Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА ИМА „ПАТРИОТИ“ КОИ СО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ СИ ПРАВАТ ПРЕДИЗБОРЕН МАРКЕТИНГ

November 3, 2020 Filed Under: Македонија

Професорот по Историја на модерната култура на Универзитетот во Софија и директор на универзитетскиот Културен центар, Александар Ќосев.ја обвинува Коалицијата Обединети патриоти, предводени од Караачанов прават проблеми во пресрет на пролетните редовни парламентарни избори

ИНТЕРВЈУ Ќосев даде големо интервју за Дојче веле

Коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19-от век, а тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива, смета професорот по Историја на модерната култура на Универзитетот во Софија и директор на универзитетскиот Културен центар, Александар Ќосев.

Според него, партиите во бугарската Влада од коалицијата Обединети патриоти, предводена од ВМРО на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, сосема свесно ги зголемуваа националистичките тензии, во пресрет на редовните парламентрани избори во Бугарија, што треба да се одржат следната пролет.

Тие едноставно сакаат да си го подигнат предизборниот рејтинг, но нема да можат да го подигнат. И нема да влезат во следниот Парламент, вели Ќосев во интервју за Дојче Веле.

Ќосев додава дека идејата на секој романтичарско-патриотски мит е да ја направи сопствената нација што постара, „речиси исто колку и библиските семејства и народи“, па сите нации ретроактивно и ретроспективно си ја допишуваат историјата и си припишуваат една огромна, вековна, древна, често дури и предисториска историја.

ТАЛКАЊЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА Професорот смета дека неговите сонародници талкаат низ историјата

– Сеедно дали бугарската нација или бугарскиот јазик, бугарската култура се вечни, а македонската нација и македонскиот јазик и македонската култура се некаква вештачка конструкција создадена пред 50-ина години. Всушност единствената разлика меѓу двата процеси на изградба на нација се состои во тоа дека едниот е малку постар, вели Ќосев.

Тој додава дека процесот на формирање на бугарската нација започнува на крајот на 18 век и трае низ целиот 19 век, додека формирањето на македонската нација трае од втората половина на 19 век наваму.

– Тоа е национално-образувачки процес, формирањето на модерни групи наречени „нации“- и колку што едната од страните е во право, толку е и другата. И да сумирам: во текот на тие процеси се создаваат огромни, модерни колективитети, коишто им го обезбедуваат идентитетот на своите индивидуални членови и обезбедуваат хоризонтална солидарност меѓу оние кои се чувствуваат како Бугари, и соодветно, меѓу оние кои се чувствуваат како Македонци, истакнува Ќосев.

Според него, со истакнувањето на гордоста насочена назад кон историјата, намерно се врши одвраќање од сегашноста.

– Наместо да се грижиме за тоа што претставува нашата нација, наместо да се грижиме за нашиот дом, наместо да ја полеваме нашата градина, ние се чукаме во гради за тоа какви големи цареви сме имале и со тоа ја заменуваме сегашноста. Сеќавањата за далечното минато секогаш се замена за сегашноста. Ако продолжиме да талкаме назад во историјата, наместо да се фокусираме на тековните проблеми и да размислуваме за заеднички живот во обединета Европа, овој проблем едноставно не ќе може да се реши, заклучува Ќосев.

КАРАКАЧАНОВ Ова е политичарот кој прави најголеми проблеми во меѓусоседските односи

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet