Од кражба на тоалетна хартија во Бакингемска палата до конфликтот со Википедија: се што не сме знаеле за Оливија Колман. Актерката што ја доби наградата Оскар за улогата во филмот „Миленичка” поминува низ неколку интересни ситуации
Со нејзиниот настап во филмот „Favorit” (Миљеничка), црна комедија за политичките интриги и моќните игри на дворот на кралицата Ана во 18 век, Оливија Колман го привлече вниманието на јавноста и доби Оскар.
Гардијан пишува за интересни факти од нејзиниот живот, кои се помалку познати за јавноста. Еве неколку факти од тесктот на Гардијан:
Таа го дала својот глас во рекламата на Андрекс (реклама за кучешка храна). „Ги прашав дали би можеле да му се исплатат со неколку примероци на мали кученца, Ми одговорија дека тоа не е опција”, се сеќава актерката.
Нејзиниот оригинален професионален план била да биде професор. Пред да одлучи да стане нешто друго, таа студирала за наставник во основно училиште на колеџот Хомертон. „Јас би била ужасен учител”.
Софтверот за советување во кариерата и ‘кажал дека ќе стане идеален возач на камиони – „имам одличен смсол за простор, би паркирала на најтесно место за паркирање”.
За време на студентските години, таа беше аудитирана за групата Кембриџ футуристи, каде што се сретна со Дејвид Мичел и Роберт Веб, во чија серија „Peep Show” дејствуваше како Софи Чепмен.
По завршувањето на студиите, работела како чистач и секретар („не многу добро”).
Нејзината подготовка за улогата на Керол Чечер во „Железната дама” вклучуваше внимателна анализа на нејзините претстави во шоуто „Јас сум славна личност …”, со цел совршено да го адаптира својот глас кон нејзиниот.
Таа, исто така, играше половина од филмот за нудистичката двојка која се обиде да организира „гола свадба” – што таа го опиша како најлошото искуство во нејзиниот живот.
Во продукцијата „Hay Fever”, покрај Фиби Вулер-Бриџит и Џереми Нортам, таа претрпе исмејување бидејќи го заборави текстот. „Публиката во Вест Енд не платќа билети за да види нешто слично.”.
Тоалетната хартија изгледа како нешто важно во нејзиниот живот, пишува Гардијан. Имено, актерката го натерала нејзиниот сопруг да украде тоалетна хартија од палатата Бакингем, кога тие биле таму на формална вечера. „Тој зеде две ролни тоалетна хартија само за да може да каже – ги украдовме од палатата Бакингем”.
Нејзиното прво име е Сара (Каролина Оливија Колман). Таа морала „да се бори” со Википедија за промена на нејзината година на раѓање.
„Реков дека сум навистина вознемирена што на таа страница имав осум години и ме замолија да им покажам извод од книгата на родените за да се согласат со мене”, се сеќава актерката.
Првично, не беше планирано нејзиниот лик во серијата „Ноќен менаџер” да биде бремена, но беше воведен во сценариото, бидејќи актерката навистина беше бремена.
Долго време, нејзиниот телефон ѕвони со звукот на носот на кловн.
Нејзиното куче се вика Алфред, лорд Вехинсон.
Многумина сметаат дека нејзиниот говор при земањето на Оскарот е најдобар говор некогаш изговорен на оваа манифстција, кој всушност не беше тоа. Таа бешешокирана кога го споменаа нејзинот име, не умееше да ги најде скалите каде требаше да се искачи, па имаше проблем со долгиот фустан. Почна да плаче, да пелчтечи, да се мачи со зборовите, па дури и „прдна“ со јазикот. Имаше многу гестови на искрено изненадување, на воодушевување од нејзината колешка Глен Клоуз, која и била идол Во говорот таа меѓу другото спомена дека до моментот додека почнала да добива посериозни улоги морала да работи и како чистачка, а размислувала да заврши и курс за акушерка. Во најтешките моменти по доселувањето во Лондон, таа и нејзиниот сопруг собирале железни парички за да купат еден (1) компир. И ова е доволно иронично за актерка која не само што глумеше кралица во „Мленичка“, туку тоа ќе продолжи да го прави и во следната сезона на британската серија The Crown, каде ќе ја игра кралицата Елизабета.
Во „Миленичка“ на Лантимос, таа ја игра кралицата Ана – подзаборавената владетелка од 18 век, која е толку втопена во тага по 17-те нејзини неуспешни бремености или рано починати деца што е постојано на граница на лудило, што сепак е пренесено со толку емпатија што не може а да не ви стане мила.