Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВО ЊУ ЏЕРСИ ИМАМЕ КОНЗУЛАТ, АМА ДОМА ИМАМЕ ВИСТИНСКА ЛУЊА ОД РЕАКЦИИ

February 22, 2022 Filed Under: Македонија

Дали ќе стивнат реакциите за информацијата за нов шеф на конзулатот на Северна Македонија во Њу Џерси, откако еден портал објави дека таму требала да биде упатена вистинска аматерка за оваа функција?

ЕЈУПИ Само скромно искуство како тв презентерка

„Нема промена на Генералниот конзул во Тотова во Њу Џерси“ – е реакцијата на Министерството за надворешни работи дури еден ден откако јавноста, но и политичките кругови беа изненадени од информацијата дека 28 годишна ТВ презентерка, без какво било дипломатско искуство, ќе биде нов шеф на конзулатот кој го покрива источниот дел од САД.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, се вели во соопштението на МНР.

Во него ниту се потврдува, ниту се демантира информацијата дека неквалификувана личност, како што вели опозицијата, првично поминала на затворена седница на владата, па потоа, по острите реакции, било повлечено нејзиното именување.

НА ИЗЛОЖБА Јордан Панев (десно) на изложбата на уметничката Дивна Пешиќ

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, се вели во соопштението на МНР.

Она што е извесно по соопштението на МНР е дека младата 28 годишна презентерка нема дипломатска кариера како конзул во САД, чие именување е во надлежност на министерството и на владата. По реакциите во јавноста, реагираше и претседателот Пендаровски појаснувајќи дека таа материја не е во неговите ингеренции.

По прифаќање на кандидатот од страна на Владата, Министерството бара егзекватура од земјата на приемот.

ГРУБИ Дезинформација е изборот на Ејупи

Повеќе години е празно амбасадорското место во САД – клучниот стратешки сојузник на земјава. По фијаското со обидот за праќање на професорот Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, засега е нејасно кој би можел да ја преземе една од клучните амбасадорски позиции во дипломатската мрежа.

Пенев и искусен амбасадор. Беше, меѓу другото и конзул во Турција и одлично го познава турскиот јазик.  Избраниот конзул во Њујорк треба да познава, освен англискиот и уште еден светски јазик кој се говори во ОН. Секако и да има искуство во меѓународните односи.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet