Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО ДОЛИНАТА НА РАДИКА: МЕСТО ДА СЕ ВО ЗИМСКИ СОН, МЕЧКИТЕ ШЕТААТ ПО СЕЛСКИ ДВОРОВИ ПО ХРАНА

November 25, 2019 Filed Under: Ревија

Според истражување од лани мечките изеле од буџетот три милиони евра (!) во последните пет години. Толкава отшетата е платена на име на изеден мед, домашни ќивтни и друг вид отштета во 600 судски пресуди, најмногу во битолскиот регион (160 случаи)

РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

АМАТЕРСКА СНИМКА Мечка деновиве ноќе шета низ улиците на Велебрдо

Деновиве во некои медиуми излегоа приватни фотографии направени во Велебрдо, село во Општина Маврово-Ростуше, каде се гледа еден „туирист“ кој ги исплашил селаните – тој буквалносакал без дозвола да им влезе во дворот.

Жителите во паника сведочат дека досега толкав број мечки не се забележани и дека тие најверојатно шетаат меѓу куќите во потрага по храна. Некои од нив имале и блиски средби со овие крволочни животни, но за среќа, се било без последици.

Мечките шетаат низ селото и буквално секоја вечер се слушаат нивните рикови. Еден од соселаните додека со сопругата собирале ореви во дворот буквално се нашол очи во очи со едно од животните кои крстарат низ селото, и едвај спасиле жива глава“, раскажува еден од жителите на ова планинско село и додава: „Буквално сме под опсада, живеме во страв.“

Велебрдо се наоѓа во регионот на Радика и е дел од националниот апрк Маврово. Се наоѓа во областа Долна Река, во источните падини на Дешат, а источно се спушта по долината на Радика. Оддалечено е 2 километри од општинскиот центар Ростуша, 20 километри од Дебар и 53 километри од Гостивар.

ПРЕГАЗЕНА МЕЧКА Неодамнешна жртва на патот Гопстивар – Кичево – мечка удрена од камион кој побегнал

Кафеавата мечка (Ursus arctos L.) е најголемото диво животно присутно во Република Македонија. За разлика од останатите крупни диви животни, таа е мошне прифатена и популарна помеѓу луѓето, за што сведочат и резултатите од истражувањата на човековиот став спрема крупните ѕверови.

Тоа е вид со бројни побарувања во поглед на стаништето, вклучувајќи потреба од јадрови подрачја кои се поврзани меѓусебно со еколошки коридори, идеално сместени во рамките на традиционално искористуваните предели, каде доминираат пасиштата и тревопасните животни. Врз основа на ова може да се заклучи дека присуството на витална популација на кафеава мечка може да биде добар индикатор за општата состојбата на екосистемот и достапноста на условите од кои имаат корист крупните ѕверови, како волкот, рисот, и многу други животни и растенија.

Во изминатите две декади, Македонското еколошко друштво (МЕД), во соработка со неколку меѓународни организации од регионот и пошироко, спроведе неколку програми и проекти поврзани со утврдување на статусот и заштитата на кафеавата мечка во Република Македонија. Овие проекти и програми резултираа со собирање на поверодостојни податоци за сегашниот статус на популацијата на кафеавата мечка, кои во иднина ќе овозможат изработка на поволна основа за ефикасна заштита и управување со популацијата на кафеавата мечка во Република Македонија.

ОСТАТОЦИ Овие ѕверови најчесто се хранат со отпадоци кои ги оставаат излетниците и рибарите

Кафеавата мечка којашто се среќава во Република Македонија припаѓа на номиналниот подвид, исто како и целокупната популација на кафеава мечка во Европа. Во минатото присутна низ целата држава, населувајќи ги низинските шуми, рамници и природни ливади, денес кафеавата мечка се среќава само во шумските области на планините од западниот, централниот и јужниот дел на државата. Ограниченото распространување и намалувањето на популацијата се резултат на интензивен лов, уништување и фрагментирање на стаништата на кафеавата мечка, како и на други вознемирувања од страна на луѓето. Проценките на големината на популацијата на кафеавата мечка се несигурни, базирани на експертско мислење и варираат помеѓу 160-200 единки. Во 2008 година, МЕД во соработка со Европскиот центар за заштита на природата (ECNC) започна долгорочен проект со наслов „Развој на националната еколошка мрежа во Република”. Проектот има за цел да го отпочне развојот на националната еколошка мрежа (НЕН) во Македонија, како дел од Пан-европската еколошка мрежа, преку истакнување и консолидација на постоечките заштитени подрачја во државата и давање препораки за идни заштитени подрачја, а сите тие како составен дел на Националната еколошка мрежа.

ГОСТИНЧЕ Ова мече без родители се обиде да се снајде со бегство на браната Козјак

Кафеавата мечка беше одбрана како репрезентативен вид во две својства: и како закрилен вид (за утврдување на еколошките коридори), и како знаменит вид (за промовирање и унапредување на мрежата од еколошки коридори за крупните ѕверови во Република Македонија, како и за поефикасна заштита на биолошката разновидност генерално). Оваа публикација ги содржи сите веродостојни податоци познати до сега за статусот, екологијата и биологијата на кафеавата мечка во Република Македонија, што ќе придонесат да се одредат сегашните недостатоци во научните сознанија за кафеавата мечка и соодветните мерки за заштита на видот во иднина.

Инаку, според истражување од лани мечките изеле од буџетот три милиони евра (!) во последните пет години. Толкава отшетата е платена на име на изеден мед, домашни ќивтни и друг вид отштета во 600 судски пресуди, најмногу во битолскиот регион (160 случаи).

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet