На 22 декември 1989 година Елена и Нилоае Чаушеску ја напуштиле престолнината ама се уапсени во градот Трговиште. Двојката беше набрзина судена и стрeлана. Потоа излегоа на површина многу прикaзни за нивното богатсtво. Што од тоа беше вистина?
Да се потсетиме накусо за она што се случуваше во Романија после првите демонстрации пред Новата 1990 година. Кондукторот посака да одржи контрамитинг на главниот плоштад во Букурешт, ама собраниот народ, место поддршка почна да го исвиркува. Дојде до ескалација на насилството, имаше поделба меѓу полицијата и војската а генералот Васил Милеа извеши самоубиство откако одби да издаде нардба за изнесување на војската на улица. Претседателот на државата беше поддржуван само од државната безбедност – Секуритате. На 22 декември 1989 година Елена и Нилоае Чаушеску ја напуштиле престолнината ама се уапсени во гадот Трговиште. Двојката беше набрзина судена и стрлана. Потоа излегоа на површина многу прикaзни за нивното богатсtво. Што од тоа беше вистина?
Не можат да се проверат податоците за некакви си милијарди на сметка на Чаушеску во сtрански банки. Пачепа, побегнат полицаец од Романија тврдел дека Николае добивал пари од Американците бидејќи ги продавал чиповите на Варшавскиот пакт
„Знаев дека микроелектрониката е нешто што ќе биде дел од иднината, но не можев да верувам дека овие речиси невидливи чипови можат да бидат толку клучни за опстанокот на комунизмот “, рекол тој кога неговото разузнавање му покажала воен чип, тој беше во можност да украде од фирмата „Тексас инструменти“.
Вашингтон пост, пак, откри дека кланот Чаушеску исто така ги шпионирал Русите на штета на Американците и им доставувал тајно руско оружје. Плаќањата, дваесет проценти од вредноста на трансакцијата, наводно биле извршени на сметката на Чаушеску во Швајцарија. „Вашингтон пост“ откри дека, од 1973 до декември 1989 година се случила шпионска операција, чиј главен коридор бил преку Романија, каде што, со знаење на шефот на државата, Николае Чаушеску, извршители биле неговите браќа, заменик министерот за одбрана Илие Чаушеску и началникот на Романската трговска мисија во Виена Марин Чаушеску, која по падот на тиранијата изврши самоубиство во австриската престолнина.
Операцијата, во која САД наводно инвестирале 250 милиони долари, го испорачале најновиот руски систем на противвоздушна одбрана преку „романска врска“. Не е објавено дали контролните пунктови во Унгарија, Полска, Источна Германија, Чехословачка и Бугарија биле „толку високо цитирани“, но факт е дека ги имало. Веднаш започнале да пристигуваат негирањата од сите споменати земји. Новата романска привремена влада наскоро изјави дека нема информации дека постои таква трансакција, дека оружјето за кое станува збор не е во рацете на романската армија и дека владата сè уште не ја открил сметката на Чаушеску во Швајцарија.
Откритијата од ваков вид се погодно средство за политичка компромитација и треба да се прифаќаат со резерва, како и многу лични сведочења, особено кога се лансираат во изборни кампањи. Како и да е, несомнено, имаше многу корупција во тој систем. Романија не беше исклучок од корупцијата, беше само најдрастичниот пример.
Како што напиша Њујорк Тајмс на 26 декември 1989 година, околу четириесет роднини на Николај Чаушеску биле на позициите на врвот на пирамидата, вклучувајќи го и неговиот син Нико, кој беше партиски секретар во Сибер, Трансилванија. Вториот син Валентин беше нуклеарен истражувач, а неговата ќерка Зое директор на Институтот за математика во Букурешт; братот Илие бил генерал и заменик министер за одбрана, генерал на полицијата бил Николае Андрута и воедно заменик министер за внатрешни работи, Joн бил надлежен за државно економско планирање, Марин бил дипломат, а Флореа бил уредник на партискиот весник „Скинтија“; Васил Барбулеску беше партиски секретар задолжен за земјоделство и неговиот брат Џорџо Петреску бил задолжен за синдикатите.
Нико Чаушеску беше задржаа од армијата на 22 декември 1989 година на влезот во Букурешт. Тој беше уапсен и обвинет за геноцид, за пукање луѓе и држање на деца како заложници во Сибиу. На 26.05.1990 година, тој бил осуден за поттикнување на сериозни убиства и смрт на 102 лица во дваесетгодишна затворска казна и пет години за држење на непријавено оружје. Во 1991 година, тој бил осуден на шеснаесет години затвор. Од здравствени причини, тој бил ослободен во 1992 година. Починал во Виена на 26.09.1996 година. Дијабетесот и цирозата, предизвикана од хроничен алкохолизам, се наведени како причини за смрт.
Дури и златото што го носи ќерката на Чаушеску, Зое, подземните мермерни коридори, среброто и златото киче во претседателската палата, базенот, ринг-боксот, што драстично и пркоси на општата лична сиромаштија и страдање на населението, не отстапуваат многу од моделот на болшевичките замоци. Ниту зградата од 7.300 соби, огромната зграда на палата на Централната власт на Булеварот на социјализмот, со кој тие сега не знаат што е, не е голем исклучок, иако, заради гладната ера во која се изградени објектите ја краси во посебна светлина психологијата на империјалните амбиции.
Диктаторот, велат дури и ја испраќал преостаната храна од сопствената кујна на пазарот и барал парите да му се вратат. Како и да е, главната причина за романскиот глад не е толку луксузот и алчноста на кланот Чаушеску, колку невидените големи неуспеси на националните инвестиции.
Диктаторот наводно, продал 80 тони злато, расчистувајќи ја натрупаната национална резерва собрана за седумдесет години, за да отплати меѓународен долг од 10 милијарди американски долари. Се тврдеше дека отплатата на долгот предизвикала глад што преовладувал во Романија, со што се оправдува рационализацијата на сè и на сèшто. Поновите сознанија сугерираат дека гладот е првенствено резултат на пропаѓање на малиот приватен земјоделски фонд! Петнаесет години порано, на Чаушеску не му се допаднало што селаните држат на своите мали фарми еден сепак завиден систем на репродукција – таму постоело производство на 54 отсто на млеко, 47 отсто од месо, 55 отсто овошје и 43 отсто на зеленчук. И се тоа изведено на 12 проценти од обработливо земјиште кое било во приватни раце. Наместо да го охрабри ова мало производство, тој се обидел да го уништи. Ова, според Силвија Брукан, е главната причина за недостаток на храна во Романија.
Ситуацијата во романската индустрија е потрагична отколку во земјоделството поради затворени и застарени услови. Индоктриниран инженер, среде револуционерни случувања во Букурешт, свртувајќи се кон навика да не бидат слушани, иако застрелан, велеше дека „неписмената Елена“ е виновна за сè, и дека Чаушеску е, всушност, „добар претседател“ затоа што вели овој упорен поддржувач, „ние не купивме лиценци; ние самите го освоивме производството на пет типа тенкови; освоивме половина од хеликоптерите; имавме и амбициозна нуклеарна програма …“. Структурната промена во производството во Романија траеше најмалку десет тешки години. Без голем успех..
(крај)