тој додаде дека има најави и за други вложувања од компании кои планирале таму да се прошируваат, но сега ги менуваат плановите.

– И менаџер на американска компанија ни доаѓа на почетокот на април на средба за евентуална реализација на инвестиција во Македонија. Во прашање е сериозна компанија која сака да инвестира во овој регион. Ние имаме планови за развој на зелена зона во Гевгелија, која се планира да биде со постапка на јавно-приватно партнерство.  А за индустриска зона Скопје 3 се планира да биде зона за инвестиции од исклучиво висока технологија, а и оваа зона би била доделена преку јавно-приватно партнерство, изјави Деспотовски.

ТИРЗ ЗОНАТА Постојните фирми ги повлекуваат своите фирми – ќерки од воената зона

Извозот за првпат над три милијарди евра

Во првите два месеца од годинава, забележан е пораст на извозот и на увозот од компаниите во ТИРЗ, во однос на истиот период лани, а исто така, има  зголемување и во февруари во однос на јануари годинава. Деспотовски  обелодени дека, за првпат, извозот надминал сума од три милијарди евра и дека нема застој во инвестициите, и покрај кризата. Дел од компаниите најавуваат дури и проширување на капацитетите.

– За над 35 проценти е зголемена исплатената државна помош кон фирмите во зоните, што укажува дека државата има капацитет навреме да си ги исполнува обврските кон инвеститорите и дека инвестициите се реализираат со забрзана динамика. Во изминатите 15 месеци на две компании во два наврата предвреме им беше исплатена државната помош, бидејќи и тие предвреме ги исполнија обврските за предвиденото ниво на инвестиции и достигнувањето на одредениот број работни места, нагласи Деспотовски.

 

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet