Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО ПОТЕСНИОТ ИЗБОР ЗА РОМАН НА ГОДИНАТА ОСТАНАА ЗВУЧНИ ИМИЊА

March 10, 2026 Filed Under: Ревија

Андонoвски, Пармаковска, Илиевски, Станковска, Ќорвезировска и Челиковиќ трчаат во последниот круг на изборот за Роан на годината 2025“

НА ЖИРИТО НЕ МУ БЕШЕ ЛЕСНО Годинава во конкуренција за оваа награда имаше навистина рекорден број наслови

Шест романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Романите: „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски („Три“), „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски („Maкедоника литера“), „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска („Арс Либрис“), „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска („Или – или“), „Три Марии: (роман -басма)“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Либрис“) и „Повратник со две лица“од Ивица Челиковиќ („Паблишер“) се најдоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), која при тоа го констатираше фактот дека годинава конкуренцијата меѓу објавените романи е прилично изедначена, што го покажува и фактот дека во најтесен избор влегоа дури шест романи (веројатно најмногу во историјата на „Романот на годината“

Жири-комисијата ќе го соопшти името на добитникот на годинашната награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 13 март, во 13 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградата што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а таа е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Годинава наградата ќе се додели по 27-ми пат, а минатата година неа ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Според најавите, годинава свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ ќе се одржи во средината на мај.

 

Filed Under: Ревија

ТОНИНО ПИЦУЛА: МОЖНО Е РАДИКАЛИЗИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
ЕУ САКА ДА ЈА ИЗБЕГНЕ НОВАТА УНГАРИЈА: ЦРНА ГОРА КАКО „ТЕСТ ПОЛИГОН“ ЗА НОВИОТ ДОГОВОР ЗА ЧЛЕНСТВО
ОВА НЕ Е ОГРАНИЧЕНА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА, ТУКУ ВОЈНА НА ДВЕ ДРЖАВИ КОН ТРЕТА
СОЛИДАРНОСТ: АСАНИ МУ ПОМОГНАЛ НА АШКОСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ИРАН
ИРАНСКАТА НАФТА ИМА АЗИСКИ МУШТЕРИИ

Најново

  • ТОНИНО ПИЦУЛА: МОЖНО Е РАДИКАЛИЗИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
  • ЕУ САКА ДА ЈА ИЗБЕГНЕ НОВАТА УНГАРИЈА: ЦРНА ГОРА КАКО „ТЕСТ ПОЛИГОН“ ЗА НОВИОТ ДОГОВОР ЗА ЧЛЕНСТВО
  • ОВА НЕ Е ОГРАНИЧЕНА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА, ТУКУ ВОЈНА НА ДВЕ ДРЖАВИ КОН ТРЕТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet