Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НАПЛИВ НА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ

March 14, 2023 Filed Under: Македонија

Со новите капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

БИСЛИМОВСКИ Регулаторната комисија за енергетика издала лиценци за 355 фотонапонски централи

За 14 месеци, на ниво на цела држава, Регулаторната комисија за енергетика издала лиценци за 355 фотонапонски централи со чија инсталирана моќност можат да се задоволат потребите на домаќинствата од осум града во Македонија

Фактот дека во земјава има огромен наплив на инвестиции во обновливи извори покажува и тоа што само во првите два месеци од овааа година, во државата биле инсталирани нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW/h за производство на електрична енергија.

„Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72 500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

СЕ ПОВЕЌЕ ФОТОВОЛТАИЦИ Од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 MW

Според Бислимоски, со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

Инаку, кон крајот на минатата година на сила стапија измените на Законот за градење со кои се поедноставува процедурата за поставување фотоволтаици, односно инвеститорите, како што е предвидено со измените на Законот, сега се должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи.

За правни лица потребен е извод од Централен регистар, а за физички лица – копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтаци, како што е предвидено со проектот, ја вршат општинските инспектори.

Мерките за олеснување на процедурата за поставување фотоволтаици ја најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во август 2022 г.

„Имајќи предвид дека сме во енергетска светска криза, како Министерство правиме напори секој граѓанин да може да постави фотонапонски централи на своите објекти. На денешната владина седница поминаа овие измени во однос на поедноставни процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти, а сакам да апелирам до сите пратеници проактивно да се вклучат и да ги изгласаат овие законски измени веќе на следната собраниска седница“, порача тогаш Бочварски.

ГОЛЕМО ПОКРИТИЕ Новите фотоволтаици можат да ги задоволат потребите на 72 500 домаќинства

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet