Попознатите автори „останаа во рингот“. Наградата се доделува по традиција во средината на март а до тогаш ќе има најмалку уште една селекција
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.
Во конкуренција останаа следните романи:
- „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
- „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
- „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
- „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д.Крстески
- „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
- „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
- „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
- „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
- „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
- „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
11.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
- „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
- „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
- „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
- „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
- „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
- „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
- „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
- „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
- „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“