Командантот на Здружениот генералштаб на САД Џозеф Данфорд го повика сојузниците да продолжат со врз Исламската држава и Ал Каеда на Блискиот исток и пошироко
Американски воен претставник ги предупреди светските лидери дека напредокот во борбата против Исламската држава и другите терористички групи не значи нивна целосна победа.
Командантот на Здружениот генералштаб на САД, Џозеф Данфорд напредокот во борбата против Исламската држава во Ирак и Сирија го нарече „охрабрувачки.“ Сепак тој ги повика американските сојузници да продолжат со притисокот врз Исламската држава и Ал Каеда на Блискиот исток и пошироко.
„Можеби најголемиот предизвик со кој денес се соочуваме е опасноста да останеме задоволни од постигнатото.“ рече Данфорд за време на Конференцијата за борба против насилните екстремистички организации која се одржа во Вашингтон
Американски официјални претставници велат дека бројот на терористички напади во светски рамки се намалува последователно веќе три години, а нападите од Исламската држава во периодот од 2016-та до 2017-та година се намалиле за 23 проценти. Терористичката организација сега контролира само два проценти од територијата која некогаш ја контролираше во Ирак и Сирија.
И покрај колапсот на самопрогласениот калифат, официјални американски претставници веруваат дека странски борци се` уште патуваат кон Сирија и Ирак. Се преценува дека нивната бројка е околу 100 секој месец.
Неодамнешните проценки на Пентагон покажуваат дека вкупниот број на борци на Исламската држава во Сирија и Ирак останува на околу 32 илјади.
Генералот Данфорд предупреди дека Исламската држава се` уште не е поразена и дека сака да развие и спроведе централизиран модел на команда и операции. Тој рече дека Исламската држава не е единствената загриженост и дека Ал Каида станува се` поактивна.
Друга загриженост е и судбината на повеќе од 700 борци на Исламската држава кои доаѓаат од повеќе од 40 држави и кои во моментот се држат како заробеници од Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД. Данфорд ги повика американските сојузници да ги прифатат борците назад.