Шест романи во трката за најдобар наслов за 2018 година
Во трката за наградата „Роман на годината“ за 2018 година останаа шест романи. Како што соопштува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“, жири-комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, во својата втора селекција ги избра романите:
„Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“);
„Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски („Антолог“);
„Земја на бегалци“ од Кица Колбе („Или-или“);
„Утеха за голите“ од Давор Стојановски („Или-или“);
„Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“) и
„Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова („Темплум“).
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.
Фондацијата „Славко Јаневски“ годинашниот лауреат ќе го соопшти на 15 март.