Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ВРБА“ И МАНЧЕВСКИ ВО ПОЗИЦИЈА ЗА НАГРАДИ НА РЕЈНДЕНС

September 22, 2020 Filed Under: Ревија

Овој филм се вклопува во тематската определба на Фестивалот – женски поглед

ПРИКАЗНИ „Врба„ е приказна за копнежот на три жени по мајчинстворто

Филмот „Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски е номиниран за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон. Инаку, тој фестивал се смета за најголемиот на независниот филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во 8 категории, во секоја се номинирани по 3 филма, а „Врба“ доби номинации во 2 категории.

Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“ Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.

Поради пандемијата на ковид-19, 28-от Рејнденс годинава ќе се одржи во хибридна форма, и онлајн и на живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери, а на 28 октомври ќе има гала отвореање со „Стардаст“ на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви и периодот кога тој го создаде Зиги Стардаст, еден од највлијателните и најславните негови ликови. Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.

„Врба“, шестиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. По македонската премиера, филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност. „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија, Истанбул, Клуж-Напока, Сараево, Пекинг.

Минатиот месец, најпознатото филмско списание на светот „Варајати“ објави извонредна рецензија за „Врба“ насловена како „Врба: Суптилен, длабок портрет на мајчинството по кое се копнее, помножен со три“, во која меѓу другото се вели: „Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски“.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

СЦЕНА ОД КУЈНАТА „Архивско“ место за сите жени на планетава

Дали знаеш како вистински да сакаш? Приказна стара колку времето, е љубовта на мајката кон детето – пишува во една рецензија.. Наративната плетенка од една врба и три жени, Донка (Сара Климовска), Родна (Наталија Теодосиева) и Катерина (Камка Тоциновски) ја плете нивната тешко остварлива желба да имаат принова.

Филмот кај нас премиерно се прикажа во Македонската Филхармонија, Светската преиера ја имаше на 14 Филмски фестивал во Рим. Музиката за „Врба“ е на Кирил Џајковски, па може да се рече дека овој филм е симболичен камбек на групата „Бастион“, во чиј состав биле Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Љубомир Стојсављевиќ и Ана Костовска, која во филмот игра споредна улога.

Манчевски ја започнува својата приказна во средновековен период, кога Донка ќе биде приморана да замине. Таа пет години спасот за проколната утроба ја бара насекаде. Критиката посочува тука на користењето на дијалект, па така гледачите имаат можност подиректно да го доживеат македонскиот архаичен јазик полн со народни умотворби, баења, клетви  и магии. Делото било снимано низ пејсажите на мариовски села Штавица, Дуње и Зович,  Трескавец и Преспанскиот Регион.

КРУШЕВИЦА Прилепско село каде се снимаше првата сцена

Сара Климовска ја толкува улогата на Донка.

Следната приказна е сместена во Скопје, ја следи судбината на двете сестри, Родна и Катерина. Поминувајќи неколку години низ болничките ходници, Родна слуша среќна вест – бремена е со близнаци. Нејзиниот брак ќе биде ставен на тест кога парот ќе дознае дека едниот фетус покажува знаци на аномалија. Додека сопругот инсистира таа да ја продолжи својата бременост, Родна не сака да гледа како едното дете ужива во животот, додека другото страда.

Камка Тоциновски преку ликот на Катерина остава панк отпечаток врз поновиот македонски женски наратив. Со улога која ја поентира пораката на филмот, Тоциновски ни претставува карактерна цврстина, емотивна кршливост и мајчинска фигура која никого не остава рамнодушен, тврдат критичарите.

 

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet