Бирократската гломазност и недостигот од вакцини предизвика зголемена фрустрација ширум Стариот континент. Во ЕУ, каде засега има по две дози за 100 Европејци, споредено, за седум луѓе во Америка и за 11 жители во Британија.
Во моментов има ерупција на „вакцинска војна“ меѓу Британија и ЕУ откако Брисел побара десетина милиони дози од вакцината против Ковид-19, резервирани за Британија, и произведени од британскиот фармацевтски гигант, да бидат пренасочени кон Европа за да се излезе во пресрет на ветеното снабдување за ЕУ. Ваквото затегнување на односите меѓу ЕУ и компанијата Астра Зенека го истакна на виделина проширениот национализам врзан со вакцините.
Тој национализам го поттикна фармацевтскиот гигант, кога најави дека ќе го намали снабдувањето со вакцини, за Европа до крајот на март, и тоа од 80 на 31 милион дози.
Ваквото намалување ќе се одрази на и онака бавниот и хаотичен почеток на вакцинација во ЕУ, каде засега има по две дози за 100 Европејци, споредено, за седум луѓе во Америка и за 11 жители во Британија.
Бирократската гломазност и недостигот од вакцини предизвика зголемена фрустрација ширум Стариот континент. Унгарија планира да излезе од нарачката согласно прописите на ЕУ, и да побара снабдување со руската вакцина Спутник, која не е авторизирана според здравствените регулаторни тела на ЕУ.
Европската комесарка за здравство Стела Кириакидес изјави дека додека Астра Зенека ги обвинува производствените капацитетите во Европа за недостигот на вакцини, досегашните произведени дози во Британија треба да бидат пренасочени кон Европа.
Британската влада направила нарачка со фармацевтскиот гигант Астра Зенека пред три месеци.
„Ја отфрламе логиката, „кој прв нарача, тој биде услужен“. Таквото правило може да функционира во локална месарница, но не ѝ со склучен договор“, изјави еврокомесарката Кириакидес.
По средбата со виши претставници од Астра Зенека, Кириакидес, изрази жалење за „натамошната нејаснотија околу распоредот и тајмингот за достава на вакцината“ и оти очекува брза достава на бројката на вакцини, кои ЕУ веќе ги резервирала од Астра Зенека“.
Астра Зенека потенцираше за “комплексноста на процесот на производство на вакцината“, и оти ќе продолжи со напорите да достави вакцини до милиони Европејци и тоа ќе го прави без профит за време на пандемијата.
Британските таблоиди на насловните страници осамнаа со наслови „Почекајте да ви дојде редот“ и „Себичната ЕУ ги сака нашите вакцини“, пренесувајќи ја атмосферата за критиката од ЕУ.
Британски официјални лица уверија дека нарачката за вакцини за населението во Британија нема да трпи, поради проблемите со снабдување во земјите во ЕУ.
Во меѓувреме, угледен германски пратеник во Европскиот Парламент, Петер Лизе, член на комисијата за здравство, изрази негодување дека европските граѓани се третираат како „граѓани од втор ред“ од фармацевтската компанија со седиште во Британија, при што не исклучи и потенцијално „трговска војна“ меѓу Британија и ЕУ.
Ризикот од зголемен национализам со вакцините беше истакнат и од Светската здравствена организација, при што генералниот секретар предупреди дека пристапот до вакцината ги дели државите на богати и сиромашни.
Германскиот Совет за етика како аргумент за своето мислење го изнесува фактот што уште не се знае со сигурност дали вакцинираните и натаму можат да заразуваат други лица околу себе. Претседателката Алена Биукс, при претставувањето на мислењето на Етичкиот совет во Берлин, истовремено побара при натамошно снижување на бројот на инфицирани, да бидат укинати мерките за сузбивање на пандемијата кои содржат значителни ограничувања на основните права и слободи.
Специјалниот третман на вакцинираните би се сметал за неправеден, дотолку повеќе што ни оддалеку сите лица кои сакаат не се во можност да примат вакцина. Исто така, ни најновата студија на АстраЗенека не потврдува дека сите вакцинирани не ја пренесуваат болеста, истакна и портпаролката на Германскиот етички совет за пандемија, Зигрид Грауман. А тоа во догледно време нема да се промени. „Извесно време мора да продолжиме да живееме со ограничувања на контактите, а воведувањето посебни правила за вакцинираните не води кон целта“, истакна Грауман.
