Пронајдена египетска мумија стара 4.300 години, сочувана во златен саркофаг
Се чини, дека археолозите пронајдоа мумија покриена со златни листови и запечатена во саркофаг што не бил отворен 4.300 години.
Мумијата, односно останки на човек по име Хекашепес, се смета за еден од најстарите и најкомплетните некралски трупови некогаш пронајдени во Египет.
Откриен е во окно од 15 метри на гробиштата Сакара, каде се пронајдени уште три гробници. Едната гробница му припаѓала на „чуварот на тајната“.
Најголемата од мумиите откриени во древната античка некропола му припаѓа на човек по име Кнумџедеф – свештеник, инспектор и надзорник на благородниците.
Другата му припаѓа на човек по име Мери, кој бил висок функционер во палатата и ја добил титулата „чувар на тајната“, што му дозволувало да врши посебни верски ритуали.
Се верува дека судијата и писател по име Фетек бил погребан во друга гробница, каде што била откриена збирка од она што се смета дека е најголемата статуа што некогаш била пронајдена во областа.
Меѓу гробниците се пронајдени и неколку други предмети, вклучувајќи и керамика.
Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, вели дека сите наоди датираат од околу 25 до 22 век п.н.е.
„Ова откритие е многу важно, бидејќи, ги поврзува кралевите со луѓето што живеат околу нив“, рече Али Абу Дешиш, уште еден археолог вклучен во ископувањето.
Сакара била активни гробишта повеќе од 3.000 години и е прогласена за место – светско наследство на УНЕСКО. Се наоѓа во старата египетска престолнина Мемфис и е дом на повеќе од десетина пирамиди.
Оваа мумија е откриена само еден ден откако експертите од египетскиот град Луксор изјавија дека откриле комплетен резиденцијален град од римската ера, кој датира од вториот и третиот век од нашата ера.
Археолозите пронајдоа станбени згради, кули и, како што ги нарекоа, „метални работилници“ – простории со саксии, алатки и римски монети.