Во ера на сите можни притисоци врз актуелната власт опозицијата предизвикува прераспределба на буџетски средства – од оние „неактивни до сега сектори“ во платите на работниците што главно го минуваат работното време во седечка позиција
Зголемувањето на платите на дел од вработените под државна капа, како и обезбедување средства за регрес ќе се обезбедува преку прераспределба на средствата од буџетот. Планираната прераспределба веќе е доставена во Собранието, иако стартот на работата на Комисијата за финансирање и буџет се случи..
Од она што педантните проверувачи видоа во „Предлог на одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите“ се планира кратење на пари во скоро сите институции. Така први на листата се средствата кои првично биле распределени во буџетската ставка за трошоци за Претседателот на земјата, каде од ставката Резерви за капитални расходи се намалува за 124.960 денари, од ставката Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт се намалуваат 2.000.000 денари, додека пак од ставката Градежни објекти се намалува за 125.040 денари.
Кратењето кај буџетот за претседартелската платаа јасно е дека е дребен но е политички коректно да се спомене, но кај кај другите институции има многу поголеми кратења. Намалени се и парите кои требало да ги троши Собранието, каде се кратени од ставките комунални услуги, греење и слично – 10 милиони денари, на удар е и ставката контакти со граѓаните каде се намалуваат два милиони денари, а покрај другите ставки се намалува и кај градежните објекти 2,5 милиони денари.
Пари за слична намена во висина од еден милион денари се намалуваат и кај Државна изборна комисија, а таму има и други кратења, меѓу кои и намалување на парите планирани за плати во висина од 1,2 милини денари и во други сегменти. Во Државната комисија за спречување корупција најголемата ставка која се крати е Вложувања и нефинансиски средства во висина од 6.033.000 денари.
Планирано е намалување и на парите предвидени за Владата, каде се крати на платите за 445 илјади денари, кај ставката резерви за капитални расходи има кратење од 2.254 илјади денари, Договорните услуги се кратат за 30 милиони денари, кај привремените вработувања пет милиони денари, а кратење има и кај ставката основни плати за 2,5 милиони денари.
Целта на предложената Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година е обезбедување на средства за зголемување на платите за 10 отсто од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, обезбедување на дополнителни средства за пораст на пензиите од месец септември 2023 година, обезбедување на средства за спроведување на мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството, обезбедување на дополнителни средства за субвенции во областа на земјоделството и образованието, поддршка на домашни и странски компани преку обезбедување на дополнителни средства за државна помош, обезбедување на дополнителни средства за исплата на правата од социјалното осигурување, набавка на амбулантни возила и лекови во областа на здравството, справување со африканската чума, исплата по судски извршни решенија и слично – се наведува во предлог одлуката.
Прераспределбата на средствата веќе беше најавена од владините претставници, кои ветуваа дека со овој потег меѓу другото ќе се обезбедат и 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за следење на шеќерна болест.
Министерот Фатмир Бесими појасни дека прилагодувањата во Буџетот се направени преку реалокација на средствата од ставки каде што има послаба динамика на реализација и каде што процесите дозволуваат да се направи намалување, при што тие се насочени кон позициите каде што има потреба од зголемени средства согласно со утврдените приоритети и преземените законски обврски. Ннаведе дека со Одлуката се врши реалокација на 18,2 милијарди денари обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници, како и дополнително обезбедени средства преку механизмот КАПЕФ. Средства се обезбедени и преку повеќе приходи од придонеси. Со одлуката се алоцирани и 4,55 милијарди денари во Програмата П1, средства наменети за антиркизни мерки за справување со кризата.
Во ера на сите можни притисоци врз актуелната власт опозицијата предизвикува прераспределба на буџетски средства – од оние „неактивни до сега сектори“ во платите на работниците што главно го минуваат работното време во седечка позиција.