Меѓутоа, заменикот претседател на Германскиот совет за етика, Фолкер Лип, укажа дека приватните фирми можат да донесуваат правила кои отстапуваат од оваа препорака. Тој ги наведе авионските компании или рестораните, кои можат вакцината да ја наведат како услов за корисниците. Но, решавачки е дека претходно мора да следува генерално отворање за овие бранши, а тоа не смее да се поврзува со привилегии за вакцинираните. Лип потенцира дека не може да постои обврска за вакцинирање на вработените.
Поволностите за вакцинираните претходно ги отфрли и канцеларката.
На темата укинување на локдаунот, Ангела Меркел денеска изјави дека прво би биле отворени детските градинки и училиштата. Но, треба да се избегне ситуација училиштата да започнат со работа, а потоа поради растечки број на инфицирани повторно да мора да бидат затворени, истакна Меркел во дијалог со родители на учениците. На 10 февруари Меркел ќе се состане со покраинските премиери на советување околу продолжување на карантинот во земјата. „Се наоѓаме на последниот дел од пандемијата, но следните недели ќе бидат тешки“, изјави Меркел во дијалогот со граѓаните, останувајќи на ставот да не се врши преурането укинување на анти-Ковид мерките.
Порастот на бројот вакцинирани, како и постепеното намалување на бројот на новозаразени во Германија повторно ја разгореа дебатата дали за имунизираните граѓани треба да важат помали ограничувања отколку за невакцинираните и дали не е време за разлабавување на локдаунот.
Канцеларката настапи пред ТВ камерите само 24 часа по т.н. самит за вакцинацијата во владиниот кабинет во Берлин, на кој учествуваа најважните претставници на политиката, науката и фармацијата. Тие констатираа дека бавното темпо на вакцинирањето против коронавирус нема скоро да се забрза, производителите не можат да лиферуваат повеќе вакцини или се врзани со договори за други држави.
Пораката беше отрезнувачка, па затоа објаснувањето за ненајавеното интервју на Меркел е едноставно: канцеларката во овие денови мора да повикува на стрпливост кај граѓаните или барем да прикаже присутност. Зашто, она што германската политика го презема во поглед на пандемијата, многу луѓе ги остава целосно збунети.
Зошто на пример вакцинацијата во Израел, Велика Британија и во САД напредува со толку поголемо темпо отколку во ЕУ и во Германија? Меркел вели дека за вакцината на АстраЗенека во Велика Британија е издадена итна дозвола, но во Еропа е извршена нејзина темелна проверка, стандардна за вакви случаи: „Тоа не беше грешка, ние мора да запазуваме доверба“. Тоа пречесто се слуша од страна на владата. Но, зошто ЕУ беше значително побавна и очигледно со фармацевтските фирми лани испреговарала недоволно обврзувачки договори, Меркел и синоќа не даде одговор.
За ситуацијата во Германија –канцеларката не може да достави јасен план за вакцинација во следните месеци, колку брзо или бавно ќе се врши имунизирање на луѓето. Производителите истакнале дека продукцијата на вакцини се врши со полна пареа, а за точните количини не можат да дадат долгорочно цврсти ветувања. Меркел додаде. „Патем, ако пред една година, кога се појавија првите случаи кај нас, би ме прашале кога ќе имаме вакцина, не би прогнозирала дека ќе ја добиеме толку брзо!”
Некои набљудувачи сметаат дека рестрикциите може да бидат продолжени до април. Меркел во секој случај не објави поинаква, попозитивна порака: „Отворање за 14 дена, по што повторно би се нашле соочени со експоненцијален пораст, не би било решение“. Притоа, намалувањето на бројот на нови инфекции покажува дека мерките дејствуваат. „Тоа е добар успех, но уште немаме контрола над коронавирусот преку заводите за јавно здравје“, истакна канцеларката.
