Крсте Црвенкоски, претседател на ЦК СКМ и член на Претседателство на ЦК СКЈ во книгата „Во одбрана на македонската кауза” (1989), го објавува стенограмот од разговорите. Тексто го подготви и објави на својот сајт колегата Веле Митаноски
На 19 мај 1967,во државна резиденција „Лозанец” во Софија, од 11 до 13,30 часот, се водеа разговори помегу највисоките раководители на тогашна Република Македонија и Република Бугарија. Со Тодор Живков, прв секретар на ЦК ПКБ и претседател на Министерскиот совет и Крсте Црвенкоски, претседател на ЦК СКМ и член на Претседателство на ЦК СКЈ. Во делегацијата бил и Атанас Здравковски, советник во Претседателството на ЦК СКМ и амбасадорот на тогашната федерација, Драгослав Марковиќ.
„По спектарот на третирањето на отворените прашања и по карактерот и начинот на третирањето, овој текст претставува мошне важен историски документ, единствен таков, автентично сведоштво, ќе напише академик Блаже Ристовски, во книгата на Крсте Црвенкоски „Во одбрана на македонската кауза” (1989), во која автентично е објавен стенограмот од разговорите.
„Македонското прашање” уште долго ќе лебди над овој балкански и европски простор”, ќе додаде академик Ристовски.
И ете лебди, се до ден денешен, иако поминаа, ете, скоро 55 години.Тоа е годината кога Црвенкоски на Живков му ја најавува, како година на формирање на МАНУ, потсетувајќи го дека Македонија победата против фашизмот (и бугарскиот!) ја допчека со 400 факултетски образовани луге, а “сега имаме 14.000, односно 1.500 дипломци годишно”, му вели Црвенкоски, истовремено, поздравувајќи ја официјалната прослава на Климент Охридски, таа година, во Софија.
Накратко, во разговорите со Тодор Живков, Црвенкосвски покренува и брани некои фундаменталкни тези за македонската нација, отворено и критички ги апострофира, ги отповргнува бугарските тези за: македонското население како бугарско, за непостоење на македонската нација, за македонската нација да се зборува како за творба после 1941 година.
Крсте отворено зборува за македонското национално малцинство во Пиринска Македонија, прашува зошто се негира и исчезнува од статистиката во Бугарија, зошто се води жестока кампања од страна на бугарската пропаганда проитв афирмацијата на македонската историја и култура. Како приер, го наведува Симпозиумот, по повод Октомвриската револуција во Москва, на која на македонскиот претставник, Бугарите издејствувале, да не му биде дозволено да го прочита рефератот:” Македонското прашање и Октомвриската револуција”!!!
„Историјата на македонскиот народ не е бугарска историја. Мнозинското население во Македонија не е со бугарско чувство, ниту така се декларира. Постои теза мегу вашите научници, што е официјална политика дека нашата исрторија, како самобитна, почнува од 1940 – 41 година. Ние мислиме, односно нашите учени луге, дека таа навлегува и во минатиот век. Не можеме јас и нашето раководство да кажеме дека пред 18 години сме биле Бугари и сега постанавме Македонци (!), кога постојат историски факти дека тоа чувство почнало да се развива во средината на минатото столетие”, вели Црвенкоски и додава:
-Во текот на 17 и 18 век не се знае ниту за вас ниту за нас. Тоа била една ”aморфна”, христијанско-словенска поробена маса. Дури 1772 година, ако не зборувам точно поправете ме, Отец Паисиј има речено за вас Бугарите: „немој да се срамиш што си Бугарин” (и тој е Македонец, забележува Живков) .
Крсте, му го предочува примерот со Австрија и Германија: „постои еден ист народ, а постојат две нации – австриска и германска, а се работи за еден ист народ по потекло, јазик и територија”
„Ние никојпат, особено не во последните години, не сме го поставувале прашањето на било какви територијални претензии ниту спрема Вас, нитуи спрема Грција, зашто тоа би значело менување на границите вои Европа, а секое таквo менување може да предизвика војни. Иако го сметаме тоа прашање за внатрешно, ние не можеме да бидеме индиферентни.Тоа е национално чувство”, вели Црвенкоски.
Од стенограмите се гледа дека две третини од времето го потрошил Црвенковски. Тој доминира и кога на Живков ќе му рече: „Вие јазот го пртодлабочивте, иако работите мирно ги кажувате.Вие живеете во наследството на владата на Стаболиев од минатиот век”.
„Се друго е пропаганда која постоела до Балканските војни, кога македонскиот народ беше сметан како грчки, српски, или бугарски. Од Првата светска војна, не постои официјална статистика од која може да се види дека лугето во Македонија се декларирале како Бугари”, му вели Црвенкоски.
