Дури двајца нобеловци – еден од Јапонија и еден од Франција не веруваат дека ковид-19 настанал по природен пат! Пеникг бара помош во Берлин. Њујорк тајмс
Американските разузнавачки агенции заклучиле дека кинески оперативци помогнале во ширењето лажни пораки во кои се тврди дека администрацијата на Трамп планирала да наметне национално затворање како излез од потенцијалната епидњмија. Ова го пренесува деновиве Њујорк Тајмс кој пишува дека пораките, кои првo се појавиле минатиот месец како пораки за мобилни телефони и за социјални медиуми, тврдат дека претседателот Доналд Трамп планирал да бидат распоредени трупи „за да помогнат во спречување на немири“.
Пораките станаа толку раширени, што Советот за национална безбедност соопштил дека станува збор за лажни пораки.
Весникот ја темели својата приказна на информации од шест американски официјални претставници од шест различни агенции кои анонимно разговарале со нив. Двајца од официјалните лица изјавиле дека веруваат дека пораките не ги создале кинеските оперативци, туку наместо тоа, ги засилиле постојните.
Кинеското Министерство за надворешни работи ги нарече обвиненијата „целосна глупост и дека не вреди да се демантираат“.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју во четвртокот со Шон Ханити од Фокс Њуз изјави дека „Кина предизвика огромна болка, загуба на животи и сега и огромен предизвик за глобалната економија и американската економија, исто така, со тоа што не ги сподели информациите што ги имаа.“
„Јас сум многу уверен дека кинеската комунистичка партија ќе ја плати цената за она што го направија тука, секако од САД“, рече Помпео.„Разговарам со деловни луѓе низ целата држава. Зборувам со обични граѓани – луѓе кои го ризикуваа својот живот во последните недели. Тие знаат дека ова е резултат на вирусот што потекнува од Вухан, Кина и знаат дека кинеската влада не ги направи работите што требаше да ги направи. Со тоа доаѓаат и трошоци.“
Францускиот виролог Лук Монтање, кој ја освои Нобеловата награда за откривање на ХИВ вирусот во 2008 година, смета дека новиот коронавирус не е од природно потекло и бил развиен во лабораторија во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата.
– Тоа е вирус од вештачко потекло, дело на молекуларни биолози – рече Монтање во интервју за француското списание за здравство „Pourquoi Docteur“.
Според научникот, лабораторијата во Вухан се специјализирала за коронавируси уште од раните 2000-ти, а нејзините вработени имаат експертиза во оваа област. Извештаите дека вирусот потекнува од таканаречениот влажен пазар во Кина е „убава легенда“, бидејќи ковид-19 беше развиен во лабораторијата, рече тој.
Според него, присуството на елементи на ХИВ, па дури и маларија во геномот на новиот вирус, фрли сомнеж за лабораториското потекло.
Монтање исто така рече дека француските научници не биле првите што откриле честички на ХИВ во коронавирусот, бидејќи група индиски истражувачи претходно се обиделе да објават студија според која целиот геном на коронавирус има слични секвенци на вирусот на СИДА.
Според научникот, лабораторијата во Вухан се специјализирала за коронавируси уште од раните 2000-ти, а нејзините вработени имаат експертиза во оваа област. Извештаите дека вирусот потекнува од таканаречениот влажен пазар во Кина е „убава легенда“, бидејќи ковид-19 беше развиен во лабораторијата, рече тој.
И јапонскиот добитник на Нобелова награда, професор по медицина др. Тасуку Хонџо тврди дека вирусот корона не е природен.
– Ако беше природен, вирусот нема да влијае на целиот свет како што влијае. Бидејќи, по природа на нештата, температурата е различна во различни земји. Да беше природно, тоа само ќе влијаеше негативно на оние земји со иста температура како Кина. Наместо тоа, болеста се шири во земји како Швајцарија, на ист начин како што се се шири и во пустинските области. Природен вирус, ќе се шири на ладни места, ќе умре во топли области – вели др. Хонџо.
– Поминав 40 години истражувајќи за животни и вируси. Ова не е природно. Произведен, овој вирус е целосно вештачки. Јас работев во Вухан лабораторија во Кина четири години. Јас сум целосно запознаен со целиот персонал на оваа лабораторија. Се јавив на сите по почетокот на коронавирусот. Но, сите нивни телефони се мртви во последните 3 месеци. Сега верувам дека сите тие лабораториски техничари починале, вели докторот.
– Врз основа на сите мои сегашни знаења и истражувања, можам да го кажам ова со 100% сигурност – дека вирусот корона не е природен. Не дојде од лилјак. Кина го произведе. Ако сето она што го велам денес е погрешно сега или дури и по мојата смрт, владата може да ја повлече мојата Нобелова награда. Кина лаже и таа вистина еден ден ќе им биде јасна на сите, заклучува Тасуку Хонџо.
Во меѓувреме германското министерство за внатрешни работи соопшти дека кинески дипломати контактирале високи функционери во германската влада со намера да ги поттикнат да дадат позитивни оценки за постапките на Пекинг за време на пандемијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс.
„Германската влада е запознаена со поединечни контакти на кинески дипломати со цел да поттикнат позитивни јавни изјави за постапките на Народна Република Кина во врска со коронавирусот. Сојузната влада не ги исполни тие барања“, стои во писмото за кое новинската агенција Ројтерс вели дека го добила на увид.
Писмото од 22-ри април било испратено до пратеничката Маргарете Баузе од редовите на Зелените, како одговор на нејзиното прашање дали кинески дипломати контактирале германски владини функционери за да ги наведат да изнесат позитивни оценки за Кина. За одговорот на министерството прв извести весникот Велт ем зонтаг, кој наведе дека кинеската амбасада во Берлин го отфрла извештајот оценувајќи го како невистинит и неодговорен, пренесе Ројтерс. Агенцијата објави дека од кинеската амбасада во Германија завчера не биле достапни за коментар, а Ројтерс побарале коментар и од кинеското МНР, но не добиле одговор.
Пред неколку дена „Ројтерс“ пренесе дека Кина се обидела да го блокира извештајот на Европската унија во кој се вели дека кинеските власти ширеле дезинформации во врска со појавата на коронавирусот.
.