Зошто на пример вакцинацијата во Израел, Велика Британија и во САД напредува со толку поголемо темпо отколку во ЕУ и во Германија? Меркел вели дека за вакцината на АстраЗенека во Велика Британија е издадена итна дозвола, но во Еропа е извршена нејзина темелна проверка, стандардна за вакви случаи: „Тоа не беше грешка, ние мора да запазуваме доверба“. Тоа пречесто се слуша од страна на владата. Но, зошто ЕУ беше значително побавна и очигледно со фармацевтските фирми лани испреговарала недоволно обврзувачки договори, Меркел и синоќа не даде одговор.
За ситуацијата во Германија –канцеларката не може да достави јасен план за вакцинација во следните месеци, колку брзо или бавно ќе се врши имунизирање на луѓето. Производителите истакнале дека продукцијата на вакцини се врши со полна пареа, а за точните количини не можат да дадат долгорочно цврсти ветувања. Меркел додаде. „Патем, ако пред една година, кога се појавија првите случаи кај нас, би ме прашале кога ќе имаме вакцина, не би прогнозирала дека ќе ја добиеме толку брзо!”
Некои набљудувачи сметаат дека рестрикциите може да бидат продолжени до април. Меркел во секој случај не објави поинаква, попозитивна порака: „Отворање за 14 дена, по што повторно би се нашле соочени со експоненцијален пораст, не би било решение“. Притоа, намалувањето на бројот на нови инфекции покажува дека мерките дејствуваат. „Тоа е добар успех, но уште немаме контрола над коронавирусот преку заводите за јавно здравје“, истакна канцеларката.
Почетокот на годината по правило носи нови планови: одмор, патувања, семејни прослави, покани, во воздухот лебди полет. Посебно по една година во која сѐ беше поврзано со пандемијата на коронавирус. Нели политичарите лани ни ветија дека во 2021 година ќе биде сѐ подобро, кога сите ќе бидат вакцинирани?
Колку едноставна или комплицирана е можноста да се досегне оваа спасувачка сламка, во федерално структуираната Германија зависи од местото на живот. Сојузните покраини ја организираат вацинацијата во сопствена режија, па одделни од нив испраќаат писма со закажани термини за вакцинирање, додека во други, без напредни познавања на интернетот или огромна стрпливост при преоптоварените телефонски линии, тешко може да се закаже термин.
отранспарентно и поедноставо обезбедување термини за вакцинација сега треба да се постигне со т.н. Национален план за вакцинирање, кој исто така можеше да биде направен уште пред повеќе месеци.
А тоа секако не менува многу во лиферувањето вакцини. Најмалку до крајот на март скапоцената вакцина во Германијаа ќе биде ретко добро. Пред средбата кај канцеларката, се инсистираше претпријатијата да се обврзат да произведуваат повеќе вакцини. Но, производителите ѝ приредија студен туш на политиката: продукцијата на вакцини е комплициран и опсежен процес, потребни се повеќе месеци за зголемување на производството.
Локдаун без долгорочна перспектива
А што е со локдаунот? Политиката треба час поскоро да развие планови за период подолг од следните четири недели. Што ќе биде во иднина со училиштата и вработените во културата, продавниците и претпријатијата? Постојано наново поставуваните рокови кои потоа се пролонгираат предизвикуваат само несигурност. Неможноста за планирање ги исцрпува луѓето. Итно мора да им се даде перспектива.
Наместо да се одредуваат неодржливи термини, како следниот – 14 февруари, ограничувањата треба да се поврзат цврсто со инциденцијата, односно со бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена. Сојузната покраина Долна Саксонија разви ваква стратегија. Таа предвидува укинување на рестрикциите во повеќе степени, зависно од регионалниот број на случаи на коронавирус. Ваков план многу повеќе ќе ги мотивира луѓето за да дадат свој придонес во сузбивањето на пандемијата. Така се будат очекувања кои колективно може да се достигнат.
Политичарите мора да внимаваат да не ја загубат довербата на граѓаните. Според најновите анкети на јавното мислење, само секој втор Германец е задоволен од начинот на кој власта ја менаџира борбата против пандемијата на коронавирус. Поголема искреност, повеќе храброст за на граѓаните да им се пренесат фрустрирачките вистини, е тешко. Но, граѓаните ќе ги прифатат ако политичарите имаат разумен план и нудат смерници. Кога на крајот на тунелот се насетува светлина, се буди надеж. Но, дотаму сега е уште многу далеку, тунелот е уште многу долг. Кој тврди спротивно, само буди очекувања кои не се реално остварливи.