Живков, во разговорите, главно се држи на обвинување дека македонска нација се гради врз анти бугарска основа, на што Крсте, забележува:”дајте вашата литература да се чита кај нас, а нашата кај вас. Да има размена на весници – широко да се отворат вратите за вашиот и нашиот печат”.
Живков поентира: „Бугарите ги немаат убивано југословенските народи, туку БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ. Јас сум бугарски работник од работничката класа. А нашата работничка класа не убивала, туку ФАШИСТИТЕ. Ние главните претставници ги потепавме. Јас сум бил на чело на тие револуционерни органи што вршеа ликвидарење на ФАШИСТИТЕ по нашата победа”.
Крсте отворено говори за бугарскиот окупациски корпус но напоменува: “После Информбирото никаде не сме дозволиле да се идентификува бугарскиот народ и бугарската комунистичка партија, со еден грст предавници”.
,,Ако се работи за тоа да се поистовети бугарскиот народ со бугарските фашисти, јас ве уверувам дека и политички мерки ќе преземаме према таквите. Мегутоа, ако барате да признамеме дека до 1940 година сме биле Бугари, а сега Македонци, тука, отворено да речам, ние мислиме, а и историчарите мислат, дека сотојбата е подруга. Ние сме биле поставени на асимилација од страна на сите буржоаски кругови на новите балкански држави и во тој склоп и на бугарските”, вели Крсте.
Другарот Живков,притисанат од аргументите, ќе возврати:”Јас високо ја ценам вашата желба тие прашања да најдат разумно, братско решение. Имајте го во предвид тоа. Дајте да одиме понатаму. Да го ликвидираме она што сега постои, да се расчисти патот.Тие прашања да не ги зафаќаме во политичките аспекти, туку да ги оставиме на научниците”.
Црвенкоски го отвора прашањето за Македонците во Бугарија, пред се, во Благоевградскиот округ, но со забелешката:” тоа прашање е ваше, внатрешно, но, е и прашање на Македонците кои живеат во Бугарија”. Тој говори за вториот попис, 1956, кога 180.000 Македонци во Благоевградскиот оркуг се декларираат како Македонци. Не сака да се навраќа на пописот – десет години порано, кога ги имало многу повеќе, во Димитровски период. Како таа бројка била симната на само 8.000 во цела Бугарија и зошто на “на Македонците им било ускратено правото да се декларираат слободно”?, прашува Црвенкоски.
Живков возвраќа со обвинување дека македонскиото национално сознание се формира на анти бугарска основа: “како тоа да им го објаснам во ЦК на нашата партија во којашто има преку 50 посто Макеонци, или во Сојузот на писателите каде од вкупно 300, 100 се Македонци (мисли декларирани како македонски Бугари). Но додава: „Ние сме за формирање на македонското сознание, закрепено на основа на демократски начела и да се чувствува такво какво што е”.
„Ние сме изјавиле не еднаш, а сега го чиниме уште еднаш, дека ја произнамаве Македонската народна република. Ако не ја признаваме треба да бидеме идеалисти, а ние не сме идеалисти, туку марксисти”, апострофира Живков.
На 19 мај 1967,во државна резиденција „Лозанец” во Софија, од 11 до 13,30 часот, се водеа разговори помегу највисоките раководители на тогашна Република Македонија и Република Бугарија. Со Тодор Живков, прв секретар на ЦК ПКБ и претседател на Министерскиот совет и Крсте Црвенкоски, претседател на ЦК СКМ и член на Претседателство на ЦК СКЈ. Во делегацијата били Атанас Здравковски, советник во Претседателството на ЦК СКМ и амбасадорот на тогашната федерација, Драгослав Марковиќ.
„По спектарот на третирањето на отворените прашања и по карактерот и начинот на третирањето, овој текст претставува мошне важен историски документ, единствен таков, автентично сведоштво, ќе напише академик Блаже Ристовски, во книгата на Крсте Црвенкоски “Во одбрана на македонската кауза”(1989),во која автентично е објавен стенограмот од разговорите.
Крсте Црвенкоски, во разговорите, не сака да го враќа на атмосферата и приликите кога Македонците во Бугарија имале своја автономија, училишта театар. На Бледскиот договор од 1947. На тоа “како ќе беше ако беше Балканската федерација, во кој правец ќе се одвиваа работите”.
„Во секој случај ние сега не можеме да предвидуваме како што тоа го чини вашата гледачка Ванѓа”, на што Живков ќе изреагира:” Таа кај вас е попопуларна, во Македонија и во Југославија”.
Живков возвраќа со тврдење дека во Димитровскиот период и не било баш се така, дека има писма од Ѓорѓи Димитров што тој ги испраќал до ЦК на БКП, ама тие “сеуште не сакале да ги објават “!
Крсте го потсетува на баба Ванѓа, и кога тврди, односно вади список од 17 автори, кои, наводно, “ќе се издадат до 1970 година”. Мегу нив и насловот: “Односот на балканските социјалисти кон македонското прашање”.
Крсте: Вие не ја знаете содржината на таа публикација и тешко е однапред да се оспорува.
Тодор: Но, ние ги знаеме авторите, нивните концепции и тие ако го засегнат тоа прашање, знаеме што ќе напишат”!
Ако ги читаме документите од тоа време, и покрај сиот догматизам и сервилност на Тодор Живков кон Москва, се наметнува заклучок дека, денешните бугарски ракводители, на некој начин, се поголеми Живковисти и од самиот Живков. Барем во декларативниот пристап, на Живков не му сметале термините фашизам и окупација и никаде не напишал – администрација:
„Ние немаме интерес лугето да се попишуваат Бугари, ако не се тоа, а кај нас има и Турци и Македонци.Тоа сатанало СОВРШЕНО (!) доброволно. Да ги оставиме спорните прашања врзани за историското минато и тие да се разработуваат во научните трудови, за она што се расправаме дека е се ваше и се наше.Минатото не треба да го земаме како оружје и аргумент, затоа штоп ја труе атмосферата.Поважно е прашањето да се разбереме.Да ги оставиме нашите учени луге, добро и свесно да ги разјаснат фактите”.
На Живков не му пречи да споменува македонски и бугарски јазик.Тој никаде не гои нарекува дијалект на бугарскиот. Доказ за тоа е излагањето на вториот човек во делегацијата од бугарска страна,Борис Велчев, член на Политбирото и секретар на ЦК на БКП,(познат по досетката, ако не можеме да се договориме за тоа чиј е Самуил, ајде да го поделиме на две половини!):
-Ние би биле глупаци и идеалисти (како што вели другарот Живков!)ако го откажеме фактот декапостои Македонија, како една од републиките во федерацијата, а тоа е Република Македонија.
На ова Црвенковски му реплицира дека тоа значи оти ја признаваат и македонската нација и македонскиот јазик.
-За тоа можеме да разговараме, што признаваме а што не. На крајот на краиштата не можеме да откажеме дека постои република во која што се формира нација, јазик и тн. Ние ќе ја признаеме Македонија.
Живков, пак, ќе забележи:”кога станува збор за македонскиот јазик, мислам кога зборуваме на македонски и бугарски, важно е дека се разбираме!”.
Црвенковски: живеете во една голема илузија и во времето на Стамболиев од минатиот век!
За оние што денеска зборуваат за бугарска АДМИНИСТРАЦИЈА (!), треба да се напомене дека во разговорите, од двете страни, слободно се користи терминот ОКУПАЦИЈА. Црвенковски е тука дециден:
-Ние пишуваме своја историја и во неа не можеме да напишиме дека до 1940 сме биле Бугари, сега сме Македонци.Тоа би значело дека ја кривотвориме историјата. Вие сте во една голема илузија, ако го земете за факт тоа што некои од Македонците се пишувале дека се Бугари, под влијание на пропагандата и во борбата против Турците.
На оној, пак, што го делел Самуила на две половинки, му вели:
-За мене, за политиката, а и за нацијата не е битно чиј е Самуил.Само во некои усвитени глави, нацијата почнала да се формира во дветиит и десеттиои век. Но, ако мислите дека можеме, во интерес на добрите односи, да се откажеме од Мисирков, кој во 1904 година, јасно, има кажано што се Македонците и ги има одрредено етничките граници, тогаш тешко ќе се разбереме.
Дали, Крсте Црвенковски, по малку, и се мајтапел со соговорниците, како со оној „СПОДЕЛУВАЧОТ!“ на Самуил? Еве една реплика:
Крсте: А Пиринскиот проблем?
Живков: Ама, тоа е наше население и живее на нашата страна.
Крсте: Ама, ние не бараме да живее на нашата страна.
Или:
Крсте: Кажете го тоа во јавен документ.
Живков: Ќе гои кажеме како вие ќе речете.
Крсте: Е, не можеме толку да одиме, ние да ви кажеме како и каде ќе го кажете.
Средбата завршува со договор бугарското раководство да даде изјава, во форма на завршно коминике од разговорите “во курсот на Димитровскиот период”.
Последните зборови, пак, на Црвенкоски, во одговор, на “силните заложби!” од бугарска страна, се: “да се надеваме”!
И денеска се надеваме!!!!
(илустрациите се на Глобус)