Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО НАТО ВЛЕГУВАМЕ ФАЗНО

July 9, 2018 Filed Under: Македонија

Процесот се одвива во неколку фази, а во случајот на последната членка на НАТО Црна Гора беа потребни три месеци. За Македонија е клучн моментот на уставната промена на името

ПРОЦЕС Влезот во НАТО има стандарден процес за кој е потребно време

Очекувањата се дека за точно една седмица од денеска, на Самитот на НАТО во Брисел, Македонија ќе ја добие поканата за прием во Северноатлантската алијанса. Но, тоа не значи и заокружување на процедурата за зачленување на земјата во НАТО, како 30-те членка.

Процесот се одвива во неколку фази – по поканата ќе следат т.н. пристапни преговори, кои вообичаено траат неколку месеци. Во случајот на последната членка на НАТО Црна Гора, беа потребни три месеци. Потоа, следи потпишувањето на пристапниот протокол, по што доаѓа етапата на негова ратификација во парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО.

ПРИЕМ Од последн иот прием на нови војници во АРМ

Колку би траел процесот на ратификација варира – за Црна Гора беше 15 месеци, почна во март 2016-та, а заврши во јуни 2017-та. За Албанија и Хрватска во 2008-та требаа 12 месеци за ратификација на овој пристапен протокол. Но, независно од времетраењето на ратификацијата, по потпишувањето на пристапниот прокол, Македонија веќе ќе седи на масата на Северноатлантскиот совет. Кај државниот врв нема дилема дека одлуката наредната недела во Брисел ќе биде позитивна.

„Го прифативме предизвикот, и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Нашиот пристап кон решенија овие денови ни донесе радосни вести и позитивни одлуки. Една од нив е најавената покана да бидеме 30 членка на Алијансата“, изјави премиерот Зоран Заев. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека поканата за НАТО што ќе се добие следната недела ќе значи почеток на ера на стабилност и безбедност за нашата земја. „Македонија чекори кон сигурна иднина, далеку зад нас го оставаме времето на изолација и осаменост“, рече Шекеринска.

Но, за процесот да заврши со полноправно членство, Македонија мора да го исполни својот дел од обврските преземени со Договорот во Преспа. Како што минатата седмица порача и генералниот секретар на НАТО, земјата треба да ги спроведе уставните измени за да влезе во Алијансата како Република Северна Македонија.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet