Вестите од оваа земја за времето на кондукторот Чаушеску стигнуваа „на грамови“. Некои афери од меѓународно значење го олеснуваат тој проток. Една од нив е онаа врзана за гимнастичарката Команечи, која во еден миг изгледаше дека ќе стане снаа на диктаторот
Вестите од оваа земја за времето на кондукторот Чаушеску стигнуваа „на грамови“. Некои афери од меѓународно значење го олеснуваа тој проток на сознанија. Една од нив е онаа врзана за гимнастичарката Команечи, која во еден миг изгледаше дека ќе стане снаа на диктаторот . Шампионката, светската гимнастичка ѕвезда, Наѓа Команечи, веќе на 16 година добила орден на јунак на социјалистичкиот труд, заедно со привилегии од видот на викендичка, автомобил со личен возач, зимувања и летувања во луксузни хотели, дипломатски пасош… Дури можела да стане и снаа на Чаушеску – неговиот син Нику ја симпатизирал гимнастичарката уште од школските клупи. Но, и покрај сето ова, Команечи илегално пребегала во САД, и го оставила размазениот Нику на неговите фрустрации.
Најдобрата гимнастичарка во историјата и еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Наѓа Команечи, деновиве ќе го прослави својот 59. роденден. Романката, која стана позната кога во 1976 година на Олимпијадата во Монтреал доби четири десетки како прва во историјата на натпреварот, сè уште е убава жена. Познатата Романка од 1989 година живее во Америка, каде што избега од комунистичкиот терор врз нејзината родна Романија. Во 1996 година се омажи за Барт Конер, кој поради неа премина во православието, а десет години подоцна, на 45-годишна возраст, Наѓа го роди синот Дилан Пол Конер. Команечи денес се дружи со холивудските ѕвезди, а последен пат беше видена на доделувањето „Златен глобус“. Според пишувања на медиуми меѓу бројните инциденти што ги направил синот на Чаушеску се вбројува и барањето на Нику да се стрела познатиот фудбалер Миодраг Белодедиќ поради неговото заминување од букурешка Стеауа во белградска Црвена Ѕвезда.
Двојката, Чаушеску, која владееше со земјата, па странските новинари ситуаицјата ја нарекуваа „диктатура од спалната сиоба“ имаше три деца, ќерката Зоја и синовите Валентин и Нико. Валентајн е најстар, но има полемики за неговото раѓање. Некои извори наведуваат дека е усвоен. Во моментите на политичко издигнување на младата брачна двојка, ова би било „благороден пример“ за сите млади Романци. Други велат дека Валентин е нелегитимен син на Елена Чаушеску, прифатен од Николае.
Никогаш официјално не се занимавал со политика, а кариерата ја градел како физичар во Англија. Тој ја напушти земјата по конфронтацијата со неговите родители за брак со еден од неговите ривали во партијата.
За разлика од него, Зоја и Нику имаа многу поголема неволја!
Зоја го помина скоро целото детство нелегално, обидувајќи се да ја сфати социјалната реалност на нејзината земја кога достигна зрелост, давајќи огромен отпор на нејзините родители и на целиот државен апарат. Таа се приклучи на субверзивна група на млади луѓе, а изборот на партнер ја водеше Елена до лудило.
Нејзината мајка им наредила на агентите на Секуритате да ја следат на секој чекор. Најголема љубов на Зоја беше извесен Михаj, млад човек со унгарско потекло. Во еден момент тој исчезнал без трага, но дневникот на Елена Чаушеску се споменува дека несреќниот човек „исчезнал“ на дипломатско патување за Блискиот исток и бил „изнервиран од мувите во пустината“.
Зоја беше успешен математичар, но истовремено и посветена на алкохолот и другите пороци. Почина во 2006 година од рак.
Најпроблематичен беше Нику, најмладиот син кој е врзан со неверојатни скандали кои во никој случај не личат на синот на „таткото на нацијата“. Тој беше алкохоличар и силеџија, а по пучот беше обвинет за голем број грабежи и силувања.
За неговата безбедност се грижеше и Секуритатетот и се верува дека тој го изгубил умот по срамот режиран од неговите родители.
„Младиот претседател на социјалистичката младина“ беше лудо за вљубен во девојка по име Донка Мизел. Таа беше неприфатлива за Елена, која решила да застане на патот на нивната врска по секоја цена. Државниот врв, реши да ја прекине бременоста на Донка и „таа да исчезне без трага“. Така Чаушеску прекршил еден од нивните најстроги закони, против абортусот.
Потоа Нику започнал да талка диво на улиците во Букурешт. Цел на синот на претседател биле сите – девојчиња, угостители, а според некои извори, познати граѓани како што е Наѓа Команечи.
Како и зошто падна Николае Чаушеску? Прашањето е сега актуелно, поради фактот што од погубувањето на романскиот диктатор се одбележуваат 30 години, а во меѓувреме во јавноста излегоа некои работи што долго време „почиваа“ во архивите. Каков човек всушност бил Чаушеску? Зошто сакал да исели 7.000 села населени со припадници од унгарското малцинство во Романија? Дали народот по четврт век жали по својот претседател? Ова и уште многу интересни познати и непознати факти за животот на Чаушеску прочитајте во четири продолженија.
Од режимот на Николае Чаушеску многу Романци сакале да се извлечат емигрирајќи на Запад. И самиот комунистички лидер тоа легално го дозволувал, но под услови што истото го правеле неизвoдливо. Имено, постоел декрет со кој на Романците им се дозволувало да ја напуштат земјата, но тој вклучувал услов заинтересираните прво да ѝ го вратат на државата сето она што таа го вложила во нивното образование, во здравствената грижа, со задолжителна конфискација на имотот што го поседуваат. Јасно е дека многумина ги разбудиле од емигрантскиот сон сметките за излез од земјата кои по лице се движеле од 20.000 до 50.000 долари.
Резиденцијата наречена „Дворец на пролетта“, која располагала со земјиште од 14 хектари ја проектирал архитектот Чезар Лазареску во текот на 1964/65 година, под директна контрола на брачниот пар Чаушеску. Елена Чаушеску лично ги одбирала лустерите и мозаиците, а зградата имала и базен, солариум и сауна, вклучувајќи и златни чешми. Во тој дворец брачниот пар Чаушеску ги поминал последните 25 години од животот.
За луксузот на Чаушеску покажуваат и аукциите спроведени изминатите години на кои се најдоа и подароци и други негови лични предмети, вклучувајќи и леопардска кожа, сребрени гулаби и бронзен јак. Кожата од леопард достигнала цена од 3.750 евра, а бронзениот јак што бил подарок од кинескиот комунистички лидер Мао Цетунг, достигнал вредност од 12.000 евра. Освен тоа, на аукциите нудени се и постери од добата на комунизмот, медали, фотографии и знамиња, некои стари и по 70 години. Двата сребрени емајлирани гулаби биле подарок од покојниот ирански шах Реза Пахлави.
Сепак само мал број на Романци знаат што точно се случувало во ерата на Чаушеску.
„Се почесто слушам дека е интересно односно ’кул’ да се раскажува за комунизмот, но вистината е дека тоа воопшто не беше ’кул’ период“, велат познавачи на состојбите.
Чаушеску и неговата сопруга во моментот кога се предале живееле во вистински луксуз додека поголем дел од Романија била загушена во сиромаштија соочена со постојан недостиг на струја и надзор и контрола од тајната полиција.
Речиси половината Романци сметаат дека Николае Чаушеску беше политичка личност која одигра позитивна улога во историјата на Романија, покажуваат резултатите од една анкета на романскиот институтот INSCOP направена пред неколку месеци. Според неа, 47,5% од испитаниците мислат дека Чаушеску бил позитивна, за 46,9% бил негативна личност, а 5,6% од нив не одговориле или не го знаеле одговорот.
Кога станува збор за сопругата на Чаушеску Елена, дури 80,2% од Романците сметаат дека сопругата на некогашниот претседател имала негативно влијание на романската историја, за 12,1% граѓани нејзиното влијание било позитивно, а 7,7% немаат став.
Анкетата била спроведена од 7 до 14 ноември 2013 година на примерок од 1.055 луѓе, при што најмладиот учесник имал 18 години.
Романскиот комунистички диктатор и неговата сопруга стрелани се на 25 декември 1989 година после тридневно судење пред специјален воен суд, откако се случија силни демонстрации на народот незадоволен од неговото владеење.
(продолжува)
…