Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО СЕПТЕМВРИ СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА БРАНАТА „КОНСКО“ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА!

August 31, 2026 Filed Under: Македонија

Овој најзначаен инвестиционен потфат во сферата на аграрот во гевгелискиот реон е започнат и завршен во време на владеењето на СДСМ. ПОлнењето на браната, како далеку најлесен потфат на ноивата власт послер 2024 година изостана, будејќи новотк раководство во Министерството за земјоделство оче видно заглади во некои имотно правни проблеми

БРАНАТА КОЊСКО Дури сега се очекува технички прием на браната а потоа полнењето може да почне ш земјоделците ќе почекаат…

Проектот вреден 40 милиони евра беше финансиран од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Изградбата на браната „Конско“ започна во 2018 година и комплетно е завршена во 2024 година.

Техничкиот прием се очекува да биде спроведен во текот на август и септември. Врз динамиката на постапката дополнително влијаеја и имотно-правните прашања, особено неажурираните податоци за сопствениците, неизложените парцели, нерешените имотно-правни односи, како и жалбите и управните постапки што сè уште се во тек. Овие околности предизвикаа делумно пролонгирање на предвидените рокови – велат од МЗШВ.

Почетокот на полнењето на акумулацијата ќе може да започне по завршувањето на техничкиот прием и по добивањето дозвола за употреба. Практичното користење на акумулираната вода за наводнување, пак, е условено со изградбата на соодветниот систем за наводнување. Проектната документација за изградба на системот за водоснабдување и наводнување е во фаза на изработка. Поради големиот опфат и техничката сложеност на системот, нејзиното завршување се очекува до декември оваа година – истакнаа од ресорното министерство.

Со изградба на браната „Конско“ се формира акумулација со волумен од околу 20 милиони кубни метри, на површина од 10,8 хектари и во должина од 2,5 километри. Ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското Езеро. Дополнително, вештачкото езеро на браната „Конско“, кое се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20 километри оддалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија.

Глобално, ова ќе значи зголемување на економскиот пораст, животниот стандард на населението, унапредување на здравјето и на квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој крај и развој на Општина Гевгелија на повеќе нивоа.

(Р.Г.)

 

Filed Under: Македонија

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet