ВАЛЕНТИН НЕШОВСКИ
Македонија денес ги почна преговорите со ЕУ преку скринингот на законодавството. Со среќа нека е. Зошто?
Па јас се надевам дека за некои 7-8 години нашите деца ќе имаат повеќе права на европскиот континент отколку сега. Еве неколку примери за тоа што ќе значи членството во ЕУ. Ќе постои правото да се работи во земјите членки на ЕУ без работна дозвола, државните институции на земјата каде ќе работите (на пример Германија) имаат обврска да помогнат да најдете работа. Работодавецот кон нив има законска обврска да се однесува кон вас исто како кон Германците. Ако не имате право да се жалите кај ЕУ омбудсманот (кој е прилично ефикасен). Ако ја изгубите работатата може да останете да живеете таму и да барате друга работа. Во некои земји имате право на социјална помош ако сте невработени.
Имате право на дополнителна пензија доколку сте работеле таму. Право да се лечите кај земјите членки на ЕУ и да ви бидат вратени трошоците. Да се набавуваат лекови и парите да ви бидат вратени, да живеете во друга држава и да бидете здравствено осигурани. Право да се школувате во сите степени во земјите членки. Регулирани се и права при патување, краток престој, пензии, научна работа, права како потрошувачи…речиси се. Се надевам дека нашите деца ќе станат рамноправни граѓани на континентот, со еднакви права како и Австријците, Французите, Финците…
Притоа оние што ќе речат – да ама идентитетот. Како одговор го шернувам линкот до првата страна ЕУ порталот. Кога ќе кликнете ќе ви се покажат влезови кон сите официјални јазици. За подетално да се запознате со ова што го пишувам може на пример да го кликнете линкот кон Хрватски или Бугарски или Англиски. Е па, кога ќе бидеме членка, ќе има и на Македонски јазик и на кирилско писма. Тоа е идентитет. Како и реставрацијата на пример на црквата Св Атанасиј во Старо Нагоричане и Лешочкиот манастир со пари на даночните обврзници на ЕУ. И црквите се идентитет, нели.
Да не зборувам за пристапот на државата, бизнисите, граѓанските организации кон кохезионите фондови каде за периодот 2014 – 2020 има 352 милијарди евра. Од овие околу 182 милијарди се за помалку развиените региони ккао Бугарија Романија и слично. Се финансираат транспортот, животната средина, мали и средни претпријатија…За споредба едногодишен буџет на Република Македонија е околу 4 милијарди евра.
Еве изворно од сајт на ЕУ на пример колку троши и колку добива Бугарија од ЕУ:
Breakdown of Bulgaria’s finances with the EU in 2016:
• Total EU spending in Bulgaria: € 2.345 billion
• Total EU spending as % of Bulgaria’s gross national income (GNI): 5 %
• Total Bulgarian contribution to the EU budget: € 0.382 billion
• Bulgarian contribution to the EU budget as % of its GNI: 0.81 %
Па не знам ни да го преведам ова 2.345 милијарди евра. Сериозно прашувам некого колку е ова 2.345 милијарди евра? Можно ли е?
Дополнително, во европскиот социјален фонд се резервирани 80 милијарди евра. Другите помали фондови не ги ни спомнувам.
Мит е и приказната дека има многу трошоци. Да има, само што за нас се мали. На пример 60 отсто од буџетот на ЕУ го полнат 4 држави ( 19 посто Германија, Франција 16.3, УК 13.5, Италија 12.5)
По глава на жител Хрватаите потрошиле само 25 евра годишно за ЕУ, најмногу Финска 240 евра по глава на жител.
И на крај од подолгиов текст, се занесов, признавам, повторно со среќа нека ни е. Ќе ни треба среќа.
Преземено од фејсбук статусот на авторот